Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Добро значи, уште колку пати ќе ми се случи, да уклучам погрешна ригла?
Се утепав од чекање да се загрее зејтинот, тоа погрешна рингла да сум уклучила.
Па уште го гледам рокот на зејтинот, случајно да не е поминат. :facepalm:
 
Не сум бил сериозен. Па решив да не ставам смешковци. Било на фб, било на форум. Не личи на мене, ама тоа е.
Btw, ме зафркава фејсбукот, со неговите прашања.

10011193_743885278989451_395967058_n.jpg
 
Нешто не ми е денот последниве три години...

*али битно уште сум оптимист дека од 2015 наредните 3 ќе бидат мои, по проста логика дека претходните три пред овие 3 ми беа најубави...
 
Тој што ќе го прочита овој коментар е буљаш.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Драга,

денес за првпат после долго време трчав. Имам намера да се спремам за следниот скопски (полу)маратон. Никад не сум бил помотивиран, да бидам искрен.
 
Picture 1554.jpg морав вака, а морав и овде да го ставам не е веќе за криење,море и во влез ќе го закачам на таблата.
 
Живееме во време кога во мода се фраери и шмизли со копии на познати светски брендови и нормално кинески Ајфон купен од тие тезгите пред Бит Пазар. :X3:
 
Жими се најмногу ме нервираат аљкави продавачки.
Од такт ме вадат.
На некои уште од старт им нагласуваш дека сакаш ќеса,тие ко за инает прво ќе ти ги искуцаат сите артикли и на крај ќе ти дадат, во истата секунда ти наплаќаат и веќе почнуваат на тој после тебе да му куцаат, а ти не си успеал ни ќесата да ја отвориш.
Легендарни ми беа и оние од Макси д,ама пусто го затворија. Се прави ненормална гужва на каса, а работи само една, другиве 5 кај сирењето застанати и се караат. Секој ден. Секој ебан ден.
Ама, ама ова денес во Тинекс беше врв. На касата максимум биле дозволени 4 артикли,а мене со се ќесата ми беа 5. И ме префрли на друга каса,а ко и реков на посебна сметка да ми ја куцни ќесата DEVOJCE NE MI SE ZANASAJ OBEZBEDUVANJE KE TI VIKNAM!!!1111111
Е, не се со сите мајке ми.
 
Драга,

Само будала си арчи време да си се шетка по прашања, ден пред полагање на два колоквиума.
Плус, едниот до пола научен, другиот не е ни пипнат. Па зашто мислиш дека трчав по прашања?
На едниов ќе одам до 80%, другиот 100% од прашања, пола ден и цела ноќ е пред мене. И, се надевам на 2/2. :cool:

Нема кој да ме теши остај, сама мора да си се тешам. :LOL:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom