Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кгб, темно е... истура, уморен сум и желен за сон, сон во кој ќе бидам комплетен, одамна не сум ти пишал, одамна не сум ти кажал ништо. Редно е.

Game over... i quit
 
Утре, вечно ќе те имам, а никогаш нема да те видам.

2010, носи се во бестрага, уште сега.
Да живее новата ера, и уште поживите мудрости што допрва ќе ги осознавам.

Интуицијата ми вели дека ќе биде огномет, мојов пат. Мириса на војна, внатрешна али имам сабји, пиштоли, све што ми треба. И љубов, замисли. Којзнае во кој концепт ќе се преродам.
Си купив црвени чизми, и го обоив сивиот тротоар на Ск денес.
Ќе ескалирам фино.
Само не знам во кој облик.
Осмица веројатно.
8... 8...
Добро изгледа, ајде да речеме...
Медеа, си го убива своето старо Јас.
 
Драга Кајги,

Толку многу работи треба да средиме до 19ти, а некако немам желба. Се` се промени. Ништо не е исто. Не ми се веруваше дека таа сабота толку многу ќе влијае. Бидна, а денес треба уште и да си се смешкаме `ко ништо да не било. Имат чаре, ќе ја затворам вратата, па нека се смешка на студот. Синоќа си поминав супер на собиранката. Само се смеев не знам што ми стана :)


 
Драга мојаа

Епа ај добро утро :)) И додека сите уживаат на убавото време надвор,јас морам дома да седам и да пијам чаеви! Но има и добра страна ова што сум настината,по цел ден се излежавам, никој ништо не бара од мене да направам, се изнaгледав филмови и така :) Ама од наредна недела ќе морам доброо да ја згреам столицата и да се фатам за учење.Ова луѓево понекогаш знааеле ептен да претераат знаеш? Чудно е како умеам да плчам и да се смеам поради иста причина,а многу често тоа да го правам истовремено...А да и за крај имам една желба, и ако ми се исполнии кајгии ќе ти кажам за што станува збор. Ајт сегаа:back:
 
Драга,
пројде и ова! 2/4 или ако скратиш добиваш 1/2, а ако сакаш да не е у дропки ке пишеш едноставно 0,5. Место , можеш и . да ставиш. Мора да пазиш да нема нула после 5ката. Али ако ептен ти се свиѓа можеш да си додаваш бескрајно нулички.................................
Иначе појма неам у кој филм сум денес, цел ден ми е ко некоја заебанција. Сега седам и читам глупости кои што у друга ситуација не би ми биле смешни. А се смеам ко луда на глас и чекам да дојде некој да ме провери.
Да бе, и ја те сакам:back: мњааа, мњааа, мњааа и baцki4 за крај.
 
Не испивме многу јас и тој пол кило ракија пред јадење и три кила вино за време и после јадење. Татко ми па вика дали сум видел сега виното што направило, а јас викам не е тој крив и одма добив одговор цајканите биле криви дома што му дошле :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. А ми рече ќе си легнам, тој не да си легни тревога имало кај него дома развикување растрчување...... Тоа не чини се во ред ама тоа не.

Па и онај вчера леле реков Дорчо ќе ми го потплаши не ќе можа да о надрва :icon_lol:, ако го забркам се ќе заборави ама остај...
Пријателот што ги гасеше на времето цигарите од рака ме гледа денеска се шетам со рацете на газ како бег и почна да ги превртува очите :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, си мисли овај :icon_lol:.....

Ајде една песма со поздрави честитки:

 
Јас уште се немам вратено во нормала... уште... И уште долго нема... Сакам назад... Магични 4 дена, со прекрасни познанства и прекрасни луѓе. Опуштање до максимум, позитивна енергија... Зашто... Зашто толку кратко се трае?

Иначе, пошто гледам дека подфорумот Хуманитарни акции е мање-више забатален, а темава актуелна, кој ќе прочита нека ѕирне... ипак за живот и здравје се работи.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?54272-Апел-за-помош-на-Александар-Милошески

Не мижете пред туѓата несреќа. 100 денари вам не ви менуваат нешто значајно во животот, некому може да спасат живот.
 
Диар...колоквиумска ми почиња за 4 дена...
Оу мај...
И да...у4ам...пи4ка шоља куRatz...полудев...
:pos:
Зрнг...дрнг...не стварно
Im the one whos fuckd'...
:(
Why won't anyone
 
Драга....
Ти пишуем пошто само овде можем да кажем све што ми се дешава без некој после тоа да ми кажуе ова она... Се осекам ко дебил ко да ми све вродоој потонале а не би требало ваке да се осекам ама...глуп осеќај тоа е нема што да се напрае нели? Ама тоа е многу често присутно кј мене па се навикнуем како само ја си знам...ама ипак не чини ова...нејќем многу, не сум толку амбициозна...само сакам некој минимални работе што на некого претставуаа голем проблем...според мене тоа не би требало да се дешава ама не е до мене да беше до мене друго ќе беше...Мило ми е што можем да се испразним овде и да кажем све што ме мучи пошто у ова време ретко кого можем да најдем од људиве што можем да им кажем све и да ме разбера пошто свите спија у школо смо од сабајле....:toe::icon_conf
 
Никој не ме прашува кој сум и како сум. Сите знаат се за мене. Тешко е да си суперѕвезда.

 
Драга Кајги,

Кога не треба, јас заглавувам со куп испитувања на се` и сешто. Ништо посјајно не е психички, дури е и ептен бетер. Не жалам за работите кои ми се случија во минатото, туку жалам што можев да направам да биде се` поинаку. Сега изгледа тешко дека нешто можам да променам. Уште да се среди ова, уште да се среди она и на крај испаѓа дека само мене ме „средуваат“ и тоа го прават со лезет. Толку пати си реков дека е време да се променам, ама никако да почнам да ги спроведувам работите.
Да, конечно е! Нема да одам никаде, оти сфатија дека бегам, а со бегање не се решавало ништо. Криво ми е што секогаш знам како ќе завршат некои рабити, а јас не преземам ништо за мене да ми биде не подобро, туку колку толку добро, не да биде нешто сјајно. Последниов период живуркав. Тоа беше измачување за сите, не само за мене. Некои работи кои не зависеа од мене си ги сфатив како личен неуспех. Изгубив желба за толку мнооу работи, а тоа е лошо, премногу лошо. Тоа е најлошата варијанта која можеше да ме стрефи, ама ете ме стрефи.
Јас не верував во некои работи или поточно кажано, јас не ги поддржував некои работи, ама ете, во животот мора да поминеме низ се`. Ја изгубив и прецизноста за една работа, ја изгубив и бистрината. Не барав многу, па затоа и не добив ништо. Се задоволував со остатоци, ама ако и ова мораше да ме стрефи. Мораше и ова да ме доспушти на колена. Уште вакво нешто не ми се имаше случено во овој период, а навистина беше лошо. Тамам си помислив дека нешто ќе тргне, дека конечно и јас си ја пронајдов среќата, АМА... Кај мене во животот нема нешто со лесно.
Вчера во ниедно време собрав заспани пријатели кои мораа да ми помогнат, а тие наместо тоа ми одржаа лекција за животот. Па како малку да ми беше лошо уште на крај и ме пратија од понеделник се` што ми рекле да си проверам, а тие имале и нешто плус, ама за тоа потоа. Ооооооооф мори мајко, ООООООФ! До кога ќе се замарам со вакви срања?!
Има денови кога ми е смачено од се`! Овој ден не е од тие, овој ден е бетер од тие, ама што е тука е. Треба да си најдам начин како да се извлечам, како да ги средам фолдерите, премногу се расфрлани. Треба да најдам начин како да ги средам мислите за да не лутаат повеќе. Доволно беше, доволно сум повредена!
Поздрав Драга!

 
Кајка џа... иам колоквиумска недела книга немам фатено незнам дали ке успеам да учам ден за ден... не барам 10ки.. барем 50 60 посто од колок да ми се успешни зашо ако ги заебам овие после ке треба гзот да го прегорам за да добиам мочана шеска.. башка треба да праам и проекти.. од 5 души у група уше сеа знам дека ке ми падне цел терет на мене и цело кодирање ја ке треба да го рпаам доколку другите ке ми даваат некои си совети идеи дизајни курови врагови и така натака.. Кајкаџа... тешко ми е ептен се ми е собрано на кум и домашни проблеми и пари и другари и факултет.. незнам кој крај попрво да го фатам.. иам изгубено воља за се верувај ништо не ми се праи.. прва и втора се замарав со факултет барем праев домашни проекти ебавав сојки.. сеа не ми се ни помислува на тоа камо лид а фатам нешо да напраам.. Офффф ме чека тешка недела :S

ај да се надеваме дека ке поминам добро а?
 
Не знаев каде да ја вметнам темава,а наменета е за некој од Крушево да ми направи една услуга???Јас сум од Скопје и слушнав за некое дрво кое го имало само во Крушево и неговите гранчиња се користеле за лек против камен во бубрези или жолчка. Затоа што тука во Скопје не ми кажуваат ниту кој вид на дрво е, ниту кој ги продава ,еве јас да прашам некој од Крушево да се распраша да не ги фрлам парите во ветер, зашто прилично се скапи,и дали има некоја вистина во ова или се надевам залудно.Ќе ве молам било кој ако има некоја информација пишете ,ќе ви бидам благодарна.
 
Не знаев каде да ја вметнам темава,а наменета е за некој од Крушево да ми направи една услуга???Јас сум од Скопје и слушнав за некое дрво кое го имало само во Крушево и неговите гранчиња се користеле за лек против камен во бубрези или жолчка. Затоа што тука во Скопје не ми кажуваат ниту кој вид на дрво е, ниту кој ги продава ,еве јас да прашам некој од Крушево да се распраша да не ги фрлам парите во ветер, зашто прилично се скапи,и дали има некоја вистина во ова или се надевам залудно.Ќе ве молам било кој ако има некоја информација пишете ,ќе ви бидам благодарна.

Темата ти е утната. Барај овде
 
Кара миа...
Ајде да ти се пофалам:pipi: Ги положииииииииииииииииииииииииив! Сите три! :vozbud: Ако за само една недела читање постигнувам вакви резултати...што ли ќе биде ако учам редовно?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom