Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
А секој празник годинава требаше да ми биде онака убаво чувство. Го сакам пранзиков и затоа и одбивам да си се помирам со некои факти денес. Which means, after all денес си е многу убав ден.
И да, неискреноста навистина е глупа. И глупо е она кревање до пиедестал и намерно треснување од земја после... Гледам деновиве на многу луѓе им се испослучи токму тоа, па не сакам да бидам и јас еден од нив. А како сум тргнал (три точки).
Туку изгледа периодов ми е од оние апла глупите шо се кога се ти е наопаку, кога и убавото ти е грдо и кога и најдоброто ти е лошо... И знам дека од утре пак се ќе си биде онака по старо, пошо мене доволно ми е малку за да се вратам на старите нешта. И пак ја за искреноста да си се навратам - ако веќе сте искрени, бар бидете до крај. Не за друго, некои ситници од страна откриваат детали кои вие не сакате да се видат јасно. А тоа е грдо.

Она што сакав дополнително да го кажам е дека ми е смачено од луѓево шо идат у црква колку да кажат дека биле и дека се испобутале во гужвата кај Соборна. И жал ми е за оние кои денес полсе 12 ќе се буткаат у 7ца за да се омрсат - иако нели 90% од тие не ни постеле. Сочувство до ЈКП за работата која ќе ја имаат откако целото стампедо од луѓе ќе си замине дома, ама едноставно тешко е да се разбере дека на ѓубрето (па макар и на лушпа од јајце) местото му е во кесичка --> канта --> контењер и било која друга форма на отпадни материјали.

Се чувствувам различно од она каков бев пред некое време - тука ми се основите ама површината ми е далеку од слична на претходната. Можеби е и поубаво вака... Ќе видиме.
 
Фармвил у живо владее!!! Фрезав со мотокултиваторче, и копав дупки за садење пипер и патлиџан. :)

Но со ред.

Во четвртокот требаше да идам со Марко и новата група негови ученици да фотографирам низ чаршија. И од сите зборни места што ги има таму тој ја имаш одбрано пивница, место кај што имам влезено само еднаш и тоа со политичари, што значи пак таму, јок :) И додека кружев низ чаршија обидувајќи се да направам фотографија за конкурс се изморив пешачејќи, рамо ми отпадна од торбата со опрема и со мисла „зошто не отидов на фудбал кога веќе ме викаа“ тргнав да си одам кон дома. И одеднаш сонце, овај наочари, овај девојчица, фотографка, можеби најдобрата арт фотографка од новата генерација фотографи во земјава, Ирена Мила, заедно со Елена Фиданска на плоштад. И ме прашаа за пивопиење, а јас таков еден цврст карактер кога ќе се спомне пиво, веднаш се вратив назад у чаршија. И си поминавме ТоБ у Дамар, па после на кркање у Ајриш Паб, плус другарка ми АлекСС, Топови :)
Песна за тој ден Laurin Hill - Everything is everything (what is meant to be be will be)

Вчера го имав најмрзливиот ден во мојот живот. Се двоумев меѓу делкање фотошоп и играње Џенералс. Од реченицата поназад можете да погодите што одбрав :) Па од играње Џенералс на гледање НБА. Лејкерс Уининг! :je:

И денес спиење до 3 сабајле, овај попладне, овај.... и ме разбуди учителката најсакана. Не ме разбуди, бев буден. А богами и свесен да ми текне дека во новиот телефон не сум подесил да ми ѕвони Negativ - Bajka кога таа ме бара на телефон. И како што сабота е чист ден, си се облеков во нови тренерки, со нови чорапи, и таман да обујам нови патики, ме викна мајка ми да работам во нива :( Ми вика синко облекувај стари патики и на работа. И ми се деси оној awkward moment кога имаш 7 пара патики ама ниту еден не ти е стар, затоа што сите стари патики ги дадов на татко ми. Енивејз, фрезање со мотокултиватор е интересно, само се препорачува носење капа, за да не ти се наполни косата со земја која лета наоколу. И почнаа да ми пулсираат некои мускули на телото кои кога седам пред компјутер воопшто не ги користам :)

А за утре Христо Стоичков, Вистина Стоичков :pos: Ќе идам кај сестра ми, да части едно кафе кај нејзе во двор по повод стекнувањето титула дипл. инг. за преработка на дрво.
 
