Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Од коа ми се падна 1 денар во лебот (Жито Лукс рулз) абе се на лошо ми тргна, денес барем.

Сабајле ме разбудија со гласно пуштено Иза, серијана на А1 демек тинејџерска, станав и чекав колега 1 саат за да не дојде.
Одам у подрум и ме заклучија внатре. Заедничката врата не ми беше лесен checkpoint на патот А-подрум и В-дома. Врв на се, мојот ослободител, сестра ми, ме сликаше како да сум мајмун во зоолошка.
Доаѓам дома и нема ручек за мене па сам си праев.
Таман си заседнав - ајде комшијата да му снимам тоа Скапо, за да си праи маабет со фнуките у ЕСАДЕ. Но, не е само тоа! И интернет снимав дури!!!

И еве дојде и 9 саат, сеа за сеа е тоа. Со повеќе информации од Дома - Јас.


Грешка. Одличен ден сепак.


images
 
Си се смешкам од немајкаде...
Изглеа, неам слободен ден, а?
Ми се јаде ужасно, ме мрзи да работам, ми се лежи на тазе испрана постелнина.
Нека ме касне крокодил, ама оваа година морам да сум олабавена ем спокојна. Драма, ноу мор.
Се возбудувам непотребно ем крајно безобразно е тоа за моите образи.
Ништо не ме интересира.
Ни ти, впрочем, али ете ради компаратистичка љубов да си кажам... Редам, редам соништа, по долапи, ко тегли со слатко.
Секоја тегла - еден ден.
Можда треба да ги кршам :Р
Ете, непоправливост.
Ѓубре!

М.
 
Драга Кајгано вчера си поминав супер,без многу пиење алкохол можиш да си поминиш многу поубаво,тоа го заклучив вчера :)
Денес за да не ја загубам формата ќе коцнам 2-3 партии фудбал ,после ќе гледам филмови со друштво,се си имам испланирано за денес :D
:back:
 
Неколкучасовно мешање на безброј мисли. Тотална неповрзаност, или можеби секогаш постои некаква поврзаност, па колку и да е далечна.

Но денес, просветлување. Бесцелна прошетка, ладниот воздух ме исполнува, ме прочистува, гледам .
Сите сте родени невини, но самото постоење корумпира. Гледаш тоа што сакаш да го видиш, веруваш во тоа, се држиш до тоа, во спротивно ќе се изгубиш.
Но денес, погледнав низ тоа. Станав дел од се, бев набљудувач, момент на трансценденција.
Одеднаш ништо не беше важно, а истовремено и се имаше еднаква важност, како некое повисоко ниво на постоење.

Кој сум јас да ја истражува најдлабоката темнина на еден човечки ум, кога јас сум само еден обичен посетител, како и секој друг.
Кога погледнував во хоризонтот, гледав црнина, а денес гледав бесконечност.

Наоѓам инспирација во предавство, во болка и горчина, но не сум јас тој што треба да живее со тоа. Ти си.

Само еден момент на тотална јасност, кој повторно ќе биде нарушен.
 
Заеби се’...
Стварно сакам да имам снимки од некои изјави за моралност од одредени луѓе и да им ги пуштам кога самите ќе го направат сосема спротивното...
Жално е како може да се смени мислење за човек што секогаш си го мислел за еден од најцврстите и најприземните.
This changes a lot...
 
Драга Кајгано (со целосно име и презиме).

Неминовно е се па и ова што ќе го кажам.. Викаат со почетокот на новата година, треба да ги поправиме сите пропусти што сме ги имале и да се подобриме во секој можен план од нашите животи. Како и обично никогаш не сум се надевал и не сум размислувал на таков начин, единствено оставам работите да си течат по свој поредок, без да им попречам. И одеднаш започна се да се менува, секоја моја желба да се исполнува, секој план и замисла да се реализира. За прв пат по повеќе годишна слободно наречена пауза, грутката ја немаше на повидок и почнав пак да живеам без ниту една грижа. Не рекле за џабе старите, многу арно не е на арно, па и јас почнав да се сомневам во таа констатација и во секој момент очекував мој кикс, грешка која ќе ме врати во сивата реалност. Се осеќав многу чудно, како да имав склопено пакт со ѓаволот кој би ми исполнил се, во замена не за мојата душа, туку за нешто што ми значи повеќе од мене, што го ценам повеќе од себеси..
Секоја затворена личност, која тешко искажува емоции, при средба со алкохол се менува за 360 степени. Ги осетив новогодишните празници како нешто горко на плуќа, но сепак се одеше кон позитива, а сомнежот не исчезнуваше. За момент возбудата беше поголема од мене, па се препуштив да ме вози. Ништо не беше реално, па не беше и таа. Ретко се приврзувам кон некоја личност, па и овој пат ми беше малце потешко. Имам(в) чувството како да имам помала сестра, тука за се, па и повеќе од тоа.
Беше добра вечер, кога стварите почнаа да одат во погрешен правец, започнувајќи со моето однесување, финансиската бламажа... При крајот беше некако подобро, се вратив на она чувство што го имав од почетокот на 2011... Немав за што да се противам или да барам повеќе, па ноќта доаѓаше кон својот крај. Направив еден круг со моменталното друштво и потоа се разминавме накај дома. Влегоа во такси, а јас продолжив накај дома пешки пат, а грутката се надѕираше длабоко во мене. Магловита беше ноќта, на моменти лизгав асфалт, запалив цигара, капуљачата на глава и тргнав без никакви тегоби накај дома.
Сигурно пристигнав и пуштив музика да ме расположи. Неколку минути подоцна како да ме удри гром, добивајќи порака која бараше разговор. После не толку долг и разговор за памтење, сфатив која била жртвата која се бараше од мене и не, негирав во текот на целата ноќ, не склопив око, негација до овој момент кога се свестив дека се е вистина и дека со негирање нема ништо да променам. Денес се извинив, зошто предизвикав уште повеќе болка. Но, верувај ми дека никогаш нема да ја напуштам, каков и да биде епилогот..
Братчето никогаш не остава никој на цедило. И во вакви тешки моменти, не за мене туку за нив, ќе бидам тука... А сега, сега навистина ми треба една средба и убаво да се исплачам, да му кажам се што ми мислам, на сите да ни е помирно.. Овие солзи што печат неможат да доловат ништо, колку боли, ми треба време да се помирам. Неможи толкава смиреност, храброст, инспиративност, добрина да исчезне да ја снема. Ми треба да ме чува на површина, мојата десна страна, не смеам да ја изгубам, да изгубам рамнотежа значи дека губам.
И плукам на овој живот, кој не е фер, не ми е потребно ништо освен се да и се среди, друго не ми треба ништо. А до тогаш ќе пробам да разбијам монотоност, да исцртам насмевка на тоа лице и да имаме одлична забава...А кога ќе дојде тој решавачки момент, ќе бидам во близина, да ме почуствува, да добие енергија и да издржи.
Фала ти Кајги..
 
ДК
Ретко тука пишувам ама еве денес ке пишам зашто глеам ке закачам бан ме изнервираа ''браќата'' па им пишав и што треба и што не треба така да се читаме за месец , пола година , година или никад ај поздрав:) Се најубаво
 
Драга и од мене поздрав, ќе се видеме за некое време, зависи колку долго ќе трае банот.
 
Кајгииии...
Па зашто пак ја? Што згрешив сеа? Убоо убоо и на крај тап пак ја крива ама тоа е од денеска 09.01.2011 година си терам по мое па крива некрива гајле ми е...Гасим компијутер гасим мобилни па да видим тогаш за што ќе ме накрива и нема да зборим со никого (освен ако некој ме праша нешо па да му одговорим од чиста култура) инаку ја да почнуем муабет да ги расположуем људиве ахаааа утре сабајле порано :P идиоти ама ако памтим ја све како рекле памти па врати само што ја не враќам само памтим сами они ќе и врата кад тад...
Толку од мене ај позз па ако некоаш ме удра ненормалните може пак ќе влезем....
 
Имав убав ден, се надевам дека утрешниот ке биде уште поубав.
 
Колку сум само разочаран кога мислат луѓето дека имаат одреден статус и преку тој начин можат и имаат храброст да ги омаловажуваат другите.

Секако на крајот ја губат битката.
 
Драга ...

ако пред нова година имав спавача болест и си легнував во 10, сега имам неспавача болест. Легнувам околу 3 станувам пред 10 и цел ден не ми се спие! Чудна работа. Возбудена сум. Во понеделник полагам! ај доста е со неповрзаниве реченици. папа
 
I menw ne mi se spie, ali kje spijam so sila -.-
Te sakam <3
(God dammit zaboraam deka ne postoish)
Aj...<3 (:
 
Sup bro
Утре ќе учам...:зема претерано многу воздух: малку појќе...
Леле колку ќе паднам на испитиве не сум свесен...
Леле ќе квадрирам година.
А не е да речеш не учам фор факс сејк.
Као полагаат овие роботиве на факс бе,мора да имаат некоја тајна.
Сигурно ко копиљаци паднале у казан со мозоци...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom