Кајгана
Синоќа беше чудно. После многу долго време излегов со школски, и бевме на фенси места... ама места, шо да ти кажам. Во првото обично одат луѓе за да се видени, а не за да си поминат јако... јес да Викторија Лоба

tapp

пееше, ама немаше лош избор на песни. И погоди шо? Само 5-10% од луѓето играа, се забавуваа, а сите останати стоеја покрај РЕЗЕРВИРАНИТЕ маси или сепариња и само гледаа наоколу и оговараа. А да... и не носев штикли, замисли! Со то бев црнец. И играв на музиката. Тоа ме направи црнец ипол, накај двајца
На второто место кај шо бевме беше весело, пијано, разиграно, шабанско. И пола фаци од гимназија беа таму (шемата:nesvest

, а го видов и најголемиот бубалица во генерација, кој воедно и ме мрази!!!!!! :tv:
Беше чудно. Си поминав убо, ама не како што очекував. Сега незнам дали јас сум таа која неможе да гледа секакви луѓе пред себе, посебно не фацки кои сум ги гледала 5 дена од седмицата, а сега пак ги гледам и за викенд.
Како и да е. Вечер свири Четкар(совршениот маж)!
И уште нешто... денеска имам договорено 3 кафиња. За едното треба да чекам гости дома, а за другите две треба да одам на гости. А за нареднава недела имам многу за учење, и стандард средношколски муабет - немам со ништо почнато, не пак завршено.
Отидов јас да фатам книга, бидејќи црно (накај сивкасто така) ќе ми се пишува :wink: