Велигденски викенд и празни улици на Скопје. Рај, цел град го шеташ со автобус за 15 минути. Сите доселеници кои говорат НЕскопски уште од средата си беа по своите градчиња, а моите сограѓани како и секогаш се решија парите (кои наводно ги немаат) да ги потрошат по околните земји

И во Скопје си останавме само ние, правите маалски фраери :icon_cool Но знаев дека таа тишина нема долго да трае... Дојде вторник, и донесе почеток на нова битка. Битката за Скопјето, битката меѓу Senior citizens squad VS Остала багра...:icon_mrgr Сабајле сум спиел како топ, и место да станам во 7 и 15 за да одам во лудница, решив да си поспијам докај 8 и 30 па да си стигнам во 10... И самиот не бев свесен каква грешкан направив... Одам накај местото на поажање, а веќе можев да приметам дека цел викенд некој кроел план за вторничка инвазија на градот

Беше страно, уште на почетокот бев принуден да седам со рацете на нос, пошто мирис на мрша за малку не ме натера да се фрлам под тркалата на автобусот... Како проаѓаа станиците, така се повеќе гледав членови на Senior Citizens Squad-от. Нема веќе што да се размислува, решиле посабајлечки да тргнат во голем поход, во освојување на нови територии... Некако го издржав овој сабајлечен напад, притоа кај Конитнентал оставајќи ги моите соборци, да ја водат битката до последниот метар... Издржав два саата во лудницата, а во целото тоа време собирав сила за можеби решавачката битка. Застанат на станицата го чекав подвижното бојно поле. Али место поле, дојде подвижна гробница, полна со опоненти. Уште од старт неможев да заземам позиција за борба, бидејќи сите позиции беа зафатени. Чекав да дојде станицата на која воглавно доаѓа до промена на пешадијата, и нова освежена тура членови на SCS ги напаѓа позициите кои претходно ги освоиле нивните соборци. По патот накај главниот главниот културен и економскии центар во делот од градот каде што мноинството од населението од категоријата SUBhumans можеа да се видат доста членови на коалицискиот Senior SUBcitizens squad, кои исполегнати на ливадата кај Пластичарската улица набљудуваа каква е состојбата на бојното поле. Тешка гужва имаше крај главниот културен и екномски центар БП, кој само ја влошуваше ситуацијата во новите Украински бојни полиња, која и онака не беше најсјајна. Наеднаш видов како се ослободува ена позиција, и рипнав пред сениорите, зафатувајќи го единственото место кое го посудуваше мојот тим. Застана кантата, и дојде до смена на пешадијата. Неколку мои соборци истотака се изборија за некоја позиција, но напразно бидејќи лесно и брзо беа совладани од свежиот магдонос на еден од најворасните членови на SCS. Си ветив дека нема да се предадам и добро се држев. Дојдовме и до ЗП, уште едно место кое е главна мета во вторниците и петоците. Се затворија вратите на бојното поле, и финалната борба конечно можеше да почне. Не губеа време сениорите и брзо се надвиснаа над единствената позиција која не беше во нивни раце. Почнаа напади со магдонос, со праз, саксии, гајби со патлиџани и што уште не. Но одлино се држев, гледајќи низ прозорецот како и низ улиците веќе одамна дошло до промена на генерациите и просечната вораст беше 60+... Го здогледав мојот комшија Љубе како ита накај мојата позиција и си помислив, зар и ти деда Љубе

Но не ме виде, и своите гајби полни со цвеќиња ги смести на нозете на моите веќе соборени соборци... Се приближувавме кон целта-последната станица... Се осеќав како да правам тач даун во финалето на рагби шампионатот на САД, се додека добив неочекуван удар на само станица пред целта. По ногата ме закачи тврд дрвен црн бастун... Морав да станам пошто не си го осеќав прстот на десното стапало... За само 500 метри ја загубив битката, последниот мохиканец попушти пред сениорите, симнувајќи им капа и признавајќи дека на нивната инвазија никој неможе да се спротистави...

Кајги сум ти кажал од кога не сум гледал kids next door???
