Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајги,

Јас од сабајле, така раничко кај 7 и пол си станав, се истуширав, па потоа за 5 мин се облеков оти превозот ќе ми избегаше... И така се на трчана, додека одев на работа се ми беше чудно.... Сонцето, времето, луѓето.... дури чудно ми се виде и тоа како застанав во размислувањето... Се се движеше ама како закочено... Ми се плеткаа филмчиња што после денес... Сонцето ми беше чудно што толку многу светеше... чудно за овој период.... Времето беше како пролет, ама сепак е зима, тоа дополнително ми го замаи мозокот... И додека закочено размислував за тие две работи пред очиве ми се разбркуваа луѓето, дезориентирани, замислени, отсутни... како да не се движат самите со сопствената моторика и чистиот разум... како нешто надворешно да ги движеше... Си велам, ај можеби мене ми се причинува само... Но не било така... На појќемина им се причинило истото... или можеби стварно е така... можеби и не им се причинило... До шо ќе да е....?:toe: А и јас делувам ко нив последно време... Дали доаѓа 2012... :vozbud::vozbud::vozbud:???
 
Сакам снег..:pipi:

Конечно петок.. вечер роденден.. утре роденден.. мх мх:vozbud::vozbud:
Само што утре треба рано да станувам..и на базен..:tapp:
.. :kesa:

Те сака..

Насмеаната:back:
 
Драга кајганице



Све е забеано нека иде у к*рац више!!!

Колку сум изнервиран немаш поима! Мора нешто да ми се заебе секој ден. Буквално секој божји ден!!!!

Не знам што ми е веќе, некаде очигледно грешам. Зошто боже сум магнет за манијаци!!?? ЗОШТО!!!???



Малку да исфрлам бес од себе, среќа до крајов на постов не ја искршив тастатурата. Фала што ме ислуша, најдобра си :back:.
 
Драга Шенка,
Кога ќе запознаеш некој од форум, почнуваш да го гледаш како личност а не како лик. Освен ако не си ненормален.

P.S. Се бараат млади архитекти, да повлечат црвена линија.
 
Се шишаааав! :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Вака нешто... :)

blonde-medium-hair-330x511.jpg


Иначе денес имав убав ден, мада не можам да се расположам како што треба, рака ме нервира, ако не престане да ме боли ќе ја скршам. :icon_lol:

Нешто од внатре не ми дава мир, не знам што е, ама ок ќе бидам, знам дека секогаш на крајот е ок, ако не ок, ондак не е крај. :wink:
 
Драга Кајгано

Ја читам денеска веста за тој што и цапнал на врат на кумата и ги потрошил парите во пицерија и ги честел другарите и не дека нешто се потресив поради тоа ама навистина типов е жив малер се погоди во ист ден да умри родилка од некое село и разговори за интеграција на Македонија во ЕУ и неговото дело остана неприметено од многумина еве на пример да се погодеше во некој тапа ден ќе беше на насловна страна и топ вест.
Си размислував ако загинам во некоја сообраќајка не сакам да делам наслов со земјотрес во Грција бре или пак самоубиство на Радиша од Велики Брат сакам сам да си бидам на насловна и онака малку емпатија да покажат читателите како некој тетки од 70-тина години пред порта ќе си направат муабет Лелее загреота младо дете или пак ќе ме види некоја шмизла на кеј и на другарка е ќе и подвикне аууу лила не ти личи малку на Франц само што е подебел. Ма стварно лилаааа кај ти текна личи море ми личи повеќе на Мујо само што не е келав онај мори Мујо што има мерцедес и 23 см. знаеш на што мислам хихихихи.
После некое дете ќе го види во автобус по 3-4 дена ако е на насловна страна некој завиткал пол-кило урда во него и тоа ќе покажи малку емпатија меѓутоа ако рикнеш во којнукција со некоја главна вест никој нема да покажи интересирање за тебе ќе бидеш како Душан што и цапна на врат на кумата.
Друго кајгано Се спремам за патувањево во Камбоџа, се е спремно едвај чекам да заминам. :vozbud:
 
Драга грешев

сменив аватар....
јадев пица...
ја заебав чешмата...
спамирав на кгн...
ја пуштив печката на тројка...
мочав у шоља и сватив дека нема вода...

прости ми
 
Се што седи по фотељите и зема плата како политичар, треба да си го заслужат местото во пеколот, зошто не верувам дека заслужуваат и во него да бидат.

Ми се гади еј, 300.000 евра ќе се дадат за да пее Чолич на плоштад, а 250.000 евра немаа за да спасат детски живот. Ама да што корист од тој живот, вака ќе се провесели народот со србин што ќе пее на прослава во Македонија.:tapp:

Денес ми врие крвта, но утре ќе има нов шамар па само ќе се надополнува гадењето кон човечкиот род и таман ќе се свестиш од шамарите и ќе почнеш само да воздивнуваш на се, ќе ти го скратат и тоа. Па ќе дојде некој свеќа да запали, демек вреди тогаш.
 
драга
подолго ти немам пишано ама тука сум да не ме мислиш. цела недела, со исклучок денеска и вчера, не сум појден на школо. денеска тест и испрашување имавме ама кој тииит. требаше да излагаме денеска ама легендата малку се разболел :toe: а што ќе биде без него. уште не знам дали ќе излагаме и то друго што да ти кажам освен дека по 100 деца не идат на школо. некои се преправаат, некои со болнички ги земаат, некои паѓаат во несвес и тако даље :pipi: ај чао
 
Мразам кога некој со сила ми ги клемпави ушиве.
Мразам кога некој со сила ме тера да се правам наудрена или помалку паметна.
Изгледа, по се, го мразам светов денес.
Жолтово поле ми ги буди билирубините.
Црвените крвни зрнца се сите на број.
Мило ми е.
Беај сеа.
 
Драга Кајгана
Види ја девојкава лево од постов, убава е нели? Да, и ја така мислам :pipi:
Не го слушај Марио кога вика дека не е, не знае он ништо.:duel:
Е сега ко неа сум во косата (само не така бушава):je::je::je:
И кајгана, празници се ближат, уште снег фали и се ќе биде убаво:xmas1:

Ај чао пријатно
 
Хааааааааај!

Конечно и скоро-финалните планој за нова година. Ова година ногу ми се бендисвит пошо само крајниот резултат ќе го слушнам и ќе си одам на журка на готово, пошо ме нервират еуфоријава страшно.
Иначе денес се турив од спиење.
И Кискин, само јас смеам да го викам кики!

Ѕрнгла. says (8:40 PM):
ќе ми ти поминит кики
Кискин says (8:40 PM):
само на тебе ти е дозволено така да ми викаш!

Привилегована.
Синсијрли јорс,
Ѕрнгла.

:back:

едит: префригана.
Болигла ми рече :(
 
Кајгано мури
настинав излеа ја :(
место ко чоек да пијам вино,пиво,или нешо слично
ја чај треба да пијам сеа:uvo: :tapp:
сакав да си го видам милото денес,али нишо и од тоа :( :nerv:
:back:
иначе 4 викенд по ред седам дома xD рушам рекорди у пм :vozbud:
и тоа,ајт иам да зеам чајчето,па да те листам
поуузз :helou:
 
Драга

Досадно ми е...
Сакам да си легнам и да се гушкам со перницата
ама и ми се седи на мсн...но залудно кога сите се искочени
и треба да го шетам кучето :)

Се радувам што е петок!
Помина неделава...ми иде уште поужасна ама морам да издржам и да си ги поправам оценките да не ме замараат после моите :pipi:


Иииииииииии утре кога ке станам сакам да видам снег!
Сакам да се трчам по снегот со Рики и да јадам снегулки!
_snow__by_PunkyB.gif

 
Анано
Шо праиш ма како си арна?
Јас еве си седам и чекам да ме убие некој што нема да го спомнам во постов.
и не се затупувам дома туку си се шетам и јадам торта и .
(точката после сврзникот не е моја идеа)
Инаку безвеза е постов ама морав да ти пишам да не ми отидат парите шо ги давам у интернет кафево џабе.
И така.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom