Кајги ти текнува на времето кога имаше 3 бинга во Македонија?
Бинго на лотарија на Македонија со Ирена Спировска, Супер Бинго со Тони и Игор Џамбазов, а во петок на сител имаше едно Есктра бинго

Екстра бинго го водеше еден водител што никако не може да ми текне како се викаше, а фацата ми е пред очи

Имаше некоја наградна игра во Екстра бинго, кога бираа играчи од публика и пуштаа едни како топчиња од врвот на некое чудо на кое во долниот дел беа испишани награди, и во која преграда ќе падне топчето таква награда добива

Најдобро без конкуренција беше супер бингото, со наградната игра "Гледам супер бинго"

Што заебанции паѓале на оваа игра. Како копиљаци сите сме седнале и гледаме бинго, и кога вртеа за оваа игра, намерно му ѕвониш на некого и овој се пали дига телефон, чека малце, ти ќутиш, и со затреперен глас во исчекување дека Игор му се јавил вика ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО, и целата негова радост му ја нарушува твоето громогласно смеење

Не дека и јас немав паднато на финтата

Па ако ти се јавеше стварно Игор, за да играш мораше да имаш тикет од моменталното коло. И некои апла се гледа дека немат, и викаа "чекај жена ми го бара бингото", а уствари таа отишла низ цело маало бара некој да не има купено
Ах времиња

Или времето кога на наградна игра од "Млади бунтовници" Награда доби една постара тетка.
Тека Лиле доби кола

Маж ми ми рече, ај не си дете. Кога бев мала немаше вакви игри, затоа сега ќе ги играм
П.с. утре ќе треба да и продавам знаење на девојка која е минимум 6-7 години постара од мене. Ептен ме фаќа трема и многу ми е незгодно

Ќе видиме како ќе помине целата таа работа
