Драга...
Што се случува со денешните деца?! Јас сум многу старомодна или што? Абе никако не можам дел од нив (нас) да ги сфатам. Тоа изгледа дека малце шетам и малце се дружам со луѓе. Ама и поарно е така најверојатно.
Како може бе на 16 години приоритет да ти биде да ја изгубиш невиноста?! И тоа со мувач, шмекер или како и да е.. ама така си поголема фраерка. Главна си меѓу другарките коа ќе кажеш имав секс за една вечер, ама може ќе си продолжиме така, friends with benefits и тако даље. За неа важи она no emotions, no relationships, just sex - мото и е. Па уште поголема фраерка те прави тоа што пред две недели дечкото го знаеше само на фаца, а сега почнавте и по некој муабет да разменувате. Он чисто ради сексот со неа, а она приглупа, наивна... Како да и кажам дека греши, како да и објаснам??? Неможам. Факт. Доста е дечково да и каже ајде да се ебкаме.. ми ајде!
Потоа ќе бараме другарката да му каже на дечко и да купи тест за бременост, апчиња и слично ама да не кажува за кој се. Да, секако дека нема да каже. Ти и веруваш? Па затоа и до овде стигна! Секако она веќе искусна ти кажува како треба со апчињата и тестовите за бременост. И друг пат обавезно кондоми, ако тебе ти е срам да си купиш, дечко и ќе купи повеќе па она ќе ти ги даде половина. И на гинеколог да одиш! И види дали ти се плодни или неплодни денови!
Добро знаат ли воопшто они како се останува бремена. Јас мислам дека не. Ама ако, ваљда интересни им се овие работи. Искуство плус бе! Ама ако испадне позитивен тест, биче занимљиво. Е тогаш да видам што
ќе прави!
Не е лошо мила да се информираш за вакви работи пред да почнеш да ги применуваш!
А врв на се е, кога ќе ја фатиш во тесно и ти вика, не е за мене, за другарка е! Молам?! Секако, да. Не сум и јас глупа иначе. На другарка 1 и се жали лелел страв ми е, што ќе правам, купи ми ова, купи ми она... А изговоров абе на другарка 1 и реков дека е за мене, зошто другарка 2 ми рече на никој да не кажувам. Молчи!Болје!
Ќе кукаш после коа ќе те остави... ама ако, ти треба тоа. За да се спуштиш на земја малце.