Кајгано,
ова е тоа, да!
Спиен сум само никакви 2 саата, ама нема веза, нема потреба од спиење!
Друго, не знам ништо, ама знам дека денес нема да знам за себе!
И да, среќни велигденски празници!
 
Епа Христос Воскресе,Навистина Воскресе.
Ама арно знаат да се случуваат и несреки на ваков празник.
Животот е кучка.Знае да те разочара.
Зависи од тебе како ке го прифатиш тоа.
Се разбудив инстиктивно и весело.
Ми ветија патување во Англија,неможам да дочекам.
Сонот ке ми се исполни.
Ако се биде во ред,да дадат сите светци кои постојат да му биде мед и млеко животот на личноста која ке ми го исполни тоа...

Happy Easter my diar.
 
Драга Кајгана,
јас сум една од оние личности што кога животот им оди совршено и им се исполнуваат сите соништа, упорно се жалам и кенкам дека нешто не е во ред.Мразам клише ситуации во кои луѓето на големи денови ветуваат и гледаат кон небото, но, веројатно и тоа не е баш вистина, зошто кога нешто е клише значи нешто вреди ... затоа еве јас ќе ветам.
Што и како, навистина не е битно, знаеме и јас и он и сите мои други пријатели.
Дури и ангелите веќе знаат.
Нека биде убав денов, нека биде убав, не е дека сум религиозна, ама во нешто верувам. :)
 
Драга,
Со екипата сменивме нов начин на прослава на Велигден. Додека сите останати се трудат да се искачат до црква,ние седиме во кафана. И наместо црковно ѕвоно кое го означува Христовото воскреснување,келнерот пали свеќи на шанк и со шише во рака го дојавува Воскресението.А ние сите воскреснати од ракија се кршиме со јајца.
Убаво е да се изменат некои адети,да не биде монотоно.
 
Dear Kajgana,

Уморна сум ептен. Ама остај се друго, него вернициве ме вознемируваат.
Прв пат дознав дека се слави со начукување до тој степен, токсикологија место да нема.
И со пукање петарди, и со пукање на било какво огнено оружје (?????)
А и дознав денес, дека празников бил ,,патриотски,, (???????).
А ,,патриотските,, празници се славеле со Цеца и Аца Лукас и кој и да е ,,ја те пјесмом зовем,, и ,,нисам те се нагледао,,... (?????????????)

Кајгано помогни ми. Дали народов навистина е глуп, или само јас сум луда тука???
 
Драга,

Христос воскресе! Навистина го сакам празников...Убаво си поминав вчера јадење,пиење смеење од се по нешто ахх....Мора да го има ова ахх зошто имаше момент кога се чуствував прекрасно,тажно среќно,луто се во едно :) Вчера толку луѓе на едно место не памтам од кога немам видено.
И да сакам да гушнам некого силнооо силнооо најсилноо :pipi: А кого како зошто не ти кажувам ма :P
Ајде бај бај:back:
 
Христос Воскресе!
Вистина Воскресе!

Го обожавам празников, најубав е! Ми носи толку спокој, мир... Само уште да не разочарува човечкиот род, уште поубаво ќе беше. Ама you can't have it all...
 
Шенка,
Стадион Атлетико Мадрид - 1966.
Ноу Камп - 1957.
Олимпико - 1976.
Алианц арена - 1972.
Сантиаго Бернабеу - 1947.
Арена Филип II - 2011.
 
^ Си утнала едно 30 години за Алианц Арената :)

Него пер, какви само куроладајучи 2 дена на Матка еј.
Баш убао место да си отргнеш мисли од сите срања што следуваат у наредниве месеци.
Мислам одма си ја шиткам куќава овде, и си праам некоја викендица тамо,покрај река.
Не е нормално колку смирува, онака седиш, гледаш реката како тече, и локаш бунар.
Најбоље !
 
ВВ кодот е вклучен..
Ненормална работа еј..
‘‘Многу го сакам празников‘‘ хаха морав..
Можам Мака ми е да ја посетам ама мака ми е. Ете така =)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom