Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кеј,

Изгледа имам ПредПиЕмЕс или нешто така.
Ме мрзеше да си ја влечам пепељарата од едната страна на креветот до другата од што се преместувам постојано а не ме мрзеше да станам да земам друга за да си имам на двете страни:facepalm:
 
Денес успешно одбранив дипломска и си дипломирав на електро/Финки и може да си ја поздравам дотичната професорка од средно што им рече на моите дека боље би било да учам занат отколку електро да упишуем.

Пуши го!


И така :)
 
Животот е падни-стани, животот е стани-падни
Животот е шоу, сакам да го следам од Фан пит!
Животот е сон, животот е убав,
не е така, али добар филм е така да се фураш.

Панта Реи, не е ништо како порано,
парите потроши ги, но заштеди на образот.
Безобразно ме занима,
дал ќе биде така ко што испланирав!

Сакам јас да знам дал ќе бидам пак
стариот во новото време,
Но не заборавај каде припаѓаш,
што и да правиш постарите рекле:
Добро да е, е, е * 8
Само за Добро да е!

Животот е стани-падни, животот е падни-стани
Животот е бајка(* *), романтична ко Париз
Животот е драма, животот е филм
колку и да глумиш искрен, некад мораш да изглумиш!

Мора да биде Добро!
Инструментален дел:...
Рефрен:...

Обично не ги почитувам дечкиве, не ја слушам нивната музика....денес ја заслушнав песнава и болдов ме стави во мисла цел ден. Гаден период драга, се чувствувам бескорисен, разочаран буквално на секое поле веќе немам желба за ништо, се каам што продолжив со надоградување во оваа професија, се каам што ќе фрлам уште еден куп пари за учење и што сум се родил во државава, се каам што пропуштив многу работи во животот. Животов ми одржа многу гадна лекција може да ме сфати оној кој поминал низ нешто слично, некои ќе ме осудуваат, некои ќе ме исмеваат и прават ненормален али ако не замерувам веќе на ништо, рамнодушен сум буквално на се. Несакам да ги замарам оние со кои сум постојано, насмевката која ја имам последнава година ја правам насила, секоја шала и смеа ја правам на моја сметка чисто да не се замараат со мене али веќе ми е прекурчено од се...незнам до кога ќе фурам вака едноставно не го разбирам животов, навиките на луѓето, изговорите кои ги даваат тн и тн. Секој нов ден се обидувам да сум подобар на секое поле откако предходниот и повторно грешам, повторно се отвора бездната и пропаѓам поради некоја банална работа, се трудам да бидам подобар од другите, а ме ценат како да сум полош, се обидувам да му угодам на секого, а дозволувам да ме заебат сите......Сега требаше да сум на забава, бев поканет, но ќе ја прескокнам и оваа, минатата ми беше пекол.. Сите се запнале со таа ебана Нова Година планови секој ден,небаре е којзнае што тој еден ден во годината... изгледа годинава нема да одам никаде, ќе си седам дома со единствените кои знам дека ме сакаат од срце. Во моментов ми доаѓа да се дерам како луд, да исфрлам се што е во мене, да ја потрошам целата енергија која ја имам во мене и еднаш да заспијам спокојно,да удрам најсилно што можам во нешто да чувстувам физичка болка бидејќи психичкава е погадна.... ме измачуваат кошмари постојано на почеток мислев дека ќе се смени нешто со промена на стилот на живот али не за долго.... повторно се вратија.Не сакам воошто да го пишувам тоа тука, али мислам дека ќе експлодирам особено денес, особено во моментов.:notworthy:
 
Драга не драга

Преку к*р од Пол ВОкер и теориите за неговата смрт/ местенка, жив е не жив. Загинал и шо сеа ? Сечете вени ако не, и постирајте "If I die when i drive fast, do not cry, i was smiling"... не се секирај, нема да плачеме. Не знам како да го наречам ова веќе. Дебилизам.
Е што се нервирам за вакви глупости. Не знам дали е до мене, дали сум ја вонсериска дебилчина или сум опкружен со глуперди.
 
После оној пораз на Јунајтед од Евертон немаше смисла да се уклучам и да ти посакам добра ноќ, драга Кајгано. :(

Неочекувано беше.... после тоа се напив парацетамолче, топло чајче и си заспав.. ZZZZzzzZZZzzzzz
 
Оп свети со ламбата, ајде застанав и џандарот вика едно светло не ти свети на колата :pos::pos::pos::pos::pos:, од кај идиш од кафанче? Не бе од слава идам :pos::pos::pos::pos:. Ајде ме евидентира и да сум регулирал со светлата.


Инаку убавини ми подмрзнаа тоа стаклата па возев ко нинџа, море ми викаа застани нека се покачи температурата кој бе со врзани очи три километри ако треба :pos::pos::pos::pos::pos:. Еј какви филмови ми прави в ендек ова она јас со колата, немаше ништо добронамерно во неговата изјава туку сугестивно она ме влечи накај негативната страна, аи си викам ти понастрана од мене многу лошо ми вибрираш :icon_lol:.

 
Стареам.
Или созревам. Не знам.
Правам многу грешки. Така ми се чини, можеби. Се трудам, или не? Некогаш, навистина не знам која е мерката, силата, важноста. Па само си молчам. И онака сум баритон денес.
Добив комплименти дека сум есенционална и не смеам да се извалкам. Добив и опомени дека правам непромислени потези. Нема едно без друго. И си правиш шејк. Хранливо, за главата.
Пеевме вчера. Црвен кармин и вино. Утрово мејлови еден куп. Му се јавив вчера да пренесам љубов. Скоро и заспал, само ми мјаукаше. Немаш претстава колку сакам да те видам. Можеби никогаш нема да ги прочиташ овие зборови, којзнае?
Си мјаукаме сите. Сите скришум додека заспиваме, си ја гушкаме перницата, или партнерот/партнерката и си мјаукаме. Сите тие неартикулирани крици се анималната потреба за спој. За бивање со некого, да се испразниш од себеси и да станеш Ние.
Мандарини, нормално утрово - зошто вчера со таксистот, откако ме остави кај Специјал, и двајцата влеговме на бурек. Се отвори човекот. Тежок живот. Завршил правен - работа нема. Може имаше четириесетина. Сакал да патува низ светот. Ама вака патува низ светот наречен Скопје. Низ залаци бурек, добиваш уште една судбина гратис. Ми треба мемориска картичка плус, за да запаметам вакви ситуации. Пенкало во чанта секогаш. А и подарок од блогерајов.
Денес, ми недостастуваш повеќе од вчера, а кога ќе дојдеш, ќе си достасуваме ли? Се прашувам и тоа.
Многу Марсовци низ градов. Ерава, загадена, прво од воздух, па од крв. Сакате револуција, а немате став. Не може така. Излези од својата конфор зона па кажувај ми прикаски. Не ми се мудрува, а толку работи впивав деновиве. Хакерска етика и слобода на говор на вакви страници. Што е тоа? Потреба за его трип? Некој чита и жедно ти прави проценка? Мислењето ти е како задникот - нели секој го има, ама не мора да го покажува. Т.е зависно што има да покаже. И фарса, фарса, фарса, замотана во прикаски. Е токму тоа чувство прелета деновиве низ сите мои системски подредени вредности. За кои преиспитувањето значи страв. Промена. Можеби и пре-размислување. Почит и демагогија - толку си се лажеме уверливо, што сето тоа на крајот на денот станува религија.
А сакав само да кажам дека гласот ми се фати, боровиов сируп ме омекна. Дека стареам, човече.
И дека освен здравје, љубов и луѓе веќе ништо не ми треба.
Четврток, ко да ми мириса на снег. А може и само ми студи.
Враќај се.

М.
 
Кајганче!
Иако касно, денес се разбудив со насмевка на лицето. Денов мора да е убав! Ако нешто ми мрчи или се спротиставува, одма ќе го опраам! :).
 
кајгано,

ме интересира дали некој градоначалник ќе пројде кај оваа изгорена куќа? ме интересира дали и со која брзина ќе се организира концерт за да се соберат средства за ова семејство? или они не се овај бејби важни :(

http://www.vest.mk/?ItemID=B865756803DFB64992592DE084A343FD
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom