Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Денес ги отворив очите во 4.30.Кој рано рани го заебал петелот.
 
Драга Шенка,

Стојам исправена пред вечната дилема: Да си купам кило патлиџан, или метар ипол дворно земјиште? 90 денари кило патлиџан бе!

По каналите на заборавените спомени, некако стигнав до играта „Симс“. Сфаќам дека во секоја смисла „Симс“ е проекција на нашите животи. Цело време, гради, носи, принесувај, секирај се, нервирај се и оп! На крајот, сите на исто место. Луѓето ја немаат вредноста за да ми вратат ниту една секунда од времето што ми го одзеле. Безвредни се, во таа смисла, следствено. И нема повеќе непродуктивно време да имам со никого.

Најдобра кардио вежба ми е кога ќе ми влезе оса во соба. Ау, тоа е трчање, срцетресење, све!

И зошто никој не му честита роденден на Хитлер?
 
Драга

леандра ти вика дека го заебала петелот ама јас го урнав рекордот за најдолго спиење евр...

Фала на одвоеното време...

чао пријатно
 
Драгааааааааа!!!!!!!!!
Спиев само 2 саати и да ти кажам денов го чекав не знам колку време....ииииииии...... :vozbud: супер поминав, иако е само 10 до 1 јас веке знам дека денов ке ми биде супер исто како и сите денови до 24 јуни, па и после тоа. Така драга, ај да идам да се пофалам по роднини и пријатели :pos2:
Те читам утре, задутре или така нешто.:smir:
Поздрав :)
 
Драга,
Што одмор ли ќе беше овој? Повеќе се изморив отколку што се одморив. Ау оваа работа ќе ме убие, кој ме тераше да ја прифатам? Ај сега дур сум дома, а за 1 недела кога ќе почнам на фах не знам како ќе издржам.
 
I just had an awesome day.
Now imma go n take a shower n than go to sleep coz i'm exhausted.
Love ya too very much.
Oh, and...read this book if ya hv time (:
btw, I smell like Pink Passion ^^
 
Драга,
Antenna 5 + coffee..
и јас семинарска ке правам.
Знаеше ли дека мрзата е правопропорционална со обемот на материјал за колоквиум?!
 
Конечно, по 1 недела, конечно, излегов од дома. И некако пребрзо ми помина се...


images
:)
 
драга срцке,

После толку време ми текна да пишам. Како што почнав да пишувам така и почнав да размислувам што се случува со мене последно време, што има ново, до каде сум, како сум..
Убаво викаат тие некој си што знаат дека пишувањето дневник е добра работа. Го знаев тоа, ама сега го искусувам..


ии.. до каде сум, како сум ? После оној период "интересен" кога ги откажував оние бонбончиња што правеа да се чувствувам божемски подобро препорачани од докторот за " решавање на психички проблеми" a потребни за органски наод.
Тој период беше КрШ, иако сум добро запознаен со себеси и психологијата на човекот и неговото однесување и реакции тоа не може да се контролира. Сеа сум топ. Факсот е стандард, ноќен живот повеќе алкохол, а од кога почнав со електро помалце женски околу мене.
Сега се две стандард кои ми се вртат ни умов нон стоп а за кои ни 5 пари не давам. Чудно.
Ги држам на дистанца. Да до мене е .
Има уше доста за сфаќање ама во едно сум сигурен одам напред. Има периоди со голема самодоверба има периоди со намалена самодоверба, се гледам себеси како неконстантна личност. Или можеби и не е така, јас сум истиот ама го менувам ставот кон другите, го менувам гледиштето кон одредени луѓе.
Кога сум во одредена ситуација како да имам цел и се фокусирам само на тоа .. таа .. и сите други не постојат, не постои ни светот околу мене освен таргетот. Се посматрам себеси и се чудам, ич не ми чуе што мислат другите, ни имам потреба некому да се докажувам.. сфаќам кога некој ме гледа како расеан, можеби недоминантен, следбеник а го можам токму спротивното ама немам потреба немам ЦЕЛ .. за разика кога сум со некои "важни" за мене личности и кадешто сум вистинскиот јас. Јас со фокус.

драга кајгана, благодарам за вниманието на моето "гласно" конфузно мислење, ми се допадна, можеби ќе се дружиме пак за некое време..
 
Превртено, испревртено...Кога не очекуваш поштарот на врата и опа новост која ти менува се живо. Види, мене не ми е чудно што животот ми бил едно напред две назад. Традиција си е тоа, мора да се испоштува. Чудно ми е чувството кога ќе загазам со едната нога напред. Веќе не е исто. Додуша што е исто?
Така ти е тоа јаране мој. Стари пријатели со нови обврски, нови пријатели со познати навики, муабети кои не се менуваат, карактери кои се повторуваат. Се е различно, поинакво, а сепак исто. Иди најди му го крајот.
Јас почнав да се менувам, да чувствувам замор, нешто што не ми било својствено ни на сон. Ме заморуваат бесполезни муабети, радо би зјапала во празно во тишина, отколку да правам муабет за времето без поента; ме заморуваат напорни луѓе, тажни приказни, празното време на кое му треба квалитет. Само мене ми се чини или сите се уморни? Како да не носат глава на раменици, ја оставиле дома со својот сон од детството еден ден да се оптегнат 10 дена на плажа со мохито без да се стегаат кога ќе дојде време за бакшиш на келнерот. Само што сега преголема грижа им е што патлиџанот, струјата, нафтата и струјата ужасно поскапеа. Овде на овој простор се собрани премногу такви соништа, до толку многу што стануваат патетични. Се сопкаме на сонот на комшијата, а тој на нашиот.

Туку, ова е мојот омилен период од годината. Моментот кога цело маало ми мириса на јоргован и на цветот на дрвјата. Луѓево повеќе го сакаат летото и едвај ги чекаат 10 те дена одмор за кои плаќаат повеќе отколку што имаат, и во суштина повеќето се одмораат од одморот, а јас секогаш го чекам овој прв мирис на вистинска пролет кој речиси секогаш е околу Велигден. Ова е времето кое јас го сакам, до крајот на Мај. После тоа им оставам да ми раскажуваат каде ќе одат на одмор, додека јас сонувам за мирисот на наредната пролет.

Нешто недостасува во целава моја приказна....Знам и што е тоа, ама оди најди го кога тоа не те бара :wink:
 
Драга

не е на арно коа и кучето ќе те остаи на пола пат...
 
Чувството кога ќе сфатиш шо се дешавало со германските деклинации у 3 по полноќ...НЕПРОЦЕНЛИВО! #deutschinmeinherz<3
Инаку јас добра, едвај чекам да помине денов и да дојде петок. Се по старо. Heart is in the right place, brain is in the dirt. TTYL
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom