Драга Кајгана,
Мајка ми отсекогаш имала желба да има маж на кој убаво ќе му стои одело, ама ништо од тоа. Утешна награда е тоа што на мене одело ептен добро ми стои. Мислев дека пред да наполнам 30 нема да облечам такво нешто, ама сплет на околности и стигнав јас до моето прво одело. Сега уште да си одберам некоја фина кравата и да научам како се врзува
Друго нешто што ми лежи на срце е гагаизмот во македончето. Правевме
пуштање на нов парк позади школото во Железара. Решивме да однесеме 100 балони полни со хелиум кои што ќе ги држат деца додека траат говорите на градоначалниците и потоа кога учителката ќе им каже, сите одеднаш да ги пуштат во воздух. И нормално доѓаа родители, баби и дедовци да бараат балони за нивните деца. Имаше неколку разумни на кои кога ќе им кажеш дека сите се броени се вртеа и ги носеа децата на лулашките, ама имаше некои кои сметаа дека ти мораш да им дадеш балон. Една ептен напорна бабичка ја отерав УПМ и после идеше и на сите им е жалеше како овие од општина се вакви-онакви.
Претходно видов и тепачка за маичка кога на еден партиски настан еден дечко почна да дели маички и двајца влечеа маичка едниот од една страна и другиот од друга страна и не попуштаат ни едниот ни другиот. А дечкото што ги делеше маичките изгледаше ко да го исфрлило некое невреме.
И за крај пак да напишам нешто убаво. Новиот број на Плејбој е ТоБ, додуша за бројот не знам, ама зајачицата... секоја чест. Асистент на фотографија беше Ивана, девојка со која разменувавме линкови од убави галерии пред скоро 10 години кога наоѓањето разголени фотографии од убави жени беше малку потешко. Нестрплив сум да го видам крајниот производ.