Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК

Ми се чини има тема за ова ама еве тука ќе си изразам револт пошто не ми текнува на името.

Што е финтава што здрави прави особи лажат за бедни 30 денари?

Прва случка ми беше навечер ми бара 30 денари вика онаму ми е колата ми требаат за бензин.(Очигледна беше лагата ама си велам му требаат повеќе отколку на мене)

Денес иста случка прво бара од едно девојче кое му даде, после 5 мин случајно се најдовме на исто место и истата приказна со една баба која продава цвеќе и очигледно нема ни за неа па му кажа дека нема.

Во двата случаи се работеше за различни особи, но очигледно е дека се работи за истата шема.

Две работи ме интересираат.(се работеше за мажи во двата случаи можеби 30+ години колку што можев да забележам здрави прави)

Дали навистина постојат луѓе со толку мала самопочит па од девојчиња и стари баби да бараат 30 денари?
Дали ако навистина им требаат тие пари е толку тешко да се биде искрен?
 
Не можам да им се наслушам на новиве слушалки каков звук вадат пууууууууууууууууу, на А. му викам тапацирани се горе на обрачот, вика за тие пари шо сум ги дал кожа требало да биди тоа :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 
Драга, @Донев нема да добие лајк од мене уште некое време.
 
Драга Кајгана, торте едно:X3: :D
Први Мај, денот после триести Април всушност денот пред втори Мај, денот кој погрешно е разбран во земјава каде цел нормален свет излегвит надвор протестират или има демонстрации за зачувување и унапредување на правата на работниците или во превод интернационален ден на работничките права. Е сега пошо ние сме големи сезнајковци и покрај останатото не биват во исправање криви дрини утре сите так ќе се бувниме на скари, на кафиња.. дента кај шо морат да се изнајајш зш во другиве 364 дена немојш то да го прајш.
Шо знам јас од кај испаднав од негде нигаде јас во оваја тема остај то знам зш дојдов се сеќаваш пред некој ден за Номасон шо ти кажвев онај изветреанион партизан, е денес напрајвме дискусија го растурив ама не признават џабе, ех бе Налче бе песу стар.
 
Драга, синдикатите и сите тие штрајкувања сегде низ свет се најголемата глупост. Само славење на први мај е поголема. Да, цел нормален свет работи и зема плата, оти толку е природно да си продадеш саати од денот за плата со која ќе си купиш шо сакаш.
Гугл ги плаќа практикантите по 4-5 илјади долари месечно. Beat that, сојуз на синдикалци. Ама па тие практиканти не јадат скара и не се борат за повеќе слободни денови.
И за какви права зборувата, да не робови сте на фирмата? Ако не ви се допаѓа, вработете се на друго место. Ако сте неспособни, тоа ви е проблемот, а не правата.
 
Дојде и први мај, денот на трудот, или како што кај нас е познат, денот кога наместо во кафана се опиваш во природа.
 
Драга виртуелна пријателке,

Ја обожавам меланхолијата што ме обзема додека преку прозорецот од мојата соба ги гледам светлата на градот што тоне во ноќта.
 
Само ја можам да успеам да се разболам пред шетање.....
 
Добро е, не ми прекина батеријата дур ги испрочитам сите овие пропуштени ДК страни ... Неам ништо екстравагантно да кажам, па само ќе се надоврзам на горен пост за работниците и слично. Реално, ако човек е во првата половина од денот на работа, кога истовремено е и единственото работно време на повеќето институции (болници, социјално, служби, агенции, ујп, факултети), а кога ќе се врати не знае дали да спрема јадење, да се грижи за децата, да потсреди во домот или одмори, тогаш да, нешто не е ок со системов (бар кај нас, не знам за другите земји).
 
Не мора да биде некој празник па да чекам да се соберам со друштво.. Мене не ми треба причина за славење. Мене секогаш ми е посебен.
Ме чудат луѓево што мора да чекаат некој празник за собирање. Да јадат и да пијат. Не може да се случи на некој посебен ден?
После напорен и убав ден речиси и едвај стојам на нозе би било добро да се вивнам во постелата и да уживам во ноќта.
Ама.. денес слатко се смеев.. Добив и поклон од мајка ми. Сакам изненадни поклони. Скромни.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom