Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга моја, еве како следбените на Слаџана Велков се информирани, а притоа очи си вадат на тема вакцини, сирова храна и тако даље.

untitled.JPG

Лајкот ми е најмил од сите до сега. Слаџана ти си на ред. :icon_mrgr:
 
Кајги,
Кој ме тераше да се согласам за да одам в град, кој ќе се спрема, што убаво дома топло, леле само помислата какво е ладно надвор, а и плус ми се спие:facepalm: . Денес, и незнам више кога вака касно да излезам, во 12 се излагало глупости, само некоја глупава вака како мене излегува.
 
Не разбирам зошто антивирусните програми секогаш ме известуваат дека направиле успешен апдејт. Ќути глупачо и врши си ја својата работа. Шо замараш? Извести ме само ако нешто не е во ред.

Не дај Боже и Windows да тргне по таа логика. На секои две секунди:

- Графичката работи ок, сум ја зауздал курвата и убаво ја подигнав.
- HDD работи ОК, еве до сеа гуравме еден позадински процес и све најлепше.
- Мониторот работи Ок, штом го читаш ова.
- Сакаше да отвориш Google Chrome и успеав. Јухи јухи јееееј! Браво за мене!

No!

 
^а кој те тера бе учитељице??

Диар, задниве два дена ми беа попунети како конзервата за спанаќ на попај. Се испосреќавав со прекрасни луѓе и ептен ми е ќеф. Си надокнадувам со јутуб за чудесен свет.
 
Драга Кајги, како си?
Јас, фала на прашање. Толку, одговор нема,оти не знам како сум.
Само едно знам.
Во животов поосамена не сум била. Секогаш сум имала на што да се сеќавам, на кого да се сеќавам и кој да ме засмејува.
Сега немам ништо. Одамна не е било вака...

Отидов јас на цигара, да се докусурам.
 
Д.
моментот кога ќе видиш какви собиранки имало порано, а какви има сега :coffee:
 
Кајги, на Сител го гледаме Спајдермен, после следи The Host (не на сител) и така, убава ќе биде ноќта
 
Драга,
Никогаш не ме бивало за збогувања. Кога знам дека е време да заминам, едноставно го вртам грбот и заминувам без да гледам назад. Не поради тоа што не ми паѓаат тешко разделбите, туку дека никако не научив како да се однесувам во такви моменти. Се оди со солзи или со насмевка на лицето? Прегратка или ракување? „Ќе ми недостигаш“ или само „Довидување“? А зар е важно кога знаеш дека заминуваш за твое добро, кога знаеш дека полека полека ги снемува причините за да останеш, кога веќе речиси ништо не те врзува тука? Едноставно одиш и не се вртиш назад... пошто ако се завртиш знаеш дека е можно и да не заминеш. Затоа што и покрај милионите причини што ти велат дека е време да продолжиш, секогаш ќе можеш да најдеш барем една која ти вели да останеш. А знаеш дека тоа е најлошата опција.
На крајот на краиштата, не сите разделби се засекогаш. Велат секој крај е и нов почеток. Само времето ќе покаже дали е ова крај на една приказна или само почеток на ново поглавје. Луѓето доаѓаат. Луѓето се менуваат. Луѓето заминуваат. А понекогаш и се враќаат. А јас... јас сум речиси сигурна дека ова не е збогум, туку само довидување... на неопределено време. Колку долго? Не знам. Додека не осетам потреба да се вратам.
А дотогаш...
дотогаш...
Адиос.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom