Чао Гага
Досадно ми е нешо, па да се подружиме малце во овие ситни часови, и за лошо и за арно
Драга зошто некои особи те бараат само кога: или им е досадно, или за да ти соопштат некоја лоша вест?
Зашто бе не те бараат кога нив им е убаво? Значи те бараат стриктно кога им треба нешто, или за да им правиш друштво, да изиграваш ноќна дама...
А ти влагаш у оган за нив...
Разбирам и зафатеност, ама еден повик што би траел 2-3 минути, алоо што праиш, како си, и тоа е тоа. И за тоа неможе да се одвои време?
И после иде најбаналното оправдување, извини ама зафатен бев, и ти океј, ајде уживај.
Они НА ти ДРЖ и така...
Буквално штендер за потпирање...
Доста беше за лошите работи
Значи обожавам ден каков што беше денешниот т.е веќе вчерашниот

Сонце пука, надвор све цута, ти слободен, абе само за луда трифртаља.
Кога сум кај трифртаљата, најлуд „шорц“ е

Ни долги ни кратки, па и у какви се бои ги има, зелени, плави, со цветови, лелеле
Па и кога ќе видам некој да игра фудбал со трифртаљка, најччесто брачата од другата страна на Вардар, абе хаварија се, и тука иде една црна чарапа, од перење избледена, накај тегет удара, дигната до максимум, небаре штуцни се, абе лудило чоече
Денес т.е веќе вчера, по 2 пат веќе го бањав на баба ми кучето у Вардар

Море море, да видиш каква ласта се фрла за едно пластично шише, мада денес малце потешко пливаше, бајаги најдојден е Вардар од дождовите што беа, ама него уво не го боли
А и да, кондициски се пробавме денес по кеј со џуклето, и слободно можам да кажам дека сме тука негде, ипак он е малце поспремен, ради расата, животиња е
А и едни луѓе ми се убација од нигде, и ми нудеа да го борам

Стварно се луди ако мислат дека за било какви пари би го пуштил да се дави со други песови.
Како бе може да гледаат како им се уништуваат сопствените кучиња пред свои очи?
Луда работа...
П.С. Драга ти денес за кој ќе гласаш?
За гомната или за гомната?
Ае со здравје до следно пишуење
