Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга!
306107_521955784516661_1960207981_n.jpg

Го држам светот во моите раце!
 
Dear, браво за големата храброст. Некој Марио-Сантос го напишал, кружи по фејсбук па нека го има и кај тебе. Во текстот има одговор на доста прашања кои тука имаат посебни теми. Јас нема што да должам, текстот кажува се. :cenzura:
И јас со писмо до премиерот
Иако однапред сум сигурен и знам дека нема да го прочитате ова писмо, тоа сепак е наменето за вас, за луѓето околу вас и за следбениците на вашиот престол. Премиере, вас ви е лесно, а ние обичните смртници живееме и умираме со истите маки со кои сме родени. Мојата животна приказна не е многу различна од другите реални стории на скромниот (да не речам сиромашен) македонски народ.
Мојот живот почнува во 1993 – та година, во почетокот на кризната независност на оваа проколната и проклета црна земја. Дете на транзиција, родено во почетокот на крајот, односно во длабочините на пеколот. Минував низ тешки периоди, а кога имав 5 години, заедно со моите родители и со мојата сестра близначка се преселивме кај баба ми и дедо ми во руските згради изградени во кобната 63 – та година. Ни тогаш не беше розево, а причината за преселба беше финансиски проблем, односно приватизацијата и затворањето на фирмите и фабриките поради кои моите родители од прекрасни работни места паднаа на статус кво. Останаа без работа и се претворија во именуваните „стечајци“. По долги недели, месеци и години, се снаоѓаа и наоѓаа работа. Денес работат за помалце од минимална плата. Мајка ми зeма некоја си платичка, додека татко ми работи цел ден за несигурна, односно не фиксна заработка. Не кажувам колку зeмаат, затоа што така само ќе се срамам себе си, државната власт и општо, внатрешната ситуација на Република Македонија.Од моите најстари членови на семејството, само дедо ми зима пензија. Значи, ние сме 6 члена во семејството, а финансиски се способни само тројца, од кои најголем придонес е пензијата. Животот е тежок, но денес е потежок од порано. Велите дека: „Знаењето е моќ, знаењето е сила“, а јас поради фактот моите родители да не ги вовлечам во долгови морав да го оставам факултетот, а местото го остапив на мојата сестра близначка. Жените не можат да работат физичка работа, затоа таа нека учи, а јас тргнав во потрага по работа. Барав, барам и се уште ќе барам, но никаде нема сигурна работа, ниту пријава, ниту дневница, ниту месечна плата и милион други заебанции. Ги гледам партиските полтрони од кои повеќето неписмени се вработиле, први се на факултетските листи за ваучери и многу други грешно завземени места. Украдени работни места и награди кои треба да паднат во рацете на вистинските личности, а не на тие што имаат партиска книшка, делат флаери, лепат плакати, седат по цел ден во штабови, носат кафиња и купуваат цигари на претпоставените, кординираат по средношколските и студентски класови, вршат злосторства и слични партиски активности. Знам, и јас бев едно време член на партија. Моментално не студирам, ниту сум вработен, односно работам за една интернет страница која нема спознор, а јас не добивам плата. Нешто хуманитарно, демек доброволно.
Додека ти премиере носиш скапи одела, јас не можам да си купам едни обични евтини фармерки. Додека ти премиере седиш на својот најнов Iphone, јас не можам да го однесам компјутерот на сервис, а далеку од тоа да купам нова графичка картичка или нов компјутер. Додека ти премиере го спортуваш секој спорт, ја се одлучив за скејтборд затоа што немам пари за велосипед, ролери или нешто слично (всушност за една даска за возење собирам цел месец пари неизлегувајќи од дома или намалувајќи ги финансиите за забава, односно не се забавувам воопшто). Додека ти премиере правиш реклами за колку е убава Македонија, јас летото и зимата ги поминувам во огромна досада во мојот град, Скопје. Додека ти премиере велиш дека ова парче земја е убаво за живеење, моето семејство е болно и е во процес на изумирање, а нема пари да отиде на лекарски преглед. Додека ти премиере шеташ секаде, јас дали ќе успеам еднаш во 2 месеци да посетам некоја биртија, да се напијам од наевтиното пиво во градот. Додека ти премиере возиш и те возат во најубавите автомобили, јас, а ниту моите немаат средства да ми платат часови да полагам за возачка дозвола. Немам минимум по 100 денари дневно определени за автобус, затоа најчесто се шверцам. Додека ти премиере некогаш тагуваш по нешто што си го изгубил или по нешто што сакаш да го добиеш, мене очите ми се насолзени со солзи полни нервоза и огорченост затоа што не сум сигурен дали ќе ја преживеам егзистенцијата, но се обидувам да не капне ниту една моја солза. Не можам да размислувам за иднината, за утре или задутре, ниту за жена, деца и нешто слично во склоп на мојата судбина. Додека ти премиере си гостин на секоја манифестација, јас немам пари да купам карта за во кино или театар, да не зборувам за некоја журка. Додека ти пиеш скапи и густи сокови и виски, јас пијам сок на растворање и ракија, или некои евтино вино. Додека ти премиере имаш се, народот нема ништо... Единствен излез ми е криминалот или бегство во странство. Не викам дека и двете опции не сум ги искористил или дека нема да ги искористам. Кога ќе се запрашаш „Зошто има голем раст на криминалот?“ и „Зошто младите често бегаат во странство?“ те молам прочитај го писмово повторно. Јас не сакам да се занимавам со криминал, затоа во најбрзо време и јас ќе бидам дел од младината која ја бара убавината надвор од оваа одвратна татковина, надевајќи се ќе го најдам успехот таму некаде. Не сакам психичките, физичките, моралните и финансиски проблеми да ги решам со самоубиство, тоа е за слабите луѓе.Ова го пишувам затоа што не можам да пуштам игра на мојот компјутер, немам пари да излезам и да се забавувам, не ми се спие поради длабоки нервози, болни мисли и многу одлуки кои живеат во мојата глава, поради тоа што сум во кафез во кој ме затворивте вие и вашите претходници. Додека го пишувам и читам истово се чувствувам грозно, уплашено и разочарано. Јас не сум против вас, ниту против опозицијата. Јас сум против морбидната реалност која не сакате да ја промените. И дали ќе гласам? – Не! Денес гласам за мојот живот и за моите реформи. Ќе гласам за подобра иднина, тогаш кога навистина ќе имам прилика и партија со водич кој ќе не однесе на правилниот пат, во убавините. До тогаш се надевам ќе бидам жив, а воедно среќен и здрав заедно со моето семејство. Можеби, но не верувам.. Повреден сум, а болката се повеќе расте. Денес е 8-ми март, а јас не можам да си дозволам да им купам и подарам нешто на женските индивидуи во моето семејството. Можам само да им речам: „Среќен 8-ми март, ве сакам...“ Благодарам за животниот Титаник. Се гледаме на дното, некогаш...
 
Седнав на едно од последните седишта во автобусот полн со околу 40тина луѓе. На чевлите заприметив малку земја, но ништо страшно, времето беше влажно и по малку врнежливо. Поради големата колона на возила, најпосле успеа да се пробие реизот(по старски) и да продолжи да се движи со леснотија низ улиците кои водеа кон градот. Низ прозорецот гледам народ и размислувам во себе: Го гледаш човекон што вози од десна страна точак? Некогаш се родил, некогаш ќе замине. Ја гледаш бабата која го стегнала силно за рака две-годишното внуче? Некогаш и таа се родила, некогаш и таа ќе замине. Го гледаш човекот што поткопува нешто по нивата, го гледаш човекот што пие пиво пред продавницата, човекот што брзо ја преминува улицата, човекот кој чека на постојка, човекот кој се враќа од пазар, двајцата чоеци во автобусот кои разговараат за постоењето на задгробен живот, жената со средената фризура и силна шминка, жената која фрла ќеси со ѓубре, детето кое се распуцува со топка по гаражите, детето кое љубопитно набљудува од балконот наоколу.........ти текнува на мудрите луѓе кои си ги сретнал и допрва ќе ги среќаваш, на докторите на науки оние плодните со дела и зборови, на начитаните, на арогантните, на глупавите и оние кои не му ја мислат за ништо, на занимливите кајганџии, на оние кои слушаат иста музика како тебе, кои сакаат исти филмови, различни филмови, кои размислуваат различно....
Сите тие се родиле.....сите тие ќе умрат. Кој порано кој подоцна. Светот би бил побезболно место за живот кога редот на старите секогаш без ниту една отстапка би бил пред редот на младите. Ти стари го запази редот, од таа далечна 34-та па се до оваа 2013-та си претерал многу работи, од почеток на светска војна, до почеток на граѓанска војна во Грција, до првото слетување на Месечината, до појавата на Дорси, Битлси, Пинк Флојд, до атентатот над Кенеди, до животот во Југославија и нејзиниот распад, многу светски првенства во фудбал меѓу кое и она 98-ма кое двајцата го гледавме, до бистрењето политики во паркот кој е познат како прилепско собрание, до читање весници од памти век и решавање крстословки едно од твоите хобија, до моето раѓање и прослава за првиот внук и така натаму. Пред некое време со внимание ме слушаше за сложеноста на универзумот, за тоа како нашата планета се движи, за останатите планети и небесни тела, за животот на земјата, флора, фауна и многу други прашања кои човек на твои години не би се замарал да ги расчепка.
Те слушав и јас за твојата животна приказна и маките низ кои си поминал во таа посрана Грција и твоето бегање во родната земја Македонија. Рековме книга че пишуваме, заедно, двајцата, врз основа на снимените зборови во моево телефонче...........не можеш да го исполниш ветувањето, не можеш да ги чуеш и видиш напишаните зборови повеќе, не можеш да го продолжиш раскажувањето од местото каде што застана.Твојата обврска сега постана и моја, но не ми е мака за зголемената работа, колку што ми е мака за реалноста која те спречи да ја дочекаш и оцениш работата на твојот внук. Почивај во мир , се надевам се гледаме некогаш таму горе некаде низ измешаноста и сложеноста на целиот универзум.
 
Драга Кајгано...

Сиво небо над мојот град.
Сите брзаат некаде...
Некој кон својот дом,друг кон својот љубен...
Насмевки на сите лица.
А јас?Јас кројам планови...
Планови за иднината..
Планови кои ке ми го сменат животот.
Сакам промени.
Само да се убави...
А лоши?не се добредојдени.
Сакам и кога... ветрот ми ја гали косата.
Мирисот на штотоку испечен леб изваден од некоја фурна...
Црцорењето на птици...
Ја сакам природата.
И животните...
Кучешкото лаење ми е предвесник на некоја случка.
Мјаукањето на мачката дека сака игра...
А јас...?
Со задоволство уживам во тоа.
 
Кајганче!
Интересна вечер, онаа синоќешната.А уште поинтересно претпладне, ова денешново.
Дупса-дупса има на плоштад.Вечерва ќе биде гз преку глава во центар, мајке ми.
Баш затоа ќе се обидам некако да избегам од цела таа џева, на некое место каде што ќе бидам раат и ќе уживам.
 
ДК

Денеска некако денов ми е доста посебен насабајле станав вака и така си се опуштив со еден туш си средив се избричив и сега сум како бебешко газе :pos: Со точакот додека стигнам на работа вртев од кај центар бидејќи морав денеска да го украдам сонцево кое ме наполни со енергија :love: Си дојдов на работа кафенцето ресаната до мене добрата музика :cool: и кога го видов ова се прснав од смеење :pos:269141_342068102579801_789288060_n.jpg

И така после пак ќе дојдам тука ДК да пишам и друго :icon_mrgr: ако има нешто интересно ...
 
Драга,
Држава во која има поставено повеќе камери на полтички митинзи и активности од колку на терените на најсилната фудбалска лига на истата не е држава.
И уште: комбинација на образувана жена и необразуван маж е можна, меѓутоа ако тоа е обратно тогаш е погубно.
 
10 автобуси преполни и 20 комбиња пред пола саат влегоа у Скопје и секако сите одат на митинг;)

За 500че ќе пропушат и пенис жими се



Детево е must see :D


за собраните лајкови ќе биде заслужна Идеално Лоша XD
 
Тргај ми се од патот кучко и шо ме куров боли ако се оженил да не сака девер да му бидам :icon_lol:, ајде бегај таму :icon_lol:.

Што ако бурата заврши а не те видам....

 
born under the bad sign кајги
ум немам во глава за ова апсолвентскава, колку песимистички гледам на тоа абе у пм
сакав да одам на таа ексурзијата таа ама се нема паричка.
иначе ова чајот од шумско овошје е жив промашај
нека заврши срањево од апсолвентска и да почнам да штедам за ајрон мејден :vozbud:
гледам некој стигнал до картите :)
 
10 автобуси преполни и 20 комбиња пред пола саат влегоа у Скопје и секако сите одат на митинг;)

За 500че ќе пропушат и пенис жими се



Детево е must see :D


за собраните лајкови ќе биде заслужна Идеално Лоша XD

Ако некој знае рецепт за вакво нека ми пише по ПП. :D
 
Treto poluvreme gledam.
Mnogu polos se cini filmov po vtor pat.
 
Драга кајгана... ехеее од кога не сум пишал овде. Инаку ја арен, се` по старо. И тоа. Ај чао сеа, до не знам кога.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom