Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Kajги

Еве ме мене,се вратив од полагањето нерасположена....каде ма згрешив:(што сторив?зар пак ке морам да поминувам ни сето тоа по незнам кој пат.:uvo:што се случи незнам.Сакав само да решам еден проблем ама така ке остане...за жал.
Ми останаа само најубавите секавања,тој не сака повеке да ми збори,што можам јас тука.Ништо.

:salut:
 
Ким,
вчера се преиспитав до негде, а денес продолжува моето трагање низ личноста.
Денов не беше добар. И многу се изнервирав поради сликите и поради таа кретенката.. :nerv:
Сега зборам на мобилен со него и ми се објаснува дека не ми било гром од ведро небо.
Ок, стварно е така, знаев. Ама...не. Не можам да поминам толку лесно преку ова. Океј сме, ама ова стои така...у место. Не е тој тип, го знам тоа.. ама многу ме погодија насобраните факти. И веќе не сакам да се навраќам, сакам денес да не се случело она, но назад нема. Упорно ми ги посочи и најситните детали што не ме занимаат, ама крвта ми врие цел ден и многу сум нервозна.
Така да, денес сум ти лошо друштво, Ким. Ама од утре ветувам се ќе биде во ред пак, само да преспијам и да се средам.
Го сакам, ма.
Ај :back:
....

Еј !
Мене ми тргна со по два поста на ден у темава :icon_lol:
Ама ова е дефинитивно последен пат, promise :pipi:
Од утре ќе паузираш од мене.
Значи...накратко...се се среди.. и знаеш шо?
Љубов е ! Убаво ми рекоа, периодот на заљубеност ми помина.
Мислам дека се сакаме повеќе сега од претходно !!! :vozbud: :vozbud:
Да, мали фрки можат да ја зголемат љубовта. Башка кога чув што рекол за мене, за шалчето што му го купив и најпрекрасните желби и посветата и сите моменти поминати заедно... Ах. Ме стопи. Згора на се ме зезаше и мислам дека кога ќе го видам нема да ме угуши од гушкање, туку ќе ме изеде. Јас ќе уживам енивејс.
Ах, какви планови кроел за нас... :pipi:
Многу сум хипер... Посакувам никогаш да не го загубам ова прекрасно чувство.
..Сега да те поштедам од лигавење..одам да се до-анализирам себеси и да помуабетам уште саат и пол на моб. и цела вечер на мсн :back: Го обожаваммммммм :лигла:
 
Ми се скрши единствениот цигар :nesum: И сега ? Дома сум и ме мрзи да излегувам :jaj: Кризииии :(
 
Ој кајги пак се разболев:pop: Се надевам не е свинскиов грип мајке ми:kez: А како нема да настинам кога на факлутет ни исклучиле парно ради неплатени сметки:tapp: Смрзнав ко курац:uvo: И вода немаше..... И за да си платат сметки ни наредија да платиме 500 денари за еден ебан печат за тие проклети веќе документи за стипендија:jaj: Ми одземаа пед години од животот:vozbud: Ајт у вражју материну:smir: Чаос:back:
 
Драга Најдрага
Ајде па нека дојде веќе еднаш 23 00 од прееска чекам бавно мине времево значи кога нешто со најголема желба очекуваш... :toe: уште 55 минути :jaj:
 
Знаеш тоа све ка ќе биде убоо и после дознаваш нешто и све иде у курац? Звучи познато? (=

Ме јаде баксуз периодов да му ебем.
 
Кајгано!
Извини шо ти досаѓам ко будала ама многу се изнервирав...
Не ми е јасно зоЖто моите дома не сфаќаат дека неможат веќе да ми наредуваат.НЕМААТ ПРАВО!!! и шо сеа...Нема излегување АМАН! а одвај чекав...
Неправда е ова!!!
:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Вработени сте во ДК или шо?

Не бери гајле, навивачка се избриша самата. :pos:

(не е правење на шала на сметка на форумџија, зашто всушност она веќе не постои како форумџика :) )

Иначе ај да не бидам офтопик. Месец и пол се чувствувам најисполнето до сега. Конечно се ми иде како што треба. Одлична промена направив есенва.

Чек и песна ке додадам да биде ефектот по геј-нежен-фенси-романтичен.

 
Денес денов максимално го искористив... топ. Се сликав, бев 4 пати на кафе, се изнашетав, се изнамуабетив, се изнасмеав... пресреќна сум, преубаво ми е! А и како да не ми биде? Башка од утре пак назад на факс, ќе има смеење... И ми се пие пак греано вино, и тоа ќе бидне неделава. :back: И на свирка на Бени морам да одам, дали среда или четврток није битно. Само да одам. :back:

.....................дива јагода..............................
 
Оу,

Лута сум. Накурчитис, не до даска, ама онака малце, колку за да утепам ни крива ни дужна мува. Нивна среќа шо ги нема у зима.
Кај идат мувите у зима, ениуејз?
Ок, се шалам.
А муабетот е уствари дека сум у петоумица и конфузија и у лостинспејсност и стварно ми е нејасен машкиот род денес. А баш сабајле на еден другар му умував у бифе за тоа како не ги познава жените. Oh, irony.
Ти кажав дека ја и Ада сме борци за правдина? Врска немаш ти.
Те молам да ме држи подолго отколку што ме држело се останато. Те молам да имам време за се, а посебно за стварите што допрва треба да ги отпочнам.
Мислам дека не сум толку чоек од акција, колку чоек од идеја. Ако воопшто и тоа сум.
Ми се спие, зошто морам да чекам? Утре е долг ден. Е не се бањам, ќоам мрсна.
Ај гитлај се и ти више.
 
Мрш мори. :icon_lol: Се` ме боли, име не си знам, кревет не глеам, тргнав да се празнам али пошо нетот падна штом станав си се вратив на место. :S


Нема спиење, ќе читам нешо, ќе замарам невини луѓе... Ватевр.:tv:
 
Драга бејб....абе шмекерициве викаат сум им личел на Џерард Батлер :toe:
batler-siri-v.jpg

Хммм....јас би рекол дека он повеќе личи на мене.
Него едно знам. Има одличен филм со него Џерард Батлер и Кетрин Хејл (глумицата грејс анатоми...којашто личи на нашата Baby Girl :)..) Филмот се вика...the Ugly Truth. Комедија за машко женските односи....и затоа колку машките се едноставни нели :) А жените (со сета почит дами) ама го тупат! :)
Погледни го трејлерот драга а и филмот. Шмек!
 
Расшмекано се чувствувам после постов на Шмекеров...
Нејсе...
Доцна започнат ден,со причина,ама не доволна причина за да го изгубам целосно...Се смеев,пак и тоа многу,ама и се карав многу!
Почнаа сериозните подготовки,но сепак најдов време за мојата втора љубов...после толку време...
Отворен ми е прозоров,ми се чини цел свет ќе ми се пикне во соба,ми студи,ми се приплакува,ама морам,инаку нема да заспијам...претерав со ароматизирањето на собава.Имам чувство дека сум во една голема тегла компот од вишни!!!
Си стегам палци за утре сама на себе и се надевам дека се ќе помине добро,зошто мора!Мал напор,за нова скала...мора од време на време и тоа да се случува.
Ми недостигаат некои нешта за да сликата ми биде комплетна,ми недостига и вербата во некои луѓе за да се чувствувам сигурна...но тоа е тоа...и онака уште две недели и ќе бидам онаму каде што најмногу сакам...
 
Добро утро Кајги

Јас наместо утринското кафе и пар себесожалувачки зборови испишани на темава,ќе земам да си направам цедевита и да ти протипкам нешто од нога.
Хм,ок,што да кажам,навистина ,нештата не биле секогаш како што изгледаат. И навистина комшикава рине крчи ненормално братче.
И интересно е тоа како денот набљудуван од прозорец заликува на прв пролетен ден а надвор пингвини играат зејтин оро. Би сакала да си останам во 3 броја поголемите Снупи пижами ( имам нови пижами) ама ајде.
Сакам да помине овој преостанат месец и пол немам кондиција,морам да почнам да одам во теретана. Умствена теретана. Па и физичка. Па и психичка.
 
Добро утро кајганоо..
Извини за моето лошо расположение, но многу сум напната..
Незнам што попрво да фатам да учам... И на крај решив не учам ништо!
Па што биде нека биде.. само побрзо нека помине денов.
Тоест.. и овој ден и утрешниот. Па се надевам се ќе биде добро после тоа и ќе имам време за се.
И да.. дали секогаш погрешно ги проценувам луѓето и ситуациите?..
Па стварно нема смисла..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom