Драга Кајги,
Конечно можам да се пофалам дека овој пат не го утнав близнакот!

Конечно, овој пат погодив! Велам конечно бидејќи и самата веќе не знам колку многу пати сум се резилела, а Бога ми и ти самиот знаеш колку пати си ми пукал сеир.
Буљаш, треба повеќе да се смееш и да ги исфрлиш некои грижи кои ги имаш, оти ти се одразуваат на ликот. Сакав да те поздравам денес, ама некако ми немаше смисла. Ти тажен, јас преморена... Рече дека си бил среќен?! Тоа што го видов на твоето лице не беше среќа, освен ако за тебе среќа не претставува лажната насмевка и желбата и маката со сила нешто да избришеш од твојот живот. Но, тоа не си ти, џабе везеше.

Тагата и заморот ти се познаваат од километри! Одморај повеќе, оти психички си под нула. После толку време мене не можеш да ме излажеш, те знам `ко сам што се знеш, сеедно дали тоа ти се допаѓа или не. Леле, сега може ти звучам како тетка Сабинче, ама не сме исти, јас знам шта си у oроскопу, а таа мора да праша.
Туку, колата не се паркира на тоа место, не е убаво! Мора да менуваш нешто, си знаеш и сам. Што убаво ми налета денес, баш кога помислив дека може да те видам и опа... пред мене позната фацка на младо насмеано момче, ама со ептен тажни очи бе. Ок, признавам ми падна малку мака, ама и ти ме одмина еднаш, ти текнува?! Дури и се утепа од фалење... Ти си почна прв, а јас само ја следам твојата игра, мора да признаам доста работи ме научи. Добар учител беше, се надевам дека јас испаднав добар ученик. :smir:
Драги мој... буљаш си бе, буљаш!!!
П.С. Близнакот кога ќе ме види ми врти со главата.

Mе поздравува, бе...

:kesa:
За песнава си знаеш историја!

Ајт! :helou: