H
HITCH
Гостин
Драга Кајги,
Денес е многу чуден ден, многу... 3 пати бев до град и назад, а 5 пати го треснав ретровизорот. Не го мисли... падна, ете го у багаж. На среде возење ми се отвори багажникот, татко ми заборавил убаво да го затвори. Закочив на семафори и штрак рипна нешто одзади. Јас не се исплашив, мене и врата ми се има отворено, ама оваа... `ко на колење да ја носам. Боже мој, се отвори - се отвори, нема да кубиме коси... Излегов го затворив, па госпоѓата била потресена, она сакала возењет да биде уживање, бла, бла, бла...
Овие имаат повеќе поени од мене, а се трупови. Едната не знае што се придавки, другата не знае да каже каде живее, ама важно им залепила големи петки, колку нив, смрдла. Чудно и било што имам најслаб тест, ама кај мене немало тоа врска и онака сум знаела многу. Се зачудив колку ми останало во главава од оној мизерниот предмет. Тие оцени сеуште ме вознемируваат, ама јас навистина сум го научила, чудно... Денес растурив! Се надминав себе. Утре треба да ми дојде подновувањето, конечно. Се убивме од чекање, а Бога ми и пари давање.Сега кога ќе размислам можеби дадовме многу пари за двата, не знам зш не размислив на време, ама рачна изработка, ваква, онаква, со ова, со она... Се` кошта!
Ја удрив повредената рака, стоеше во облога (ја бутнав одма у фрижидер, се до замрзнав, на цела мака ми текна епа си ја посветувам на себе, насловот тамам ми стои). Денес се однесувам цел ден `ко поулавена животно или што би рекла Јана, Доде многу си убава, ито како јаето (е, Јано, Јано, убава Јано, мори јарето кога ќе порасне коза станува, ама и ти врска немаш, едвај 2 наполни). Комшиката позади им шиткала ореви на другите комшии, ама не чинеле, па цел ден и доаѓаат да и се жалат, се убиваат од дерење (значи и за нив насловот од песната). Си купив 2 огромни тетратки за граматика и за зборови. Планирав и мало тефтерче за зборови да си купам како на времето кога учевме англиски, ептен комунистички да биде.
Денес под прозор ми штракаа со клик клак им ги зедов и одма у контењер. Татко ми рече дека сеуште никој не дошол да се пожали, ама децата му рекле дека денес не ми бил денот па не се лутеле. Утре пак нека купат и нека ми дојдат. Значи Драга, денес палам и жарам... Што допрев стопив!
Драга, денес ме смее, ајт чао!