Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Еве за тебе и Пума една нумера, да ви дојде памет :D

Ама F златна, у Македонијава не се седи, не се издржува, нема живот, а друг јазик посовршено да го знам од англискиов неам, и ако не у енглески земји да се селам, каде да се селам?
 
Драга вечерва сум си поминала незаборавно,бев на свршувачка кај една од моите најдобри другарки.Моменти Драга,кога ќе сватиш дека си ги сакаш другарките како сестри а јас ја имав таа среќа и сите момчиња на моите другарки да ми се погодени па сите сме како една голема фамилија.Ми се полни срцето Драга кога сум меѓу свои луѓе и се чувствувам сакана и почитувана,се би направила за нив и тогаш доаѓа моментот кога ти станува јасно дека нема ништо поубаво во животот од пријателствата и љубовта.
 
Ама F златна, у Македонијава не се седи, не се издржува, нема живот, а друг јазик посовршено да го знам од англискиов неам, и ако не у енглески земји да се селам, каде да се селам?

Биди малку авантурист... во Бангладеш.
 
Драга...
Што се случува со денешните деца?! Јас сум многу старомодна или што? Абе никако не можам дел од нив (нас) да ги сфатам. Тоа изгледа дека малце шетам и малце се дружам со луѓе. Ама и поарно е така најверојатно.
Како може бе на 16 години приоритет да ти биде да ја изгубиш невиноста?! И тоа со мувач, шмекер или како и да е.. ама така си поголема фраерка. Главна си меѓу другарките коа ќе кажеш имав секс за една вечер, ама може ќе си продолжиме така, friends with benefits и тако даље. За неа важи она no emotions, no relationships, just sex - мото и е. Па уште поголема фраерка те прави тоа што пред две недели дечкото го знаеше само на фаца, а сега почнавте и по некој муабет да разменувате. Он чисто ради сексот со неа, а она приглупа, наивна... Како да и кажам дека греши, како да и објаснам??? Неможам. Факт. Доста е дечково да и каже ајде да се ебкаме.. ми ајде!
Потоа ќе бараме другарката да му каже на дечко и да купи тест за бременост, апчиња и слично ама да не кажува за кој се. Да, секако дека нема да каже. Ти и веруваш? Па затоа и до овде стигна! Секако она веќе искусна ти кажува како треба со апчињата и тестовите за бременост. И друг пат обавезно кондоми, ако тебе ти е срам да си купиш, дечко и ќе купи повеќе па она ќе ти ги даде половина. И на гинеколог да одиш! И види дали ти се плодни или неплодни денови!
Добро знаат ли воопшто они како се останува бремена. Јас мислам дека не. Ама ако, ваљда интересни им се овие работи. Искуство плус бе! Ама ако испадне позитивен тест, биче занимљиво. Е тогаш да видам што
ќе прави!
Не е лошо мила да се информираш за вакви работи пред да почнеш да ги применуваш!
А врв на се е, кога ќе ја фатиш во тесно и ти вика, не е за мене, за другарка е! Молам?! Секако, да. Не сум и јас глупа иначе. На другарка 1 и се жали лелел страв ми е, што ќе правам, купи ми ова, купи ми она... А изговоров абе на другарка 1 и реков дека е за мене, зошто другарка 2 ми рече на никој да не кажувам. Молчи!Болје!
Ќе кукаш после коа ќе те остави... ама ако, ти треба тоа. За да се спуштиш на земја малце.
 
Ми текна на тебе ама тешко ми беше да те барам и за среќа гледам во последни мислења Везилка ти пишала пред 9 минути и така...
Што да ти распраам брат ми се спие :X3: Ама само што ќе легнам и мозоков мора да ме потсети на секој момент кога сум се избрукал :mad:
Тоа е друже, минатото неможе да се смени затоа еве поздрав до мојот мозок
url
 
Пффф Америка... Таму само пумата може да отиде.

Ма јок, многу не има и баш ми е убаво со нашинциве кога ќе се најдеме некаде :)


ОН: Кајги, добив унапредување :) Следната недела ми е тренингот :) Yeiiii :D
 
Драга Кајгана Многу ми е жешко а и тешко , а треба денес да зачистам малце по куќа се спремам за генерално :( а мене ме мрзи од жештиниве дамла ме фаќа ....:sleep:
 
Кајги конечно сум слободен, летото официјално го почнувам од денеска, и ќе го терам до октомври, не се грижам за ништо повеќе, збирам пари за летниве активности и планови, се надевам дека за првпат ќе ми се остварат, време имам,слобода,а и нешто и и интерес.
се читаме подоцна
 
Ако не ја чешлаш косата како нив одма си педер :pos: дегенски народ боооооо кај тука ме плукнале :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom