Е па драга, ајт сеа пред легнување да ти пишам!
Читав на твојот портал дека вечерва ќе има летечки птици т.е. небото ќе биде распослано со метеорити, како бисери на дното на морето! Но, кој сега да седи да гледа кога капаците ми се поклопуваат за спиење. А си викам сега да останам буден до кај 1-2 да ги видам, да си замислам желба, па можеби универзумот ќе ми се наклони, ќе се потруди и ќе ми ја исполни
А што ако не ги видам!? Ојде јабана вечерот, ојде јабана сабалето, ојде јабана утрешниот ден!
Инаку имам и да ти кажам уште нешто:
Денес играме фудбал на физичко кога при крај на часот при резлутат 8:8, погледнувам во патиките кога гледам ми се скинала десната патика! Толку се изнервирав зашто ми е речиси нова, барам топка и си велам кога успеав патика да скинам(ќе успеам и женска:pos2

ќе успеам и гол да дадам. Правам 2-3 финти, шутирам со скинатата патика и давам гол за 9:8 и за победа.
Чувството на гордост и радост поради победата го поттисна чувството на тага поради скинатата патика. Еееее што убаво беше кога беше невина патиката, сега вака скината ми е срам да ја носам со себе, ама тоа е!
Ај добра ноќ сега и убаво небо нека имаме вечерва!