Вчера беше лудница ден.
Прво бев утепан од патот и око не склопив. Тој ден не фатив ништо, само го пролежав, дури не ни вежбав. Понеделникот исто бев уморен така да одлагав до последен момент.
Во десет вечер ме фати с'клет дека време веќе нема и ако не почнам одма нема да стигнам ама воља за работа нула. И така седнав уклучив фотошоп и со мака направив две визуелизации. Добри испаднаа ама уште 8 треба. Си викам нема проблем ја имам цела ноќ ќе стигнам. Презенатацијата е во 13:30 секако стигнувам, не ми е прв пат

.
Ама, во 1 ноќе почнаа очи да ми паѓаат, концентрација нула и си викам, оди да се наспиеш инаку ќе бидеш ко зомби на презентација, ем на туѓ јазик ќе збориш ќе личи на ништо а да утнам не смеам да си дозволам.
Го ставив саатот на 6 да ми ѕвони ама станав во 8

. Од тогаш турбо и завршив во 12:30, сепак на време. Викам такси и таксито касни, каков баксуз

. Стигнав на презентација со 15 минути каснење а ме чекаат 10 луѓе, резил! Направив тужна фаца и им викам ми укасни таксито. Се насмеа проект менаџерката и вика, ништо де, битно дека дојде

.
Како и да е помина супер успешно

. Само дооолго траеше, 5 саата. Секој ѕид, секоја станица или модул до детал разглобени, зашто вака зашто онака, окап. Сепак вредеше, мојата прва комплетно самостојна работа и знам дека ќе испадне супер, ќе биде добра референца.
Сабајлево мал одмор а после таблата, фактурите и меморандумот.
Пс. Пријателки и пријатели, не бидете тужни пошто секогаш може да биде и полошо

.