Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
..Драгаа Кајгиии..
Вечерва беф у Карев на свирката...јакичко беше..забавно:):))))
И видоф мноогу личности што сакаф, а можеби и некои кои несакаф да ги видам!..:toe: Битно се на едно место, интересно беше... Седружефме и така...

Само коа ќе ја резимирам цела вечер, размислувам како во еден момент на еден мој ‘‘другар‘‘ Не му закачиф Шамар па бар да има зашо да цмиздри!!!:tapp:

Али без тоаа.... СОЛИДНО:smir::vozbud::helou:
 
Драга,
Животот дефинитивно е таков каков што сами ќе си го направиме. Никој друг не влијае на тоа и точка. Барем не на поважните работи кои може да направиме да зависат само од нас.
Знаеш, цело лето и есен и почеток на зима ми беа пеколни. Испуштив од рака важни нешта и луѓе, падната во некои црнила од кои не знаев како да излезам. Сега сфаќам дека не било до незнаење туку до несакање. Еве, види ме сега. Мува не ме лази. Откако си средив некои работи во главчето мое, ептен се` ми се погодува. Дури добивам повеќе од тоа што ми е доволно за среќа и просечно секојдневие.
Имав многу повеќе за пишување и брзав за да си легнам порано, но ме прекинаа и очигледно пак ќе заглавам вечерва. А прва смена сум утре. Је*и га, еднаш се живее.
Ќе ти докажам друг ден шо сакав ... сега биди ми поздравена и пушти му еден куп среќа на будалчето мое кое го сакам од дното на моето срце!
Лека ноќ, твоја Дивне:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Кајгано бе,
ми удриле бан на подфорумот архитектура,зашто ??? кажи да ти кажам, мислам дека
во државава наша мила некој работи деноноќно за да и наштети...жално :toe:
Кога некои ќе сватат дека у оваа земја утре и нивните деца ќе треба да живеат,да престанат да се злобни и да работат барем ако не за нивна, за среќата на нивните деца и внуци.. јбг
у мајчина отидоа некои работи..
Ќао
 
Драга,

неверојатно е колку чоек можи да добие инспирација од мрак, тишина и цигара ...

Друго, научив една добра изрека : Everyone needs a co-pilote. Не дека не ја знаев поентата од претходно, али онака, налетав на неа 'in the right place at the right time'.

Толку. Не зачував зборој вечерва за тебе.


†GODLIKE†
 
Тапа ден. Тапа некако. Барем се видов со една другарка, си праевме муабет да надоместиме за времето што не сме се виделе, ама пак... некако празен и безличен ден. И во Хавана беше тапа. Времево е тапа. Февруари е тапа. Ок, сфативме дека сум тапа.
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Драга моментално само тоа можам да го искоментирам после вечерва
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Часовите се според зоната GMT +1. Времето сега е 05:58.
што д хелл чекам јас??? :uvo:
 
Драга Кајгана,

ја не го наебав, него го наебав дебело. Не знам зошто ти го кажувам ова, ама секогаш кога ќе ти кажам нешто, истото тргнува на подобро. Ете така.:back:
 
Драгичка:smir:
Да ти се пофалам,гнетев макарони со сирење и кечап:pipi:
И си го сакам новиот ибанез:back:
Ајт поздрави и честитки:helou:
 
Еја.
Дојдовме живи и здрави, ја дебела плус со добиено.
Ама се радувам. Нема да думкам бебе барем.
Лала ме виде и запозна, и колку е драга, оф леле мајко.
А јас пак, не знам како да се заблагодарам од ќефои што некој е толку искрен со мене.
Фала ти, мила, знам дека ќе го прочиташ ова! :smir:

Сарма или јуфки?
Струга е вонземна. Студ, магла, осаменост, небаре поетско дувло. Сакам таму стан и да одам по потреба.
Ех, ама сум вљубена денес.
Иако треба да правам еден куп гомнени обврски, сепак ми е убаво на душава.
И да, си имам и пари, да не заборавам - ми требаат за неколку важни работи, па и покрај мојата духовна благодарност, материјалноста ја живееме и нема да се фолирам дека од воздух ми е голем мевов.
Нејсе.... Го сакам животот и кога е гаден нервозен и полн со мозолчиња, ама и кога се насмевнува толку кратко, што ако не му се фатиш за трепки, ојде цел.
Го сакам момчето ми. Не има по весници.
Тандем сме креатива и воденица со идеи. Јааааа, баш сакам да го нацртам ова.
Денес ќе будизирам ама ќе јадам чипс.
Утре ќе сонувам како јавам бел коњ со непознат монголски војник и ќе паднам од креветот.
Заборавив да си закажам депилација. Крвави прашуми - серијалот, ќе продолжува,
срам не срам, тоа е.
Собава ми е харем на влечки.
8 пара се мотаат не знам од каде.
И да.
Морам да се свестам.
Сакам да бидам копирајтер, да работам на мјузикли и да не стојам наспроти ветерот зошто имам фронтални синуси и ќе ме боли глаата од тоа.

ПС: Мајка му на љубовот мој искоментира во еден наврат за мене: Лееле, оваа Ана ко јас да сум ја родила!
Да се грижам или? :nesum:

Идам да шантрам.
Медс.
 
Кеј
Колкави се шансите да се пресечиш со лижавче ма?
А колкави се шансите да не го довршиш рефератот за утре, кој имаше време 6 месеци да го работиш?
Колкави се шансите некој да заминит од градов сингл, а да ми се вратит после некое време во релејшншип? ( океј, се надевам за ова дека се 0% )

Ехее, шанси, можности. Денес е денот Д. Да се биде или не. Фатете го шансана во 5.
За понатамошниот тек на настаните ќе бидете благовремено известени во дневникот во 23 часот. :back:
 
Ој мор.
Се погоди денов од сабајле, ама ептен се погоди.
Ми фали сонце, не можам веќе со облачниве денови.
Не дека ми беше тоа намерата ама погорните две реченици на хаику поезија ми маваат некако.
Како и да е, за некое време треба да се мрднам да појдам до центар.
Да повторам ли дека се уште сум среќен? Нема потреба, не?

Остани ми со здравје:фалафала:
 
кеј...
тапа викенд -_- тапа над сите тапи во земјата на тапите....ок се изгубив малце:kukuu:
едвај чекам да си одам,не ми се седи веќе...
и + заборајв денеска заби да си измијам:nesum:
толку...
 
Драга Кајгана,

Јас сум си заљубен. :wub:

A тоа ги опфаќа секаквите видови постови.
Некој тажен, среќен, изнервиран, разочаран, на 7мо ебено небо, досаден, возбуден, еtc.
Сето тоа сум, да не навлегувам во детаљи. Beat that.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom