Коа мораш да праеш нешто, го праеш. Коа морам да учам филозофија, морам. И земам учам. Најчесто ради реда, ме нервира тој учебник. Ама прееска читав за Хераклит. Не знам колку го знаеш типов драга, филозоф, си ги мразел земјаците ака грците или хелени у тоа време. Човекот бил доста мудар и длабокоречив. Тоа што го кажувал, а не го разбирале, му го сметале за уште помудро. Можел којзнае шо да им дума, ама не ми е тоа зборо... Човекот творел најчесто усно и има многу малце пишувано за неговите мисли и идеи. Има напишано само една книга цел живот.
Најинтересно за него шо ми се виде, како дал објаснување за силите што меѓусебно се протиставени и заемно се обусловуваат. Типов рекол дека насекаде има спротивности, тие постојат едната врз основа на другата, спротивноста зависи од постоењето на она што нејзе и е спротивно. "Болеста здравјето го направи пријатно и добро, гладот - ситоста, а заморот - одморот". Пред толку време човекот ја објасни според мене целата психа на човекот. OWNED сите други грчки филозофи. Хераклит најбољи. Можда ќе ја засакам филозофијата, којзнае..