Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Цитро ми прати прекрасна порака,која морам да ја споделам:
За тебе сум Аристотел.., за тебе сум Сократ.. и Блаже Конески .. 3 во 1 сум за тебе бејби

:pos: :pos: :pos:

Го обожавам,само он може вака да ме насмее!
 
Го обожавам,само он може вака да ме насмее!

:wub: :wub: :wub: Цитро во Леандра :pipi:


Туку темава беше за лични работи, па да пишам дека се убив од лежење викендов, ако не ги броиме активностите во бавча на почеток на викендот. И се изнагледав NBA, да надоместам за тоа што одамна неам гледано баскет.

И мислам дека почнува да ме фаќа пролетна депресија. И мислам дека ќе ги мразам жените на некој подолг период. Едноставно нема леб од нив.
 
ме пресмеа и тоа премногу-денешната дружба на нас единаесторицата ,ако дојдеше уште едниот кој беше претходно договорен- ќе бевме 12-те апостоли, но.......:toe:
е сеа, ако ја знаете песната :Се собрале комитите, ќе ми одат в Суво поле. Напред оди војводата.... веќе се’ е јасно:kesa::pos2::pos2::cug:
уште и тоа што меѓу останатите беа Никола(као карев), Андреј(Рубљов-за вас помалку познат) Јани(као сандански,не макрадули) Петар(како Манџуков )Рики-Ристо(као
егејчето Јачев),Гоце(као делчев),Џоле(као Сугарев) ,Диме(као Чуповски, Јован(ама не ко Вранишковски, туку какоНаумов,Алабакот ) само јас и уште двајца бевме без комитски имиња- :nerv:- но до следна средба- ќе смислиме нешто:pos2:
:cug:
 
Драга, да ти се пофалам денес ме искичмија тенис.Братучед ми пред 2-3 години го учев рекетот како да го држи а сега детето ме искичми и тоа поштено.Свака му част, му признавам ама денес бев нерасположен и поради тоа изгубив ај викендов реванш му прааам и ке му покажам јас на него убаво.Иначе резултат 6-0 7-6 за него....бруки:kesa:
 
Ми се иде во кафана, многу, блиску до очајно. Со жива свирка, и да ми пеат на увце. Концепт кој модерниве англицистичко-речнички насвејамрчам квазиинтелигентни омладинци не може да го сватат.
 
Драгааа
Кај сииииииии?
Слушам некој од идол ми ја пее омилената песна, ваљда Мики е, ме мрзи ужасно да станувам да проверам. Е не е Мики, по Иван се дерат. Ваљда.
Ти шо праиш добра си?
Мене денов автобус ми е. Боље ќе беше слободна да си извадев. Врло поекономично. Таксито е луксуз 3 пати се иам возено откако поскапе. И тоа многу е :pos:
Јас си заклучив дека не е могуче да сум бич. Пробав, од шо ми прекурчи. И милион пати се покајав. Ама тоа е, се искомензира лошотијата со бедови и така. Не иде што не иде.
И веќе не се жалам дека празно ми било бла блаа патетики, сеа напротив, сакам луфта малце, луфта од што? Ни сама не знам да си објаснам. Факултетов... од денес требаше да почнам, ама ете не требало. Затоа од утре и вечер ако неам нешто многу желба за спиење. Ајде ќе си поминам, знам јас дека нема потреба од многу замарање, бар семестаров. И така. Јајцата ми ги одраа, не сочував ни едно здраво. Скршив нешто и јас, ама слабо годинава. Ајде биди ми поздравена, папас.
 
е ова ама во различен редослед =)
 
Шенка,
Во животот мора да се учат лекции. Старите да се повторуваат и да не се забораваат. И да се биде среќен со она што се поседува. Ако не си среќен, промени го. Нема друг избор. Олеснува кога ќе се потрудам да помогнам. Така се освежувам и себеси. Секој ден учам нови работи. Денес - да се контролирам во моментот. Така ја контролирам и иднината.

Овде и онде по некој не ме сака. Овде и онде, некој многу ме сака. Немам моќ тоа да го променам. Затоа и не сакам. Само да кажам, дека дел од омразата е поради погрешната проценка на намерите со кои ги правам нештата. Знаеме дека имам директен дискурс. Сменете перспектива, гледајте на фактот дека ви заштедувам време со кажување на нештата одма, тука и сега. На едноставен јазик.

