Е ај.
Напишав километарски пост и ми падна нетот и автоматски неам пост.:uvo:
АААААААААА!
Ок. Вака.
Досадно ми е, за неколку саати бегам у Струга, ќе пееме пак. Вчера на проба сфативме дека четврток не ни е нешто по ќеф за свиркање.
После тоа бев со жениве мои на чај од портокал и цимет у Круг. Си ја видов професорката со нејзините жени, стегаа сечена вотка. Кај неа полагам во вторник

Ќе ја уценувам!



:pos2: Како не...
Во средата умор пред очи ми беше цеел ден. Едвај смогнав сили да одам на филм.
И не зажалив.
Катарза сосема, со Менди бевме и се радувавме на моментот кога уметнички ќе те здрма некој филм како што е Si puo fare. Се клањам, сериозно.
Поентата е таква, секојдневно алармирачка.
Сега сум дома во дума. Сакам да пливам во езеро со Мио мој Мио. Ми се јадат шишарки од чоколада, ама нема. Има ишлери. Пак аздисувам, знам.
Изгуби поента постов, зошто првиот ми беше поубав и поосмислен. Ама ај.
Битно имам нет, и сум стабилна :baeh:
Медс