Водно денес беше совршено за снимање на хорор филмови

Особено делот кај боровите над прв паркинг.
Па и делот под него. Особено со бандерата која непрекинато репка, но со многу мала брзина. Пола бандера изедена во магла, само топката на врвот, трепка од време на време. Какви се сценарија ми се свртеа. Ретко делам исто мислење со еден другар, ама овојпат можа да се согласам дека Водно е планина која е совршена за снимање на хорор филмови, особено во овие магливи денови.

А маглата денеска не ја поштеди ни мојата населба. Не само нејзе, туку и над боровиве имаше магла, а полека ја снемуваше на патот кон средно. Нормално кога и да искочиме од козјине патеки, пред средно Водно шлог ме фаќа кога ќе видам колку луѓе се дојдени со коли. За ова денеска не сакам ни да зборам. Полн паркинг и едно 3-4 кривини под средно преполни со коли. Глуп народ само тоа ќе кажам. Што ќар од тоа ако си отишол на планина со кола volume 10000???

Како се губиме накај Марково, така губиме контакт со остатокот од посетителите на Водно, особено поради тоа што полека се стемнуваше.

Еве го Скопје гледано од Марково крувче. Го гледаш? Епа не го гледам ни јас, ама таму доле сме некаде, угушени во густава магла.
Не знам како да опишам ама дел од сликите кога се потстемни не ми ни излегуваа бидејќи место слика искачаше екран прекриен со ебана магла. Како некој да ми ја преминал сликата со онаа алаткана за прскање со спреј на пеинт

Најважното го фатив. Снимив како еден цел дел од Водно беше прекриен со магла, ама видеото ќе си го задржам за себе
Денов за одмор ми беше убаво искористен. А вечерта конечно ја зачинив со јадење на костени. Од кога се токмев да ги испечам...

Сега ми останува да поспијам, па идниве 7-8 дена ми се полни со работа. На арно нека е...
