Драга Кајги,
Кога не треба, јас заглавувам со куп испитувања на се` и сешто. Ништо посјајно не е психички, дури е и ептен бетер. Не жалам за работите кои ми се случија во минатото, туку жалам што можев да направам да биде се` поинаку. Сега изгледа тешко дека нешто можам да променам. Уште да се среди ова, уште да се среди она и на крај испаѓа дека само мене ме „средуваат“ и тоа го прават со лезет. Толку пати си реков дека е време да се променам, ама никако да почнам да ги спроведувам работите.
Да, конечно е! Нема да одам никаде, оти сфатија дека бегам, а со бегање не се решавало ништо. Криво ми е што секогаш знам како ќе завршат некои рабити, а јас не преземам ништо за мене да ми биде не подобро, туку колку толку добро, не да биде нешто сјајно. Последниов период живуркав. Тоа беше измачување за сите, не само за мене. Некои работи кои не зависеа од мене си ги сфатив како личен неуспех. Изгубив желба за толку мнооу работи, а тоа е лошо, премногу лошо. Тоа е најлошата варијанта која можеше да ме стрефи, ама ете ме стрефи.
Јас не верував во некои работи или поточно кажано, јас не ги поддржував некои работи, ама ете, во животот мора да поминеме низ се`. Ја изгубив и прецизноста за една работа, ја изгубив и бистрината. Не барав многу, па затоа и не добив ништо. Се задоволував со остатоци, ама ако и ова мораше да ме стрефи. Мораше и ова да ме доспушти на колена. Уште вакво нешто не ми се имаше случено во овој период, а навистина беше лошо. Тамам си помислив дека нешто ќе тргне, дека конечно и јас си ја пронајдов среќата, АМА... Кај мене во животот нема нешто со лесно.
Вчера во ниедно време собрав заспани пријатели кои мораа да ми помогнат, а тие наместо тоа ми одржаа лекција за животот. Па како малку да ми беше лошо уште на крај и ме пратија од понеделник се` што ми рекле да си проверам, а тие имале и нешто плус, ама за тоа потоа. Ооооооооф мори мајко, ООООООФ! До кога ќе се замарам со вакви срања?!
Има денови кога ми е смачено од се`! Овој ден не е од тие, овој ден е бетер од тие, ама што е тука е. Треба да си најдам начин како да се извлечам, како да ги средам фолдерите, премногу се расфрлани. Треба да најдам начин како да ги средам мислите за да не лутаат повеќе. Доволно беше, доволно сум повредена!
Поздрав Драга!