Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...

Поминав нок каква не верував дека ке имам.Столе си дојде,прошетавме по дождот место да одмарам дома.Тој е толку добар што не ми се верува.Средбата заврши со прегратка која ми и е најпотребна овој момент кога ми е многу тешко но никој не може да ме разбере.
Кога си легнав почнав да размислувам и сватив дека иако се правам силна не сум.Се уште чуствувам некоја празнина длабоко во душата.Каде згрешив?сторив ли нешто лошо?сакам да знам,за да се исправам.Како да имам камен на срце кое не ми дава да дишам спокојно да спијам мирно како некогаш кога не берев гајле за ништо.
Не сакам да го повредам...но како да му кажам дека не го сакам,дека сум повредена,дека не сум подготвена да бидам со него кога знам каков ке биде крајот.
Во моментов ми е потребен вистински пријател кој може да ме разбере без да ме осудува зашто си таква.Секому му е лесно да каже не мисли на тоа биди позитивна...и ред такви ствари.Не е лесно да си во моја кожа.
Јас знам дека не сум крива за ништо,дека сум само наивна девојка која верува на оној кој треба и на оној кој не треба.Зошто барем не се потрудат да ме разберат,барем за момент да се стават на мое место.Се прават дека се е ок?Е не е.
Како е ок кога јас чуствувам дека не е така.Како да избришам некои чуства од себе?како да бидам онаа старата.

Незнам кајги што да правам,но знам дека длабоко во душата носам голем товар кој нема да исчезне во блиска иднина.

Ај:back:
 
Ова грипов е страшна работа.
Не онаа паника заради медиумите, туку оваа паника во плуќава моја.
Се чувствувам ко оган да потпалувале во мене.
И сега си тлее ли си тлее.
Прашањето е, ДО КОГА ВАКААА ??:nerv:
 
Honey политиката на немешање е единствениот можен став за умниот човек.Веќе не се интересирам-кој што сака и како мисли дека е најдобро нека си прави.Си имам свој живот за кој што треба да мислам.
Чесна-ништо не добивам од тоа!

Што е чесноста?Притисок на животот версус силата на отпорот-исходот од таа битка,кога оваа вторава ќе добие-тоа е чесност!А,зашто да се спротивставувам?
Сакај го ближниот свој како самиот себеси-но не повеќе!
Не се впуштам во нешто што не можам да го контролирам.

Денот е прекрасен и главно е да не се биде свиња!Убавина,да не се биде свиња!Главно тоа е се,ништо повеќе-освен да се смееш-да свртиш на шега!Да се зачува смислата за хумор,во секој случај!
 
Драга....
Вчера ми беше ужасно, многу се изнервирав од грдиот факултет :(
Дојов дома и се изнаплакав ко мало дете, мама и тато ме тешеа и малку ми олесна.
Вечерта илзегов, шетав малку и потоа седнав во еден кафич. Имаше многу убава музика и атмосферата внатре беше прекрасна....топло, бело...свеќички...а надвор дожд......се почуствував многу убаво!!!
Сватив...колку и да ти е тешко и да се чуствуваш толку осамено, ако покрај тебе седи вистинската личност што може да те разбере...покрај сите тешкотии таа ЛИЧНОСТ може да ти го направи светот да ти изгледа најсовршен барем за еден миг.
Вчера можев да ја почуствувам љубовта...беше толку многу присутна...дури стануваше материја која моче да се допира!!!
Вчера сватив дека сум лудо заљубена и нема да дозолам некој тоа да ми го уништи!!!!

И по овој дожд ке дојде сонце...не мора секогаш да бидеме тоа што другите го бараат од нас...
И кога ми се плаче ке плачам на сиот глас, кога ми се смее ке се смејам уште посилно...нема да дозвола некој да го потценува она што се крие во мене!!!
Можам и ке успејам !!!!
 
Кајгано
пред малце дојдов дома,мртов уморен сум :(
фудбал игравме,изгубивме од Хемиско ти ебам :nerv:
у последна минута гол ни дадоа :nerv:
иначе денес 2 месеца праам со малото моее :):):) :back: :wub:
ваљда ќе се видиме вечер :nesum:
и тоа,ај идам да поспијам малце
поууз:salut:
 
Ај и јас прв пат за денес :):)
Кајганооооооооо:drk: Како си ми брат:wink: Ја уште подобар сум :smir:
Отидов на факс и подобро и да не отидев :nesum: Ни залупале колоквиуми скоро секој ден. И што ќе ми е сега снегот што треба да падне кога јас ќе треба да учам ко муле :uvo: Бар за среќа ќе ни биде скоро слободен зимскиов распоуст ако се оди по планот а на прагот сум на такво нешто:back: Али сите овие не толку убави вести, отидоа во корпа кога си ја видов НЕА :back::back:
И после малку смеење и неверување колку може да биде преполнааааааа 24-ка. А јас си го прчам во полупразната 26-ка:baeh: Фино нели:wink:
Чаос:back:
 
