Драга Шенка,
Браво за мене. Цела вечер да мислам дека Сусаро е Пикасо и да му дрндам на детето дека е провокатор ( фала што се разбудив со мислава Господи). И за Шопенхауер му зборев маааајкооооо!

Не за џабе ми рече ептен хипер, ко на дрога сум била. :kesa:
Ме мрзи да одам до Веро да купам Оранжина, ама до вечер ќе ме одмрзи.
Некои работи прават да се чувствувам толку добро, што едноставно не може да се грешни. Како 12 часовно журкање на пример... Поздрав од автобуската, сликите ќе стигнат покасно.
На 12 ти, ми џитнаа да покривам настан во Метрополис арена. И ништо немаше да споменам, ако не беше толку посебно - Фолтин Фолтин Фолтин!!!

НЕ, НЕ МОЖАМ ДА СУМ ИНДИФЕРЕНТНА КОН ФОЛТИН. Овие Арханѓел, шо знам, ама Фолтин - (Бранко, кај си бе Бранко бе). Решив - и да умрам и да загинам од клаустрофобија и не знам више што, јас ќе бидам во прв ред. Решено е тоа!