Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Бејби,

Езерото е мирно, ноќниот живот бурен.
Поезија мислиме со мулето поред мене
и иако е тополо, во ноќите ти е требно ќебе.
На Охриѓани им треба курс за распознавање топло и ладноособено кога ти треба кафе.
Ти ебам камешата нозете си ги скршив, ама то ти е кога чекаш пасош година дена.
Мими има ортопедски апостолки.Ко за по риба не се лоши.
Ни фали Адула и уште неколку луѓе меќу кои Вештеркана из Скопје и Саладин from mother Russia.
И позз до Битолчанецо, слушам јак бил у шах.
И ај доста го дрвев идам да се побањам, а и стипсиве не давет вајарлес!
Лозинка-Реон 52
 
Кара миа...
Мнооогу неспособни луѓе се накотија бреееееееееј !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! И се околу мене се лепат!

Од матурава сум презадоволна:smir:
 
Кгб... можеби и во право се кога ми кажуваат дека за ништо не ме бива... а реалноста боли, многу боли. Во агонија ги повлекувам и оние кои ми значат најмногу... како беден давеник кој во се гледа сламка за спас...

ужасен.... ужасен ден.
 
драга
сакам сладолед немам повеќе во фриждер ме мрзе да одам до маркет да земам др. ај донеси ми:pipi:
 
Драга, дали и форумов се претвара у место за привлекување внимание или ја халуцинирам?
Ќе бришам и тука акаунти НЕ МЕ НЕРВИРАЈ!
Ај мрш сеа -.-
 
ДраКа..
Конечно ми се погоди времево :) и си поминав незаборвни 4-5 дена у Охрид.
И пак за 10тина дена одам за Србија и за Херцег Нови..ова лето дефинитивно ќе ми биде најдобро до сега!
Ајт заминав у Скопје..
Ча0..:back:
 
Кајг..хауг
Знаеш што ? Во тапа расположение сум ..т.е. во нерасположение навлагам :tapp:
Ами зашо вака бе К?зашоо?
:salut:
 
драга
утре ми е роденден :pipi: се мислев, се мислев долго време колку да викам за частење.....отпрво сакав 10тина души, после 6-мина и на крај ќе излезат 2-3ца. е не сеа ќе се замарам ќе ја викам цела екипа од 20 души, па јас не се женам да го е*ам, ај викни таму 2-3 или 4 и части по едно пиво и ајт со здравје. па нели сум во право?
ај заминав. чао
 
Драга Шенка,
Сосе кошула ленена тенка (недовезена на разбој), ти пишувам од овој умртвен охридски брег, иако тој треба да го претставува шеталиштето (синоним за нашиот, скопски кеј).
Ти соопштувам дека прв пат во овие три дена, ги слепувам моите исончани прсти на тастатурата и мислам дека заборавив да куцам. Пост - чернобилска, накотена роботска генерација.
Ентер
Да ти објаснам! Овој интернет не е краден, овој интернет е позајмен! А така! Може не сум неспособна, пошто не се лепам до младата, ама па што, и сонцето е ѕвезда бе па.
Во врска со фолдерот „општо“ имам една напомена. Оваа ноќ, ќе биде мој ден. Буквално! Ќе седам до ниедно време да работам. Тоа ти е една од работите во кои новинарите се слични со владата. Имаат исто работно време (24/7).
Ентер
Симон Трпчески, синоќа вечераше во еден локален ресторан, а после направи шоу! Се отвори Охридско лето. Иако, по бројот на туристи, е некаква мутација на „февруарска сезона“. Со други зборови, нема никој. Освен двајца без тројца со четворица. Имам ортопедски апостолки. Розои.
Ентер
Очобол имам од сонцето. Мислам дека само белките од очите ми поцрвенеа. (Зошто не ме фаќа слнце?)
Ентер
Овие кај што сум сместена, не штедат на топла вода, сполај им. Со Красулка игравме одбојка денес и можам да констатирам дека младата е феноменална. Поддршка! Вчера на Канео сосе кајче.
Пошто се осеќам ко препарирана, отидов да аргатам.
 
ДраКа


После долго време ќе идам фудбал да играм.
Осеќам дека сум зарибал малце.
Од коа почна тоа распустот само 2-3 пати иам играно :tapp:
Ко ќе ми текне порано секој ден како сум играл -.-
Не иде овакој.
Ајт идам ја
Mwaa :back:
 
Драга Кајги,

Јесте да, опет пак хмммммм до кога?! не дај Боже да стане сеедно!

Лесен сон!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom