Драга Кајги,
Како ми тргна годинава изгледа ќе снемам желби!!!
Уште една многу важна, можеби и најважната, ми се исполни... Денес кога ми се јавија да ми кажат не знаев што да кажам. МИ СЕ ЈАВИЈА! Не кажав ниишто, не побарав ништо! Нив им текнало на мене! Многу ми е убаво на душичкава дека ми се јавија сами, за да ми кажат прекрасна вест и делот кога ми нагласија дека сето ова е затоа што сум им помогнала кога им требало, а не сум прозборела ни збор. Замисли неа и требало прст, памтела дека јас сум и подала рака, памтела... Колку е убаво да си добар со сите! Сеуште сум збунета, си седам пред мониторов, зјапам во телефонов и не ми се верува колку убав период.
Знаев дека после лошиот период ќе биде добро, ама не знаев дека позитивот ќе стане суперлатив! Сега, додека си дремуцкам вака, се подзамислив ептен... кои желби ли ги замислив за оваа година?!
Минатата година беше многу тешка, како за мене така и за мојата фамилија, многу погреби, влечење по болници, неостварени планови, желби и најлошо нереализирани работи, со еден збор годината беше ужас. Да, оваа година е пресвртница! Секој во животот мора да помине низ еден тежок период, за да стигне до одредено ниво. Лани, емотивно го допрев моето дно, годинава, барем засега, го постигнувам мојот врв! Се` е супер! Кој би рекол дека работите ќе се одвиваат вака?!
Да, јас сум сеуште насмеаната мала палавка која се грижи за другите!!! Да ти кажам Драга, прекрасно ми е!
Туку, Драга, ајт гит засега, да си поуживам уште малку!
П.С. Никогаш нема да можам доволно да им се заблагодарам и да им се оддолжам на луѓето кои се грижеа за мене. Имав среќа во животот да имам прекрасни родители, прекрасна фамилија и најважно од се` дада која ќе ме сака и ќе ме чува толку многу!!! :back: