Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
It is not a bad life, it is just a bad day.

Ако доволно долго го повторува ова човек, станува вистина. Барем со текот на времето стана мое мото. Покрај она другото, најважното... основата на мојата животна филозофија.

Ми се патува. Многу.
Да одам некаде сама, да шетам по улиците низ светов сама. Да уживам во сопственото присуство, како што тоа секогаш го правам и ми е најубаво.
Се надевам дека планов за наредната недела ќе се оствари и дека ќе успеам да се шмугнам на неколку дена од државава. Ми треба одмор. Премногу го сакам Скопје и секогаш му се враќам, но понекогаш се гушам, ми треба простор, ми треба слобода...

Инаку, сигурна сум дека улиците и кафулињата и пабовите во Даблин и Лондон се создадени за моите штикли и старки, ме чекаат некаде, а јас еден ден ќе им се придружам...
 
Она кога за прв пат оставаш повеќе чоколадо за другиот,а очекуваш да ти рече не фала.
Твое е.
tumblr_mqm9f8Gexx1qfrrv2o1_500.gif
 
Постојано читам како на некои им била смачена самотијата и се чудам навистина.Колку сакам да сум сама барем малку, не барам многу.Да не ме замара никој, да си бидам сама, како што јас кажам така да биде.Не ми се разговара со никого, толку сум уморна,а морам да се преправам дека ми е се сјајно.
Си се бендисав ептен на сликите од полуматурата, јеееј.Барем нешто добро да биде.:D
 
Ќе ми фалат дупешкиве за скаузериве нареднава недела ама имало и нешто поинтересно од тоа...ај да видиме што болештии се ова жабариве.
italy-flag-small.gif



:cool:
 
Драга една твоја форумџика е лоша и на гладен стомак ми праи муабет за палачинки
Страшен филм ме ЛУПНА за поламце од стотинка...
Замисли палачинка топла мека испрчена до перфекција...а на нејзе еурокрем ти го мачкаш а тој се топи полека, си кршиш плазма бисквити и си ги наросуваш по палачинката, и така почнуваш полека да си ја виткаш, земаш голем здив, ја креваш високо ја лепиш на јазик и онда гризаш топло кремаво и крцкаво задоволство...драга и одма легнуваш друга на површина, а таа едвај чека да биде намачкана...си земаш кикирики така ќе ги подискршиш малце, и у едно тањирче ќе ги измешаш со една лажица мед и онда совршенството оп на палачинка, и у стомак, и после пак ги продолжуваш овие два процеси се дур не ти се слоши, тоа е знам за да престанеш инаку слободно можеш да јадеш....Ахххх...:love::love::love:

ПС. драга од возбуда се смотав ко палачинка и наместо овде, у каде можам да најдам го испратив мислењево прво....
 
Наместо да фатам книга (посериозно), јас фатив да играм кантер и да стигнам до Top 15 во најкраток можен рок. Арно ама, ме банираа на неколку дена, време е да се фокусирам на учење. :гик:
 
Моја драга виртуелна пријателке, :pos: те молам проследи го овој линков шо ќе ти го клам подолу.
О ти семоќен Путине земи не, земи не нас мачни напатени души зш уш малце земјава ќе не зејт ќе не однесит удолу ќе не голтнит сите, вид и виделина ќе се сториме. :ROFLMAO:
:pos:
http://vecer.com.mk/?ItemID=ACAF9FD7FFA81247945A03FB23DE1AC8
 
Драга,
Стварно не треба да сум на компјутер, ама ај, собирам снага да потсредам :D
А топло е у пм. Само да лежиш, да одмараш и да пиеш ладно сокче (со малку алкохол во него не би било лошо :D)
2 дена. Слободни :D Се надевам ќе завршиме многу работи, зашто не сакам да седам и да чмаам само. Иако е топло и тешко е да се активираш. Фак д сан. Нема да му дадам да ни ја земе енергијата :D Сакам со кучињата да идеме до реката и да се бањаат. Зашто и на нив им е топло. И базенче мало ќе им купиме, да се ладат на тераса :love:
Најдов мртва пеперутка. Мислам дека ја удрила кола. Таа што вози ко ненормална овде, сто посто. Гревче.
И то. Убаво ми е :P
 
Луѓето се многу паметни и несебични во давањето совети на другите. Да не ги познаваш, ќе помислиш дека животите им се совршени и сега им останува да го средат само твојот.
 
Ако примат полуписмен биохемичар во тешка индустрија место мене, пакувам кофериве и чао.
 
Драга, ова ми е прв форум. Кога се зачленив бев познат како Ali G. Пред две години во една тема ме нарекоа турчин. Ali ги потсетувало на турци..
Сега под друг ник, сум бил албанец. А замисли, јас полу-влав. Стварно е онаа: Ти солат ум, а јас шеќераш.

Дочекав денес Фаланга ми држи лекции за патриотизам.
 
Кајги постојано ми викаат да носам загаштена кошула, а така се осеќам како на селска слава да укарувам стоеден у дворо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom