Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Vo iMbox :-D

Ja dobra, eve nespijam. A mi se spie.
E aj sea :-D
Iam pernica nova, do nea da ne e? Moguce :-D
Mn prav mi go drzi grbot avospaleni muskuli iam. I ne mozam na stomak mn tvrda e, glavata mn treba da ja svrtam taka i vrat me boli :-D
Aj :-D
 
Драга К...и по некои трагични сознанија,животот продолжува нели?
Добро е што сум на чисто со своите приоритети и емоции...чиста сметка долг мир со себе си. :гик:
Почнав да обожавам промени и да пробувам се и сешто...мислам дека го најдов совршениот лек за досадата.Некни кога бев на новиот објект кој го градиме на работа,скицирав и прецртав дел од него скоро совршено.Ете,ми се најдоа корисни часевите по цртање и уметност и уште ми одѕвонува во глава прекорниот глас на татко ми како ми вели дека си го трошам бадијала времето на глупости.Епа јас велам дека секое ново искуство не знаеш кога ќе ти затреба,затоа се треба да се проба. :icon_lol:
 
Песнава ми излезе на ѕид на ФБ...
Ја немав чуено 329439403904 години, сега си ја пуштив и по дома си станав, си танцувам и си ја пејам песнава на глас.
Ааааа ме потсеќа на убави денови!!!!!
Сега знам што ќе слушам утре цел ден на работа!!!
 
Маки маче , температура вријам , дали ради настинка , дали ради тоа шо не ми се оде на факултет оваа недела , у глобала ај фил вери некорисно, нешто само лежам , тревата у двор уште е неискосена а веќе сме мај , ама како шо ја гледам ке треба со срб или коса , по шо за машината е веќе голема и може да ја расипам, и тоа е надевам се ќе престане да врне за да добиеме и ние амебите позитивна енергија , па да почнам да читкам нешто , оти и колоквиуми се ближат.
поззз4е
 
Insomnia please release me. :( Не можам никако да заспијам веќе 5 саати. Се пробав, во бестрага нека оди се, за саат и пол треба да станам!
 
Најдрага,

Сама себеси шејтан.
Сменава од 7 до 15 ме потсетува на едно време кога плачев по мајка ми штом и ги видев алиштата на закачалка, како во 6:30 набрзина си го пудри лицето, става Shock парфем и излегува од дома. Менуваше 3 автобуси за до работа. Мирисот на недостиг и истовремено храброст, неверојатен електрицитет низ емоции.
Денес, јас сум таа што излегува во 6:30. Не ставам пудра, ама ставам наочари и кесиче со тост и јаболко за на работа. Во автобус мириса на сон, глицерински креми и овошје. И на некој залутан спанко што ќе го украде денов сам од себе.
Плачењето не е решение, туку она потоа е.
Нели?
Одговорите не мора да ги даваме во вистинско време, но ги очекуваме секогаш со нетрпение. Си се гледам себеси посериозна, но истовремено и просторно отворена за секакви психопатологии на кои наидувам. На луѓево им требаат Луѓе. Им треба топлина, некој да ги прегрне, да им каже дека се’ што поминало е само лекција и горчливо апче за преживот.
Мене, воопшто не ме плашат таквите средби. Ме плаши што останува од моето кај нив.

Викендов, тотално незаинтересиран за мене. И јас за него. Кругови и флеки од виски по шанкови. Боемџиењето не му годи на мојот синус, мојот сон и мојот лажен дендизам. Само сум свесна дека живеам. Ми недостигаше тој. Не знам дали вреди да му кажам.
И секако, кога си најнесигурен, тогаш сите дождови паѓаат за да паднеш и ти.
Драга,
Само трескам зелени, пролет е.
Слушај ја Ања како убаво си пее. Тоа е се’.

М.
 
Мозокот сака одмор за да може да ти служи да го положиш најбитниот испит, а истовремено те стресува цела ноќ и не ти дава да спиеш.
Копиле!
 
Кајги ти пишувам од редицата пред Ватикан, ќе чекаме тука некое време, има редица од неколку километри
 
Кеј,
Иронијата кога во месец Мај врне и е ладно.
Си седам до каминот, оганот си пука, а јас јадам сладолед од банана. И убаво ми е. Ептен.
 
Драга,

Имало карма, еј.
Ќе поверувам во карма, кога ќе и го расфрлам цело ѓубре низ кревет, или евентуално низ алиштата.
А најкриво ми е што јас сум правела отстапки и исклучоци за битни дати. Да, кармата ми вика дека сум глупача, фала и.
Собирам сила да не и акнам една, зошто ми е страв дека тешко ќе стане.
 
End here I am people!
Се вратих бе!
Абре толку градби со готски стил никогаш не сум видела.
Сакам уште!:place:
И доколку некогаш сакате да идите во Монако или Монте Карло ќе ви речам уште сега:Не идете!
Премногу автомобили и луксуз!Ќе ви плачат очите до недоглед.Иако на прв поглед е одлично,ја не би седела таму.
Ту мач фор ми.:свиркам:
И што е уште подобро,си го дочекав роденденот таму!:icon_lol:
Ајт.
Да гнетам торта.
Повелеле.

:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom