Драга Кајгана,
Чувствувам потреба да ги поздравам читателите на овој форум со две мелодии кои кога ќе остарам децата во школо ќе ги учат на часот по музичко.
DJ Rolando - Jaguar
Astral Projection - Mahadeva
На муабетов ме поттикна еден баниран член од форумов постирајќи весели хаус нумери со коментар дека на времето се правеле фини хаус траки, на што мене ми текна да ги ставам овие две, уствари имам и трета Underworld - Born Slippy
Ете три музички правци од електронската музика претставени во еден пост. Четвртата иде коа ќе ми заврши третава трака.
Значи едно време кога журките беа навистина журки, и завршуваа кога и последните натаблани ќе паднеа на земја. Време кога пола од луѓето што беа на интернет ги знаев приватно или виртуелно. Што е променето денес? Тоа што првото со неколку закони беше ограничено, а ограничувањата значат и убивање на убавото. Второто пак беше толку моќно што немаше сила која може да го сопре и константно се развива и напреднува. Па само на форумов се случува да има по 2000 луѓе одеднаш онлајн, а пред 5 години имаше тема Кајгана е моја, со скриншот како доказ дека си единствениот член онлајн
Goldie - Innercity Life
Четвртата нумера е од 1995та. Да бидам искрен тоа беше време кога киснев на кошот у маало, ама да не идам офтопик, долго време требаше да помине за мојот музички вкус да созрее и да ја препознае тракава. Сакав да раскажам за 2006та кога драм ен бејсот стануваше се попопуларен во Скопје. Кога ги носев другарчињата во МКЦ Лоби и во Клуб (оној под земја во подрумот на ТЦ Буњаковец) за да им покажам нова фина музика.
Да напишам нешто за денес/утре... заеби, нека остане носталгијата во постов
Edit: Ваков ретро пост, без ретро македонска нумера.. не иде Risto Bombata i Kuceska tenija - Ej mnogu se dujas - TV nastapn na pulsiranja HQ
Пулсирање бе, фак јееее ептен олд скул бидна постов. Уште да најдам снимка на која Живкица Ѓурчиновска води емисија на К3 (МТВ трет канал, на времето задолжен за забавни содржини)