Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,
Добро утро :coffee:

Гледаше ли вчера Х Фактор... навистина беше зачудувачки тоа што победи Македонец..., но како и да е, победата е заслужена :)

Патем интересно било кога старите пријатели повторно се враќаат во сегашноста......, па малце станува поинтересно и подобро:)
 
чекај...не беше маседониа тајмлес слоганот за нашиот дел од македонија???? па од каде сеа грчка група со името маседониа тајмлес?!?!
 
Драга Кајгана
Абе драга знајш шо, денес сватив дека нас Македонциве не биват само за исправање на криви дрини, ама онака само од муабет се некој нешто ти мудруват или знајт како е, добро бе еф чим знајте еми оти не напрајте така ко шо зборвите?(А всушност реалноста го кажвит спротивното). Абе капак на све беше објаснението дека сме биле најнапредна нација во универзумов:facepalm:. Добро бе, абе стрико се слушаш шо зборвиш? Абе стрико дан ги имаш футнато лекарствата денеска а? Боже мој, абе шо не пациенти ќе сретниш.
Драга моја, од друга страна се токмам неколку дена да ти кажам нешто, да те прашам бе кајги, последниве неколку дена ми се вртит едно прашање низ гла Абе зошто е ѓеврекон округол? А?
Photo0061.jpg
Зш на пример не е триаголен?
Еј Драга абе многу јако се чуствувам со брадава, ко да имам супериорни моќи имам авторитет бе:pos:Сакам да ти кажам многу јака случка шо ми се деси абе поминвам низ турска чаршија и сиве овие Мераба ми викет, стариве особено само со глава ќе ми кимнат, демек како знак на почитување, абре луѓе дан сте ме помешале со некого? Незнам бе овие ми се сумливи дан ми излезит некој да ме регрутират со брадава за Сирија? Абе за жал ке морам да ја одстранам брадава за некој ден, знајш така ми налагаат.
Драга те поздравувам си чу се шо сакав да ти кажам, се читаме после.
До свидање:)
%7B634CB70D-EF51-4787-96B0-43B50751EEC0%7Dflag_small.gif
 
Драга,
Заврши и првото интервју. На прашањето зашто баш јас се делам од другите кандидати знаеш што почна да ми иде у глава? Е ова: I am just a copy of a copy of a copy, еverything I say has come before... Значи фала ти мозоче што соработуваш со мене! :X3:
И сега што среќа иам гарант ќе ме викаат на работа иако во јуни нема да можам цела недела да идам. Што е додатен стрес за мене бе?! :X3:
 
Последно уредено:
Kajганче!
Арен денов, ко за понеделник. Уште поарен ќе е ако заврне силен дожд и испука неколку грмотевици. Не за друго, често се дешава да се поистоветам со времето, колку и глупо/чудно тоа да звучи. Тежи воздухов маме му.
Редам успеси и сум мртва ладна за истите, како ништо посебно да не се случило. Рамнодушност, некогаш нешто најдобро, некогаш најлошо.
Зборовите на мајка ми за животот мој повторно ми одsвонуваат во глава и по не знам кој пат се покажуваат вистинити. I hate that feeling. Со душа го чекам денот кога ќе и' докажам дека може да биде поинаку.
Патем ми текна дека си ја скокнав традицијата оваа година, да јадам сладолед во Јануари, тапа бе! :cautious:
 
Драга,
членовиве твои обично гледаат по 10-ина саати телевизија, не седат на скајп/јутјуб/фејсбук/твитер/форум, па сеа ептен ќе им пречат политичките реклами :place:
 
Некои жени се ко чешма. Онака пушташ ладна вода, ама заради тоа што претходниот „корисник“ ја користел на топла, се пушта жешка вода место ладна и ти ни крив ни дужен ќе се изгориш. Ризик.
 
Ми се расипа денот од една слика што ја видов.

30-тина луѓе собрани пред автобус со капички со лого на главата. Таков микс немав видено - од 7 до 77 години , слаби , дебели , сиромашни , средна класа , убави девојки од 20тина години до баби од 70 години едвај покриени со партали на нив . Телефоните фрчеа , некои фалеа. На лицата се читаше нивното присилно собирање .
Енд дис ис џаст д бегининг на овој циркуски месец...
 
Драга,

Знаеш оние, тврдокорните пушачи кога викаат дека се релаксираат со цигара и ги смирува?
Јас да се труев како они, ќе се релаксирав со цигара на песнава.
Не дека би ме личело, мислам дека скоро никој не го личи со цигара. Добро, освен Џејмс Дин.
Не знам што е финтава со песнава, али ме опушта, а истовремено ми вади некоја лоша страна од мене. Мрачна поточно.
Судејќи по тоа што сонувам, дека си гледам крими серии и се палам на трилери, ваљда е поголема од што мислам. Да додадеме и паниката од темнина.
Иам навика да седам на прозор, отворен секако. Ретко, али се дешава. Небото надвор пред саат време баш некако опишува како се осеќам кога ќе ме фатат тие будалите, и се ми е рамно. Зачадено, стемнето, иако е ден. Темни облаци кои носат дожд, не само облачно време. Но, дрвјата имаат златна боја, има уште сонце, што е чудно, зашто го нема никаде, не знам од каде иде таа светлина. Пола од оградата е сончева, другата не ја фаќа ништо. Мирно е, може ќе се тргнат облаците, може ќе има бура.

Немало да ми стои црвена боја на коса. Дечко ми е убеден во тоа. Али што знае он.
Побела сум од природните црвенокоси, така што, не би било проблем тоа. Но, ваљда иако сум пошегаџија, позаебана психа иам од него, а би требало да е обратно.

Сега и црвено е небото. Знак, треба да пробам црвено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom