Драга....
Си пијам јас така утринско кафе со млеко и ужасно ми недостига нешто.Си мислам што е тоа и ми текна.Знаеш што е?Не знаеш?ке ти кажам.Тоа е драгано, нижото музичко училиште.Да, нижото музичко училиште во кое сум од 2ро одделение, во кое пораснав со звуци на пијано.Таму одев до 8смо одделение(сега пресметај си ти колку години поминав таму, половина од мојот досегашен живот).И сега како да не м и недостасува?Ајде кажи ми ти мене.Ми недостига, се околу него.
Ми недостига кога како мали ги гледавме големите со восхит како свират, па сакавме и ние така да свириме но не можевме бидејки или ги учевме основите на свирењето и некои побавни и полесни етиди, или уште учеме само теорија на музиката и солфеж(да се описмениме музички).
Ми недостига кога грлото не болеше во зимото и не можевме да солфежираме, наставничката на сите ни даваше ментол бонбони.Ех колку ментол бонбони имам изедено таму, повеке отколку за целиот мој живот.
Ми недостига кога сакав да свирам покомплексни песни, а наставничката не ми даваше бидејки беа пре сложени за мене како почетник, па се нервирав бидејки требаше да свирам со мојата генерација, а јас сакав поголемите.
Ми недостига кога наставничката првата година велеше „видејте деца најкасно се запиша, а најногу знае од сите вас“(тоа најкасно бидејки кога сакав во септември да се запишам мама не ме пушти, мислеше дека е мерак шо брзо ке ми помине, ама за родендено сакаах на музчко да одам, и успеала некако да ја измоле наставничката надка да ме запише. она од првинта не сакала бидејки поминало месец и пол и училе се ново, ама ме запишала, и после најдобра од таму излезех

).
Ми недостигат музичките диктати!А имам ги направено во енормен број.Кога бев 3то правев диктати со деца од 7мо 8мо одделение(барабар бех со големите).И сите ми се чудеа, мала бех а правех диктати по слух(некогаш само можеше ритмиката да ми е неточна, оти мала ногу навикнана бех на полесни вежби а они правеа потешки диктати, па и како за натпревари) ама битно по ноти 99% точност имах!
Ми недостига тоа кога остануваах и до 3 саато на прва смена, се си одеех со наставничките никако со другарките.Интересно ми беше, слушаах си музика, правеше ми диктати наставничката ако немаше солфеж!А на втора смена уште у 10 одеех таму, е сеа тоа ми недостига, обично ке станев во 9, ке јадеев и ајде на музичко.Сеа станав у 9, не јадев и нема да одам на музичко.
Ми недостига тоа што кога ми беше скршена клучната коска, а јас ситна и така едвај ташна носам, кога си одев со наставничките они ми ја носеа до мосто.
Ми недостига нижото музичко училиште!Не одам 13 дена(бидејки почнувавме на 1ви септември исто) а веке ужасна носталгија ме фаќа!
Како ке издржам на таму?Ке си свирам и дома, еве у моменто учам ја Турскио марш, после ке учам сонати , сонатини и сл шо не сум ги учила до сега, ке си земам книга со композиции од Моцарт и Бетовен да си учам, ке си ја повторам За Елиза бидејки ја имам скрос заборавено(на сентисајзеро 2 тона од тие највисоките ги нема и поради тоа и престанах да ја свирам), мама ми кажаа ако сакам можат и приватни часови да ми уплатат, ама не е тва тва.Веке имам доволно големо искуство у свирење за да можам сама да научам песна, точно ритмички и се, знам го добро начино на учење, како се свират одредени музички појави.Со сето тоа сум поткована, не м требат приватни часови.
Финтата е во старата музичка барака, во која поминав 7 години од мојо 14 годишен живот.Зар е тоа малку?Не би рекла, во таа барака имам најмногу спомени.И сите убави.
Поздрави со песната
Твојата носталгична Love-computers