Ишала, да сонувам и јас нешто весело деновиве, освен сивила.
Ех, добро стартуваше денов.
Какао, па похована риба со лимон, правосмукалка, саундтракот на Коса и убава вест од другачка ми, ново вработување и аирлија нека е!:smir:
Апсолутно сум амеба.
Не ми се чита.
Не ми се работи.
А ми се блаботи.
Утре сум на драма во ЦК со цело компаратистичко друштво и ќе се занесуваме дека сме авангарда. Некогаш уживам во таквите улоги.
Ме нервираат некои луѓе, поради претенциозноста што мислат дека е поднослива. Епа не е. Стиснете си ги устите и газовите. Мудроста повеќе молчи одошто зборува, а?
Не знам. Ништо не знам. Мразам кога ме фаќа декемвриска (метео)апатија. Друго... Ќе свириме во Ла Кафе! Се надевам на добар прием, на убави моменти и дека ќе ни стане почесно место за лајт свирки. Преку глава веќе со нервози за менаџирање и малтретирање. Ете зошто некогаш се срамам од тезгароштвото, иако ми легнуваат паричките, а кому не би? Нема да се лажеме.
Со Марга ја снимив песната, очекувам квалитетни резултати, иако со неа речиси секогаш е таман се’ што ќе смислиме.
Ме фаќа параноја дека ми истекува креативниот рок.
А не дека не се репродуцира, само... Грижи, мора да ги има за да седиш жив.
Ми се сака сонце. Ме иритира ладен ветер, ме шиба синусоидно и ме насолзува.
Заклучно - мразам зима, или поточно мразам што дозволив да ја мразам, пошто мојата хронична воспалена глава не трпи студови.
И еве, напразно блаботам.
Ми се сака џоинт, сонував како пеам нешто и чувството беше екстатично.
Друго... На факс не отидов три дена по ред и ми е гајле.
Ми се смачуваат патеките, улиците, чадорите и сивилото таму.
Имав идеја да го офарбаме, ама пенис од реализацијата.
Се надевам нема да имам избрзани заклучоци и проценки во животот што ќе ми ја обелат косата, еве како резиме.
И да. Влегувам во подзнакот.
Медс, тиква зелена.
 
Walked out this morning, don't believe what I saw
Hundred billion bottles washed up on the shore
Seems I'm not alone in being alone
Hundred billion castaways, looking for a home

but when I say castaways I mean single laydiiz!! xDD
well, not rly...

likez jew!
bye ^^
 
Драга Кајганице

Абе што е со светов денес?

Никој не ме разбира. Уште од сабајле почнаа да ми мрчат, што си ваков што си таков, сите со кои зборев денес!

Ваљда нешто сум поинаков денес? Повеќе замарам него обично? Нешто е дефинитивно оff денов и навистина на живци ми иде. Ај ќе истрпам до вечер. Ако сите не ми го свртат грбот до тогаш ... :S
 
Aj Кајги по втор пат ти досадувам јас.Со желба да ти се пожалам може за последен пат во коментарите на оваа тема...

Кајги,не сум за ништо виновна.Не сум таква како што мисле некој.За никој ништо не сум кажала лошо,а посебно за една личност која ја загубив а ми беше ептен драга има такво мислење за мене.Повторувам:Не сум за ништо виновна.
Само сакав да решам и се да си остане добро како порано.Ама гледам дека погрешив.Незнам зошто дојде до тоа.Другарка ми го правеше сето тоа од пуста љубомора,таа пишуваше лошо за него а јас не.Признавам дека во нервоза може да се каже се но...јас знам дека ништо не сторив лошо,само сакав да го зачуваме тоа што го имаме.Чисто другарство...без кавги и расправии за глупости.Ама видов незаинтересираност.Секогаш бев искрена,секогаш простував како права другарка но што од тоа.Ништо,џабе толку време поминато со него,џабе трошење кредит:nesvest:Ја добива слободата која ја сака,што можам јас овде.
Кајги,тешко ми е ама ке ми помине...мора да помине,да победам во оваа ситуација иако признавам дека ни малку не е лесно.Во мене имаше другарка која секогаш била тука за него,која секогаш била искрена за се,која го ценеше,ама што добив?само игнор игнор игнор.

Ај одам

Твојата Фатална:back:
 
Драга
Убо било да се фалиш со туѓ труд.
Креативности насекаде.
:back:
 
Грд, одвратен период. Одвратно се осеќам, а не ни стигнав ни да се шишам денес. Аааааа ми се плаче, ме боли ракава, џабе ми е се, некогаш помислувам дека само им трошам воздух на луѓево околу мене... Нервен слом, кај и да е. Ама ќе биде, морам да се надевам дека барем нешто ќе биде.

Ти имам кажано колку не ја сакам Нова Година? Е па еве сега пак ти кажувам. ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!
 
Вежбам челична воља овај период :icon_lol:, заебана работа нема што.....
И така рацете ми мирисаат на превриено комиње затоа што вечерва го спремавме за утре кој ќе биде прв ден за да дестилираме ватрена вода, ауф па ќе правиме како индијанците, бегај не ми личи на годините :icon_lol:, како што викаше братучед ми во Охрид ние тетке сме сериозни луѓе:pos::pos::pos::pos::pos:, седи не не знаеш и подобро што е така :icon_lol:.
Си ѕирнав оглас за мали питбулчиња па се јавив за едно машко, ама веќе го ветил ако не дојди до крајот на неделата можеби ќе го шетам Скопје за куче, ама тешка работа, не ми се зема женка.
И тоа.....................
А не ми чини печатачов сите дугмиња и функции ги има ама нејќи да работи :raz:.
За тебе не пишувам овде џабе го читаш постов :baeh: :icon_lol:.
 
Драга

Само колку да те информирам имаме мини кајгана собиранка на мсн моментално. Компјутеров сецка како пореметен, ама ајде ќе се истрпи некако:toe:

Ајт видимо се у скоро време:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom