Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
зашто има полагање и у субота? ЗаштоООооОООооооОо:tapp: ми се шета, ми се иде на кафе онака две-три да ги заредам. Се ми иде дека ке излезам надвор и ке почнам да копам во дворот, само не знам има ли нешто што се сади у есен. Вероватно не.
Негоо... ова, ова или ова. Така си и мислеах. Не го мењам.
baцki4i4ipi4
 
Да ти .... неделата полна со нервози и веста како круна за завршеток на денов!
Ако поживеам уште некоја година ќе бидам среќна,со ова темпо на стресови....
 
Ко тинејџер после прв секс, да си кажам.
Ич, ама ич не ме болеше.
Сега ме боли.

Симбол за голем бол. Дефинитивно растргнат е голем стар дел од мене на парчиња.
Каква динамика на распад еех.
Одлично.

Сети се, Ана, на декември, Белите лаги, распоредот крш - годинава, мрш!
Идам да ловам живот со ласо, и новите најсекси ем ретро чизми.
 
ДџК

Абе ова ќе се среди некогаш, или треба чоек да се беси на јаготка? Веќе доста ми е, превземам некои посериозни дејанија (така вика портпаролот на МВР од Битола, единствениот со средно во цела станица) па ќе видиме како ќе излези....
 
Вечер како од старите времиња. На свирка, скокање, рипање, не купување тоа со сирење, малце фрки, заспивање на туѓи каучи, вампир во автобус...Прекрасно. Ај утре пак. :)
 
Кајги

Денес сум била до пеколот и назад. Два пати!
И ијам црвена соба, со една голема спална.
It's enough! :pipi:
 
Го чекам белото "who owns who?" леонче да ми дојде од негде. бла бла тинтири дрндупка
напрочитан, и доволно искусен психологија и психичко однесување, доволно стабилен се до сега.
Почна да се демотивирам, нервирам како што следи колоквиумиве следнава недела.
За прв пат после 5 години да не излезам 3 недели по ред -.-
е де ќе се навикнам, промена.. се е психа само треба да ги надвладеам емоцииве. Контрола е се што треба, да владееш со умот и чувствата, ама не е едноставно како што звучи.
Викаат пишувај дневник во вакви периоди, еве и пишувам на кајгана и си ги кажувам своите проблеми, како и сите други. Не сум само јас, сфакам дека не менувам ништо ако се нервирам и се е до психа. можда е до денов, до вчера не беше така :\ Ако научам за среда и петок и напишам задоволително ќе бидам многу задоволен и среќен. И вечерта ќе излезам партали ќе се направам. Да ги полозам триве колоквиуми што ги спремам ќе имам доволно мотивација да продолжам понатаму со голема доза ентузијазам и со верба дека можам. До сега сум се служел со законот на привлечност ама сум имал доволно верба дека сум можел, сега од кај ќе ја најдам таа верба кога ќе ги видам физика задачине сајанс фикшн и божем научив како да решавам пак заглавувам.
АЈ .. УТре ќе биде боље, ќе се разбудам доволно мотивиран со голема доза на ЕНТУЗИЈАЗАМ и желба за учење. Ќе се организирам на совршен начин и материјалот партали ќе го направам ! ДА! но прво убаво да се наспијам :)
(feeling better already)
 
Чера бех на рибља чорба на концерт, е закон е бора чорба значи.Вика:Ми никад нечемо у европи.Урадили смо све што треба, допистили смо чак и геј паради.Али нисмо испунили квоту!Јер ја ВОЛИМ ВОЛИМ ВОЛИМ ВОЛИМ ЖЕНЕ али оне мало мање воле мене....

 
Драга Кајги,

Не знам што доза ми бапнаа, АМА се изнаспав. Во нормални услови спијам максимум 6 саати, а сега?! Епа види вака, вчера го преспав пола ден, синоќа сум заспала у 9 (иако се` било уклучено ништо не успеало да ме разбуди). Денес станав наспана, ама осеќам омалаксаност, значи пак ќе ми се приспие, кај и да е. Собава инаку ми е супер. Се` испадна онака како што си испланирав, уште ми фали да се наместат сателитите, оти ми се изместиле. Бог знае од кога не сум ја видела сателитската. Моите имаа некои забелешки за тоа, па еве сега свечено ветувам дека ќе им средам тоа, најбрзо што можам, секако ако не заспијам во меѓувреме.
Оваа зела некои книги вчера што требало да ги ѕирнам, нејзе и се бендисале, ама сакала да чуе и мое мислење. Значи ептен сериозно си ја сфатила работата. Насловите за проектите се готови, уште да се напишат, важно сега знаеме што ќе правиме. Тоа е навистина голем напредок, оти до вчера не можевме да се договориме ниту за насловот. Денес е сабота, прекрасен ден. За една недела почнуваат проективе :vozbud:
Многу си ја сакам работава, единственото нешто што успева да ме развесели во овој период. Драга, долго ги чекав овие активности, сега ќе биде поинаку. Сакам теренска работа, мислам ги сакам и оние бирократските работи. Интересно ми е кога се ценкам за траење на проект, за финансии, кои ќе се вклучиме, мене сето тоа ми е супер, оти малку ме оддалечува од некои мисли, а засега тоа е добро.
Драга, пред да заспијам на тебе мислам :pos: ама пак заспивам и пак се будам, значи животов горе - доле го живуркам добро. Ништо не е онака како што треба да биде, но јас ќе се борам да биде онака јас како што си сакам, оти show must go on, а мо моето шоу јас сум главниот лик :toe: Не мораше да ми се случи ова баш вака, но јас сум крива. Свесно си играв со оган и на крај се изгорев. Но, сепак, јас сум среќна што ги имам овие луѓе околу мене :back: Секоја лекција во животот е добредојдена, сеедно дали е добра или пак е лоша!
Драга, те поздравувам со оваа прекрасна песна, кој ми се мота низ глава последниов период. Се пронајдов некако.

 
Влага......................влага влага ами како. :tv:

Се надевам дека денес ќе биде супер денот,многу обврски ама ќе се потрудам да ги завршам. поззззз
 
Драга,
Не беше лошо знаеш? Уствари одлично беше. Како смо се надали, добро смо се удали. Малку да ми поправи расположение. И онака више почнав и сама себе да се нервирам. За другите не ми беше гајле. И да, зашто никој не ме сфаќа? Слушањето дека се е во ред и дека треба да сум задоволна више ми дојде преку глава. Зар толку никој до сега не ме научи што и колку очекувам од себе? Али ајде гризам дупло наредниот пат.
Више не сум привремено недостапна, сега сум примвремено достапна :) Сакаш да ти титнам? не? Ај маааааааа..... Скар :(
Мрш.

ама не за тебе.
 
Драга,
Зошто секогаш за другите го знаеме решението, кога ќе дојде време за нас нигде не нема?
Ако го знае некој одговорот нека ме цитира.
 
Драга Кајгана

Зошто, о зошто ни е ваков образовниот систем? Зошто по ѓаволите во основно мораме да станеме експерти по математика? Каква врска има математиката со политикологија и политика? :nerv::nerv::nerv:

Зошто се замарам со секакви глупости? Ах овој пубертет :)

И само да кажам, му благодарам на оној кој го измислил компјутерот и интернетот, вистинска забава и релаксација се, навистина :)
 
Драга Кајгана

Зошто, о зошто ни е ваков образовниот систем? Зошто по ѓаволите во основно мораме да станеме експерти по математика? Каква врска има математиката со политикологија и политика? :nerv::nerv::nerv:

Зошто се замарам со секакви глупости? Ах овој пубертет :)

И само да кажам, му благодарам на оној кој го измислил компјутерот и интернетот, вистинска забава и релаксација се, навистина :)

Основно си, мора да има врска. Од кај те знаат дека си во партија учителките?

Него Кајгано, полагам на 8ми, 10ти и 12ти, математика треба да решам 200 задачи а знам дека глупачата ќе ме падне на усното и да го положам ова џабе ми е, па ќе треба после физика да се снимат 80 страни теорија, да се изведат едно 50 равенки и да се решат задачи од кои едниот податок со тој другиот нема смисла, нешто како, дадена ти е Питагорова теорема а ти да најдеш брзина :buum: А мене ми се спие очајно но ни тоа не можам да го правам веќе месец дена затоа што у куќата до мене реновираат од темел и на секое чукање имам осет дека ќе ми влезат во ходник преку ѕид.

Ми иде да си го збрцам пенкалово во глава па во болница барем да си поспијам на раат :tapp:
 
Драга Кајгана

Да и одговорам на Џену Грл :)

Основно си, мора да има врска. Од кај те знаат дека си во партија учителките?

Не сум во партија сеуште, со 16 се влегува во младина :)
Но, сепак нема врска партијата со мојата желба да бидам политиколог :)
Да, има врска да знам основни работи од математика, ама задачи наменети за професионален математичар баш и немаат врска :smir:
Во Америка во осмо одд учат работи кои ние ги учиме во 5то :nerv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom