Драга Кајгана,
Порано кога одевме на одмор, седевме на плажа, се сончавме, читавме книги, се прскавме, пливавме, ќе седневме во некое кафуле, игравме карти, решававме крстозбор и судоку, а сега...
Скоро на секоја плажа има wi-fi и секој втор е ставен на facebook.
И што дека отиле на одмор?
За мене одморот е баш одмор - да ја оладам главата од секакви грижи и проблеми дома, и да се опуштам и тотално да се одалечам од тоа место и да поуживам на планина, езеро или море, сеедно. Да го оставам малку facebook-от малку да здивне од мене, а искрено јас од него, се’ да заборавам,
да поживеам малку.
Сега се се сведува на она, статуси на фб како: „
Чао Скопје! Идам за Охрид“ „
Си седам на плажа и си уживкам на сонцево.“ „
Поздрав од Охрид!“ итн инт.
Како може да се ужива на плажа со лаптопот во рака?
Искрено плажа и лаптоп не ми одат заедно...
Него климата фина, кореспондира со датумот, гледам кажуваат поладно од предходниве денови. Чудно - едвај се осеќа.
И до сега си се замислував како да сум на плажа, си се облеков во купаќи и си се сончав позади во двор.
Добро е што имаме висок ѕид со комшиите инаку кој ќе им ги собираше после очите.
Другарка ми ми вика: „
Земи си една гоолема слика од плажа и стави ја пред тебе во соба. Испружи си се на некое столче, пушти си музиче - звук од бранови како плискаат и гласови на галеби во далечина, намачкај си се со black up и насочи ги сите светла накај тебе. И уживај во атмосферата.“
Чукната.
И луѓево од релативнава близина фини, ма ко од Финска да се.
И по некое непишано, проклето точно правило -
најфините најфино ќе те за*бат. Е сега ај да не се да ги однесеш на едно посебно место, па десно, по можност и лево ако сакаат. Сеедно... Неоспорно е дека ја имаат привилегијата...
Најдобро по здравје, а и по психа е тие комарци на малограѓанството и филистерството да се смачкаат со тепалцето на игнорирањето.
Понекогаш се прашувам, зошто наместо опција
Delete од својот живот нема
Avada Kedavra!
Тоа сигурно би успеало, зашто знаете, како и на компјутерот - откако ќе delete-неш некој вирус од него, тој пак наоѓа начин да се врати и да ти напакости. Пих!