Драга,
ќе пробував да ти објаснам како се осеќам, али знам тебе ич не ти е гајле, а мене ме мрзи да пишувам, а и има опасност да звучам љигаво, па ќе си ги задржам мислите на таа тема.
Секој пат кога пишувам "чувствува" или "осеќа", во било која форма на глаголите, ми текнува на една долготрајна дебата која ја водевме во средно објаснувајќи и на една другарка дека "чувство" и "осет" го имаат истото значење, едниот збор на македонски, другиот на српски, при што нејзин главен аргумент дека се различни беше реченицата "он нема чувство за осет", однесувајќи се на тоа дека некој бил бесчувствителен. Мислам дека до ден денес горенаведената е убедена дека била во право и дека тие два збора се различни.
Не сум сигурна дали спуштањето на гардот кој настојувам да го држам ме нервира или бескрајно ме привлекува. Сигурна сум дека го сакам чувството кое ми се создава кога некој сам ќе успее да ме натера да го спуштам. И, го сакам чувството кога јас успевам да срушам нечиј ѕид*. Ова демек некакво поврзување би се нарекло, а?
*Метафора, нели, не се занимавам со градежништво во своето слободно време.
Главата ми е во фаза на trainspotting. Од чешање уши се префрлам на тао на животот. Среќен е оној кој е offline на мојата skype листа вечерва.
Гладна сум, ама ме мрзи да јадам и ќе си седам гладна, и онака анорексија не ми се заканува. Ми се јаде инфаркто-предизвикувачки сендвич од седмица. Немам јадено година и пол. Ќе се бапнам некој ден, само немам со кого. Ми е гајле, сама ќе идам. Нико за нас не мора да зна.
Ајде ти биди си така. (Да не почнам со тоа колку отсекогаш ми била дебилна изјавата "биди така". Да бидам како?)
Додека си така, јас ќе одам да видам дали има некој сок. После пак ќе те проверам дали си уште така.
Бај бај (тука свири тужна музика што си идам):music5:
Н.