Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кога ќе си полн со позитивна енергија, доста ти е и по 2-3 саата време спиење на ден. Е така ми е периодов. Фини луѓе, смешни моменти, дружба, љубов, пријателство, Пенезиќ, Лазовиќ и Штербик во Вардар.... Уште сестра ми да ја испратам на екскурзија викендов и да ги елиминирам скрос замарантите, барем за периодов.

сега ќе гледам добро утро Македонијо додека дојде време за излагање од дома, периодот за јавување на гледачи е за HBO Comedy да подзавидат.
 
Кајг.
Како да убиеш монотонија? Со пиштол не работи, освен ако не го насочиш кон себеси и испукаш и валда ќе заминеш во некоја потешка монотонија... Уствари заеби, нема да ти е гајле. Ама луѓе се убиваат и без пиштол, монотонија тешко.
Е вака, излегуваш и не се прибираш дома (освен за спиење ама кај и да одиш и каучот е доволен) и полека бааавно ја убиваш монотонијата. Одиш на кафе во 2 после полноќ, се гледаш со изгубени луѓе некаде низ телефонскиот именик, онака случајно: Еј шо прајш бе? ај кафе да пиеме или слично. Одиш да помагаш за проекти, онака, колку да не си дома. Трчаш 10 спрата надолу (пошо нели ова е бетонот и лифтот мора да не работи) по пат коленото те потсеќа дека не го бива ко ко си бил млад. Па ќе фатиш да шеташ со некоја тазе музика.
И така, безвезе работи, ја си дојдов да си се истресам глупости. Убави денови, иако мразам сонце. Ама ајде валда проклетава настинка ќе помине... некогаш :)
 
Драга
По глупо, по необразовано суштество од џандар значит непостојт, ама колку сакаш убедви ме дека не е така реалноста си ко кажвит обратното. Само толку имам да ти кажам и ништо поќе, остани ми со здравје.
 
Драга

Донирај пари за сиромашни и болни...месец дена покасно се спремаат за на пат во канада...и ПАК бараат пари :(

Вчера другар на другар ме молеше да го приберам брат му за една вечер, немал кај да преспие. Трчај, чисти, купувај храна, мести кревет...во 22:30 стига порака: не доаѓам! Последниов месец само 6 пати го напумпав душекот, а само 4 души се појавија! Мислам дека сум на граница на толерантноста...следниот што ќеси поигра со мене ќе го наебе

Иначе ја пак се смешкам, јас ништо нефер не направив така да нема што да се нервирам :)
 
ДК

Сакам да ти кажам како јас како Шпањолка научив да зборувам македонски. Работата е што јас несакајќи се смував со Грабул. Мене всушност ми се допаѓаше Димитров, но ме излагаа дека Грабул е Димитров, па се смував со него. Знаеш, на нас Шпанците вие Македонците и Бугарите ни сте исти, па се збунив малку. Потоа онаа ороспијата Марија го ќари Димитров, па кога јас видов дека направив грешка, го откачив Грабул, но македонскиот ми остана.

Ете така, се исповедав.
 
Што раат си бев додека константно врнеше...
Сега наеднаш спука сонце, за неколку дена викаат повторно ќе врнело.
Тешко нас метереопатите. Маме ни е... :icon_lol:
А поготово тие што сме во подкатегорија што никогаш се немаме здобиено со потешки повреди, а цело време нешто не боли.
Де лева нога ме врти, де десна... да видиме до вечер уште што ќе ме боли. :ROFLMAO:
 
Се, се думам другар до вечер да отворам тема: „Немам пари,може со секс да наплатиш-ам“
А ова ми се има десено,и носиш до дома вреќа компири + 3 гајби домати со кола а надвор врне,дури и и ги внесуваш до врата и на крај ти вели:
Извини пари немам,се ги потрошив на пазар,ќе велзеш ли да наплатиш.
Е тоа ти се вика брат размена на добра, познато уште пред нашата ера кога немало платежни срества.
Интересна тема,а може ќе се уклучи и некој водоводџија,електричар или столар кој вака поминал кај некоја снајка.
 
Каков малер ме има спотерано периодов, а бе името и презимето да ми рече некој да ги напишам ќе си ги утнам со гаранција.
Викаат: Bad things come in three. Бљак. Не сакам да верувам, али во последно некако се пореално ми е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom