Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драгаааааааааа возев колааааааааааааа :vozbud:
Океј, секој вози кола и не е нешо вау да возиш кола, ама со оглед на тоа дека ми беше 2 пат у жиот...Првиот пат имав 9-10 години и колата ми напраи трт трт и си подрипна малце и тогаш решив дека не е кола за мене. Ама, АМА, очигледно сум можела :D
Вчера возев... wiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii :vozbud:
Имаше момент кај шо наместо кумплуг до крај стиснав на гас малце поише, ама добро е шо имам одличен професор па не ми ја залепи една :D :love:
Како и да е - чувството е некако топ. Сакам пак :D
Особено е интересно коа идеш у рикверц па глеаш у ретровизор wiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii

и така :giggle:
 
Драга, ме пресмеа сликава....не бе не, вевчанци немет гајле:pos:
Ќе гледам вести после на Шител да видам дали ќе кажат нешто:X3:

EMI_9374.jpg
 
Драга..
Една од списокот на желби, концерт на Колдплеј. Само нека ги донесат негде у близина ќе пафтам во прв ред мајке ми :icon_lol: Денес си мотам плејлиста од нив, убаво ми е на душичката де.

 
Драга Кајгана...

... денеска по две години и четири месеци згасна животот на мојата рипка Пепи. Причина: Природна смрт. Останува запаметен на листата на моите верни миленичиња кои долго биле со мене: Рипките Немо и Дамјан, морските прасиња Снуфи, Снуфи 2 и Белчо, а се надевам дека уште долго време на таа листа нема да се најде и мачката Бренди.

Пепи - Gone but not forgotten. R.I.P :(
 
Драга
Неможам да му објаснам на татко ми дека имам милион други обврски и дека неможам да му изигравам домаќинка по дома секој ден......никако да сфати човекот па мака ми е веќе. Мора да почнам да учам ме чекаат два усни испити, кога ќе помине тоа многу работи ќе си дојдат на свое место. На 31 Ниш, на 2ри можеби Истанбул , викам јас дека ќе скитам цела година. Ај нека биде вака релаксирано и понатаму како што беше денес ќе бидам најсреќна. А сега малку моето расположение и тука...:pipi:

 
Кајги,
што убаво ме изненади другарка ми денес.
Предроденденски подарок, книга од Кундера.:X3:
Ме познава одлично.:pipi:
Конечно, овие неколку дена ми поминаа мирно, без никакви драми.
Редно беше.
Туку, не сакајќи на нет ја најдов Беверли Хилс, сите сезони, ама старата серија.:rolleyes:
Ме вратија во детство.
Ај една песна во контекст на муабетов.:D
 
Дојде и тој ден. Од денес, во наредните две недели очекувам да станам ТАТКО :vozbud:
Те интересира какво е чувството? - Појма немам !
Сега знам како се чувствуваат жените во ПМС !
 
Денеска тркнав до кај дедо ми. Го пуштив телефонот да снима, а овој почна да раскажува за почетокот на граѓанската војна во Грција и бегањето преку граница. Кои страшни и морбидни случки. Ги носиш козињата да пасат трева на ридот, а по пат си гледаш мртви лешови со растурен мозок. Веднаш наспроти ридот, поставени два топа кои испукуваат ,,кога" ќе им текне. Па ориентација според старата финта, ако слушаш да свири топчето значи дека оди некаде подалеку од тебе. Ако слушаш истото да шушти, ја еба утката на летање. И така бауууууф, земја врз тебе, спасуваш жива глава. Па на врата ти иди командирот и ти кажува дека на ритчето, татко ти, партизанот, го погодил куршум во главата(оние со распрскување после влезот) и дека треба да потпишиш, или истиот да остани таму на местото кај загинатите , за да се рачуна за партизан и да му биде изграден споменик, или пак да го вратат и на гробишта да си го закопаш ко ништо да не било. И по некое време ти кажува некој дека го гледа таму лешот без една рака и нога, чунки волците наминале да се нахранат. И после идат двајца партизани кои не јаделе леб два дена , им ја даваш ужината додека грчки војници си го гледаат настанот.
Па ти идат војниците грчки кои се тепале со партизаните и ти викаат-Абе кај ти е лебот.
Ти лажиш -Го изедов.
-Толку од посабајле го мавна лебот?
-Ами гладен бев.
-Абе овој лажи, дај да го стреламе. Па ти местат пушка покрај рамо и пукаат.
-Ејјјјјј го промаршив мамата негова, (си играат курташлак со тебе, додека ти мочаш низ цревото од страв).
И после чотек рс рс, во бесознание едно добри 12 часа. Па си одиш дома ко црн дома препраен каде те лекуваат со кромиди и кожа од јариња. На чколија ти се отпушта збор на македонски, па учителот ти примавува уште малку чотече пошто тоа било цигански јазик. Па секој ден си прелетуваат авиони над селото и си фрлаат по некоја гранатичка онака од мерак, додека молчиш стуткан во бункерите кои се правеле на три-четири куќи по еден. Излегуваш надвор и гледаш добитокот распарчен, си ја гледаш симпатијата со цревата изваени.
И така.............сниманово планирам да го напишам во книга. Но муабетов ми беше сосема трет, додека младинава наша кука и пишти како тоа животот и бил тежок оти љубениот им се скарал или си фатил нова џенска, или како тоа ја оставиле другарките и ја рани депресијата во себе, или како тоа не се издржувало бидејќи ништо не се одвивало по планот, или како тоа не направиле семинарска или им биле слаби резултатите па болни легнале, некој навистина имал ,,прекрасен"живот во едно друго време, кога соседиве наши извршувале геноциди со македонците на тие простори. Ај батали доста е...
 
Драга некад музикава стварно прави да отпатувам со мислите и да се релаксирам ненормално..... а и помага за момент да се заборават проблемите кој ги има премногу..... еве на пример нешто безвременска песна.... :D се надевам ти се допаѓа....
 
Нема ништо потажно од тоа колегите со кои си дипломирал а сте делеле заеднички соништа и планови за иднината да си ги видиш како работат во бутици, кафичи или мијат чаши во некоја кафана, само поради тоа што немаат партиска книшка а на нивно место работат почитувачите на ликот и делото на папата и пастирот.

Мојата чудесна земја Македонија:(
 
Сакам да се утепа од врнење деновиве, а ја да седам дома со отворен прозор и да не мрдам.
У позадина smooth jazz за да ме опушти.
Damn, да бев пучаш, цигара ептен јако ќе се вклопеше у атмосферата.
 
Драга Кајгана,

Брејс јорселф, Балашевиќ доаѓа пак у Скопје, ќе фрчат статуси по ФБ и јутјуб линкови од негови песни.
Инаку ја, ОК, онака, се досадувам пред компјутер.

Ај да ти пуштам едно песниче да поскокаш малку
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom