Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Се моли април да не се понаша како февруари. Во секој можен смисол. :rolleyes:
Ми се ближи роденден, сакам со сонце и насмевка да го пречекам, не со кенкање и 20 џемпери на мене.:sick:
 
И јас со цел памет најдов да си играм вединг планер во Македонијава... ако ми е. Се отепав работејќи 6 месеци, за 5 дена пред свадба се‘ да сменат. СЕ‘! Затоа што комшијата имал комшија што му кажал дека без адети не ја бива... Милиони треба да наплаќам и да тужам отпосле за претрпен стрес!
 
Здраво,

досадно,

мрзливо.

Чао.

too_lazy_to_get_up_-funny_animation_gif_5528626777.gif
 
Брат како го извади маркерот од прстот,лесно бе брат не гласав!
 
Нема ништо подобро од тоа кога ќе дојдеш од работа претепан, со цела планина навреди и понижувања врз тебе, и на крајот ќе сознаеш дека сепак имало светлина на крајот од тунелот, стипендијата ми ја одобрија за Дизелдорф.....фак јеа...
 
Moментот кога ќе сфатиш дека се она за што си се трудел, си се борел, наеднаш паднало во вода...
Но, продолжуваш понатаму, Драга К... Едноставно... мораш!
 
Charlie Sheen live style , дефинитивно уживам. Мада некако денот ми е шубе поради тие 300те бона од Албанија што ги заплени тетка Јанкулка , на телевизија добра роба ми се виде , штета што не успеа да стигне до пазарчето. :cautious: Нема веза , бугарски елитен алкохол во секој момент носат тетките од Петрич додека ќеркичките нивни скокат за 30 евра у скут. :icon_lol:
 
Кајги бе
На колешките денес главна тема и беше како ќе ги вапцале јајцата за велигден, абе се утепаа зборувајќи де ваква боја ќе земале, де кристали, де салфети ќе лепеле и уште што не. А јас како некој дембил ништо не однемив. Слушам и ќутам, меморирам корисни информации. Абе млада домаќинка, знаеш ко демек не знае. Не да не знае туку не сака да се замара. Е, тоа е, да си кажам право, да не го вртам муабетот. Лани свекрвата насмеана, полна ќеф ме прашува дали сум имала некоја желба и идеја како да ги декорирам јајцата, јас така индеферентна ја сечам од старт, во смисол знаеш како сакаш прави ги само остави ме на раат. Можеби сум јас исклучок од сета таа еуфорија за празников ама годинава ќе се потрудам да направам нешто, не за друго, за атер на детево.
 
Овие шо сакаат секс на добиено не ми се јасни... на толку слатки шо можат неконтролирано да се јадат озбилно би си играле комунистичка Кина со дечкото? :eek:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom