Каква вечер

Гледам сите ги спомнуваат фамозните крофни од Хром и си викам ај да видам што е финтата

Недела дена ја давав идејата и денес откако искочив "за низ маало" конечно го остваривме патешествието.
Пешанката од Пржино до Хром и назад. Се што знаевме е дека се наоѓа во Хром и дека отвара касно, без некаква дефиниција на зборот касно

Јако темпо до таму и назад

Стигаме во Хром накај 1 и 20 и ја почнуваме потрагата. По улициве како за беља жив човек немаше.
@Jsp Slavija ни даде погрешни дирекции, ама барем најдовме човек по пат за да не донесе до "крофнарата". Влагаме и ни викаат дечки крофните за саат време ќе бидат



Се заседовме на кеј, и за саат време правец назад.
Доаѓаме ненаситно, земаме по 2-3 крофни нормално со што е можно повеќе крем или мармалад, додека тие се паѓаат од смеа дека сме дошле пешки за да ги пробаме крофните. Имаше некои дојдени со кола од Кисела Вода. Не можеа да се соземат кога разбраа

Моментот беше кога со сите тие крофни ни дадоа цело пакетче салфети

Кога се разјадовме, типично Пржински си седнавме на тротоар пред крофнарата, се разгракавме, се разјадовме, свршивме на вкусот на крофниве



А дома претходно јадев еурокрем, и после тоа уште толку се нагнетов.
Бар сега ќе си знам, со мармалад за 20-че, со крем со помалце мастрав од 15-че

Како бе наваму не изградат нешто вакво

Нормално, сите вакви патешествија со тешка серка ми завршуваат. Како се стегнав до дома ни сам не знам, ама последните 500 метри со спринт сум ги трчал после 15 изодени километри во јако темпо

По пат лудории, празни патишта, си пеевме селски песни, Р8 АУДИИИИИИИИ, НОЧАС ЉУБИШ МЕ НА ХАУБИ

Притоа по пат две згазени мачки, една ластовичка, како и бркање со полиции накај 3 и пол, којзнае што се случило низ градов, еден куп полиција плус амбулатни...
Мисијата е завршена, си најдов уште едно одлично место за јадење, сега ме чека креветов да го посетам