Сцена 1: Центар на Њујорк. Сообраќаен метеж. Одеднаш човек застанува на сред фреквентна улица по што сите автомобили застануваат. Настанува хаос, метеж, сите пцујат, се нервираат, го навредуваат, му се издеруваат.
Што е видливо во оваа сцена? - Негативна енергија, нервоза, пукање филм, попречување на времето на луѓето.

Сцена 2. Качени сте на врвот на зграда во Њујорк: Што е видливо во оваа сцена? - Совршена хармонија, убав град, згради, мирност, смиреност, сталоженост, сонце. Не се гледа нервозата и негативната енергија што владее доле.

Наравоучение: Смени перспектива, начин на гледање на работите. Нова перцепција, нов фокус.
 
K.

Празнициве почнаа како и најголем дел од празниците што сум ги проживеал за време на мојот престој на Земјава, со куп срања. Ain't no fuckin' surprise, веќе навикнав и научив да бидам подготвен на се'. Сепак, од необјасниви за мене причини, веќе 3 дена сум фанки до максимум, што се нема случено од памтивек. Иако во моментов сум на дното и сум лузер од невидени размери, сепак се чувствувам горд на себе (не знам дали е оправдано) што се' уште сум во трката, мада понекогаш ова тврдење е дискутабилно. На последното место, но сепак, во трката. Знам дека кога-тогаш, ќе се разбудам и ќе ги земам работите во свои раце. Е тогаш, нема да ги трчам туѓите стази и да пробувам да го надополнам загубеното. Тогаш ќе трчам моја трка, само моја, а ако некој ми се приклучи, ќе мора тој да ме следи во чекорот. Fuck what they say! Вистината е, никогаш не е доцна.

Just to share my feelings:

Peace out.
 
Драга Кајгана,

Интелектуалецот е курва. Особено интелектуалецот кој не познава друг занает освен ум(увањето).

Книгите се полни со мудрост, особено оние кои се напишани од луѓе кои проживеале троа живот пред да го подложат своето искуство на алхемискиот процес наречен литературно творење. Многу од овие што денес пишуваат се шупливи и стерилни, токму поради тоа што ништо посебно не проживеале, освен што ситно-буржујски се забављале, читале дубоки книги, ишле на факултет и станале културно-високоразвиени творци, чисто благодарение на својата благоглаголивост. Често доаѓаат до фаза-ќорсокак, каде нивните мртвородени дела не наоѓаат на одушевување кај читателот, дури ни на гадење, туку најчесто на рамнодушен, незаинтересиран зев.

Од ова првично животно разочарување се раѓа Интелектуалецот со големо И, курва од висока класа. Тој нема што да му понуди на својот сограѓанин. Тој своите услуги ги шитка на високите ешалони, бидејќи само тие имаат корист од него и само тие можат да го платат неговото непродуктивно блебетање. Можеби, ако е добар во тоа што го прави, ќе ги оправда делата на најголемите олоши и тирании на своето време. Можеби црното ќе успее да го стори бело и обратно. Интелектуалецот не е потомок на философот, туку на софистот.

Интелектуалецот кој не се вклопува во ова горе не е интелектуалец, туку е многу посличен на нашиве рисјански великомаченици, бидејќи под а) е крајно ретка врста на будала, а под б) многу е поверојатно да умре од глад.

Јас пак, сум безбеден и од обете судби. Од првата ме чува хроничната нееластичност на 'рбетниот столб, а од втората позамашниот буржујски мев.

Лека ноќ
 
Драга К.
Викендов ми беше тапа..Велигденот го поминав дома од незнам која причина, можеби поради тоа што прекинав да верувам во христијанството а истовремено и несакав да испаднам лицемер со тоа што ќе се појавам во црква..Можеби згрешив зошто таа Велигденска вечер се почувствував многу осамено. Најгрозното чувство некогаш. Сите пријатели беа отидени во црква и незнам зашто водев инает, требаше да отидам со нив. Наредниот ден беше океј, си качив 5 килограми плус по гостувањето кај баба ми и дедо ми. Кај тие луѓе има нешто во воздухот што ме тера константно да јадам без прекин... И така..сега наместо да учам за тестот јас дремам и го пишувам ова. :pop::pop:
 
Passed down to you...

Data data data...

So says Saladin.

P.S. I despise hypocrisy from now on.
 
И јас, и јас. И ќе бидам блиску, ама сепак далеку. У ку*ац веќе нека одат. :D
 
Велигденски викенд и празни улици на Скопје. Рај, цел град го шеташ со автобус за 15 минути. Сите доселеници кои говорат НЕскопски уште од средата си беа по своите градчиња, а моите сограѓани како и секогаш се решија парите (кои наводно ги немаат) да ги потрошат по околните земји:tapp: И во Скопје си останавме само ние, правите маалски фраери :icon_cool Но знаев дека таа тишина нема долго да трае... Дојде вторник, и донесе почеток на нова битка. Битката за Скопјето, битката меѓу Senior citizens squad VS Остала багра...:icon_mrgr Сабајле сум спиел како топ, и место да станам во 7 и 15 за да одам во лудница, решив да си поспијам докај 8 и 30 па да си стигнам во 10... И самиот не бев свесен каква грешкан направив... Одам накај местото на поажање, а веќе можев да приметам дека цел викенд некој кроел план за вторничка инвазија на градот :pos: Беше страно, уште на почетокот бев принуден да седам со рацете на нос, пошто мирис на мрша за малку не ме натера да се фрлам под тркалата на автобусот... Како проаѓаа станиците, така се повеќе гледав членови на Senior Citizens Squad-от. Нема веќе што да се размислува, решиле посабајлечки да тргнат во голем поход, во освојување на нови територии... Некако го издржав овој сабајлечен напад, притоа кај Конитнентал оставајќи ги моите соборци, да ја водат битката до последниот метар... Издржав два саата во лудницата, а во целото тоа време собирав сила за можеби решавачката битка. Застанат на станицата го чекав подвижното бојно поле. Али место поле, дојде подвижна гробница, полна со опоненти. Уште од старт неможев да заземам позиција за борба, бидејќи сите позиции беа зафатени. Чекав да дојде станицата на која воглавно доаѓа до промена на пешадијата, и нова освежена тура членови на SCS ги напаѓа позициите кои претходно ги освоиле нивните соборци. По патот накај главниот главниот културен и економскии центар во делот од градот каде што мноинството од населението од категоријата SUBhumans можеа да се видат доста членови на коалицискиот Senior SUBcitizens squad, кои исполегнати на ливадата кај Пластичарската улица набљудуваа каква е состојбата на бојното поле. Тешка гужва имаше крај главниот културен и екномски центар БП, кој само ја влошуваше ситуацијата во новите Украински бојни полиња, која и онака не беше најсјајна. Наеднаш видов како се ослободува ена позиција, и рипнав пред сениорите, зафатувајќи го единственото место кое го посудуваше мојот тим. Застана кантата, и дојде до смена на пешадијата. Неколку мои соборци истотака се изборија за некоја позиција, но напразно бидејќи лесно и брзо беа совладани од свежиот магдонос на еден од најворасните членови на SCS. Си ветив дека нема да се предадам и добро се држев. Дојдовме и до ЗП, уште едно место кое е главна мета во вторниците и петоците. Се затворија вратите на бојното поле, и финалната борба конечно можеше да почне. Не губеа време сениорите и брзо се надвиснаа над единствената позиција која не беше во нивни раце. Почнаа напади со магдонос, со праз, саксии, гајби со патлиџани и што уште не. Но одлино се држев, гледајќи низ прозорецот како и низ улиците веќе одамна дошло до промена на генерациите и просечната вораст беше 60+... Го здогледав мојот комшија Љубе како ита накај мојата позиција и си помислив, зар и ти деда Љубе :pos: Но не ме виде, и своите гајби полни со цвеќиња ги смести на нозете на моите веќе соборени соборци... Се приближувавме кон целта-последната станица... Се осеќав како да правам тач даун во финалето на рагби шампионатот на САД, се додека добив неочекуван удар на само станица пред целта. По ногата ме закачи тврд дрвен црн бастун... Морав да станам пошто не си го осеќав прстот на десното стапало... За само 500 метри ја загубив битката, последниот мохиканец попушти пред сениорите, симнувајќи им капа и признавајќи дека на нивната инвазија никој неможе да се спротистави... :cuc: Кајги сум ти кажал од кога не сум гледал kids next door???:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom