Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
И така драга ти стануваш денескааа задоволен, затоа што од вчера си го испланирам цел ден се пополеку да си прочиташ за колоквиумот во среда, се уклучуваш на фејсбук и читаш дека УТРЕ ПОЛАГАШ ПРАКТИЧЕН ДЕЛ !!!

Добро бе малку осет во 5 до 12 се кажува деека се полага?!
И сега?
Полагаш 3 дена едно по друго, ПРЕКРАСНО !!!

Ти се плукнам у факултетот !!!!!!
 
Драгаааааааа,
Преубавии денови поминати во Италија..
Каква само плажа има во Лидо боли глава еј, не сакав да заминам од тука..
Али се што е убаво кратко трае..
Фиренца човече, колку само црнци имаше мислиш дека не се наоѓаш во Италија..
Уште ми е во памет еден што ни дрдореше, вика нема пара, нема музика јебига :pos:.
Една пица и со другари по третина и две пива 22,5 евра..
Па тука бе со тие пари се најадувам до максимум и се правам даска.
Чак што више наплатуваат и услуга што им седнуваш во ресторан..
Да дојдат кај нас они би биле запрепастени од цените..
Али се занемарува тоа, сепак Италија е тоа :).
Сума сумарум, перфекет помин со лудо друштво и луди професорки. :D
 
Кајги,
Најтешко е кога ќе дознаеш дека си живеел во лаги, кога пола пат си го поминал, и незнаеш што да правиш, како да продолжиш. Кога ќе снемаш доверба во некого, тешко дека некогаш ќе ја вратиш. Во тие моменти ти иде се да вратиш назад, и никогаш да не ги направиш истите грешки што си ги направил. Многу е тешко кога си мислел дека живееш во розов свет, но потоа се враќаш во реалноста, и секој ден ти е се потежок и потежок.
 
што правиш кога си лудо заљубен, изгледа ништо сем што постојано мислиш на неа :love:
 
Драга Кајгана,

Пред да дојдам на брод мислев дека ќе имам време да модерирам по форумов, ама испаѓа дека имам само од време на време да ѕирнам набрзинка темата за работа на брод и да пишам тука.

Енивејз, поминаа месец и нешто денови на брод. Имаш апс, даунс, пак апс, пак даунс... Ја видов статуата на слободата и ја фотографирав, еднаш во магла, и еднаш со сонце и со туристи на бродот и статуата во позадина.
Единствен бед е што тука се работат многу саати на Дизни Меџик.
На доаѓање кон Њу Јорк имавме два дена со подготовки за Њу Јорк така да имавме малку време и за журкање. Додуша една вечер ја напраивме голема, до 2 саат у кру бар и после до три у кабина кај еден другар, значи не сум изгубил од журкаџискиот дух :)))
 
Регистрирајте се потребни сте и на еМакедонија во виртуелната игра еРепублик каде што секој мози да го оствари својот сон.Може да биде новинар,политичар па дури и војник.
http://www.erepublik.com/en/referrer/KarateMK
--- надополнето: 28 мај 2012 во 18:48 ---
Регистрирајте се потребни сте и на еМакедонија во виртуелната игра еРепублик каде што секој мози да го оствари својот сон.Може да биде новинар,политичар па дури и војник.
http://www.erepublik.com/en/referrer/KarateMK
Моментално сме во војна со еГрција и еАлбанија бидете вие тие кои што ќе и помогнат на еМакедонија !!
 
Кајганче!
Не знам што е со мене периодов.. ама немам нити сила нити воља, за ништо.
Се терам да учам со сила, колку да не биде за џабе потрошено време.. На зумба денес за малку ќе колабирав, тешки главоболки а богами уште потешки и пострашни сонови..
Се молам неделава што побрзо да отиде во неповрат, а тек е понеделник:oops: .
 
Драга,

Какви се тие посебни луѓе? Гледам секој ден некој се самопрогласува за посебен, поинаков. Онака физички гледано: јаде, пие, дише, спие, кака - истото го прават и другите, или овај уникалниот има некоја привилегија?
Доста ми е од тие посебни „човеци’’ , све би дал да запознам некој обичен човек...
Ајт.
 
Немам каде да пишам, а тежина еден куп...
Морам барем овие прекрасни стихови да ги пишам тука... За сама себе и за никој друг, зошто преку глава ми е од други...

А мојот живот игри без граници, уморна приказна, скинати страници, празни не испишани...
А мојот живот е вечно паѓање, се да се собере пораз ќе остане...
 
Помина и матурската драга. Беше интересно, не велам не, ама не беше нешто посебно. Џабе толку галама. Т.е да имаше нешто посебно. Цели 12 саата со турбо фолк музика, сите песни сум ги научила. Ха!
ајде поздрав
the same. :D
 
Кајгана, јас сум среќна. Необјасниво е како работите совршено се местат, се поклопуваат, се совпаѓаат, си следуваат...
Среќни се и луѓето околу мене. Направив неколку ситници кои ги направија да бидат.
Толерантноста ми е бескрајна. Се обожавам поради тоа, колку и да им личи на луѓето дека можеби не сфаќам...ама јас само ги толерирам нивните дејствија. Не знаат дека всушност, се знам. Само ги оставам на мир. Оти, најпосле го најдов мирот.Мојот. Нека го имаат и тие...или барем да не им го уништам јас.
Еден саат на една прекрасна фонтана, со шумолењето на водата, полусонот додека за мене не постоеше ниту најмал звук од џагорот наоколу, мирисот на сонцето и ветерот кој ме изненадуваше со капки на лицето....Ми дадоа верба дека и кога ништо не се случува, светот е совршен. Јас се вклопувам со него. Иако сите околу мене ме сметаат за исклучок. Нивен исклучок. А не знаат дека тоа го прават само затоа што ги сакам.
 
Драга, ми се скрши штиклата пред симпатијата. Се осеќам како да се вратив во минатото кога бев млада. Отвори се земјо г'тни ме. хаха, имаше една таква страна во Наш Свет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom