Хах
Што се случи со тебе, темо моја глува? Каде отидоа постовите со повеќе карактери од SMS порака?
Здраво, рандом реченица, чао. П.С. линк од Јутуб. Во право беа научниците дека Фејсбук ни еба мамата. Микроблогинг на форум. Преценети се постовите од повеќе од 3 реда. Фатив читам по темиве и гледам дека и Литература почнале се пократки текстови да пишуваат. Па и sms поракиве станаа пократки. Последна порака, воедно од една твоја форумџика, гласи - Super. Aj. Извонредно стана нашево општество. Светсково општество мислев. Нашево е извонредно одамна. После емовците, ништо не е исто. Хипстерите не се доволно никакви за критика. А и не се паметни до толку. Ти текнува муабетите дека се замарам многу? Епа уште трае тоа. Дај некој лек, дур не земам све тука на лице место, како во некој рандом тинејџерски филм, да заебам и да станам главен фраер. Завршија колоквиуми у меѓу време. 3/3, фала не мора да станете од столињата. Еве, дури и мене ме фати оваа акутна болест. Ни јас неможам да пишам некој долг пост, макар и без везе, како што почнав па дури и завршив. Се надевам дека и оваа реченица што моментално ја читаш направи илузија дека постов е подолг одколку што темата во него се обработува. Фала.
Чачача.