Го слушам Киро Урдин како завлекува чудесии од разговор на Телма, а водителкава ко да не знае што да го праша.
На Таксират бев супер заникаде топ! Онака, како и секоја година - размачкана јакна на под, соблекување и пиење ефтино ем грдо пиво без усул и средношколски муванки. Срамота. А демек имав принципи ем памет. Епа, Ано, немаш. Некад, немаш. И си дел од толпата. Признај си, нема да боли толку.
Признато. И цицнато, онака, со фаќеж на лева града, небаре ме спопаднал грев.
Глупа сум, со самар и уши на себе.
Епа ај, ќе видиме што ќе биде.
Толку од мене, идам да си ја јадам веќе оладената пица!