Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга драга
Посебно е чувството кога ќе се најдам прв на ранг листа без да го делам местото со никого! :D
Воглавно прекрасен ден, се надевам дека така ќе продолжи и утре!
 
Драга,
Една година и некој ден покасно, сакам да се заблагодарам на сите знајни и незнајни херои што ми помогнаа да преживеам.
Лесно не беше, уште не е и веројатно никогаш нема да биде. C'est la vie, ma chérie.
Како што веќе утврдивме од поп-психолошките книги, секој од нас има своја војна. Среќна сум што во мојата војна не бев и не сум сама.
Н.
Пи-Ес: Драги дечиња што ќе го прочитате ова, отварајте почесто тука. Знаете како викаат енглезите, the more, the merrier.:love:
 
оди си досаден животи оди си не те сакам :pos: европејски воспитан,живее у балканско срање,исто како да пуштиш ајкула во мал аквариум.


изглеа хоби ми стана да се жалам и да кенкам по цел ден.....шта се мени тиче :гомце:
 
Кајгич,
5 години од матура. Помин: пијано.
Лаки станал бизнисмен, Трпе оди в Америка. Сакав цела вечер да ја залапам партнерката од средно. Многу е убава. Заш не ја залапав? Будала.
 
Кајганче!
Време е да загреам тоа столчето, испити се ближат ја си читкам лабаво ама за некој ден ќе почнам да хистеришам по дома.. Сама си го барам еј :)
Вчера се собравме маалско друштво, преубаво беше.Евоцирање спомени од детство, муабети за тоа кој до каде стигнал, споделување на амбициите.. прекрасно :)Камо да се собиравме вака почесто...
Ама тоа е животот, не знаеш по кој пат ќе те одведе, што ќе ти донесе, а што ќе задржи..
Се гасам пред да почнам да мавам тешки филозофии, книгата од прееска ми намигнува да ја легнам на кревет ^_^
 
Човече кој будали ги има на форумов ццц.. Ок и јас имам испади али кога се работи за сериозни муабети, чувај леџа и нерви.
Али интересно е, прашуваш една работа без провокации туку со иронија спрема некој си таму писател на книга и оп одма ти скока некој пациент и те нарекува не образован, бугар, србин, татар, грк и што ти знам јас таму. Чим е видовит ќе бидам по активен на форумов за да ми ја претскажи иднината.
 
Десет години од матура па и костум ставил, матура матура а му викам каде на факултет после :icon_lol:. Еј два три пати рече што се дава алкохол, на дел од тој коментар мислеше на мене да беше друга манифестација поинаку имаше да се објаснев поради тоа непочитување, а вака само со другарчето си подадоа рака а нејќеше да пушти рака ама вториот поубедливи бевме :icon_lol:. Еј матура 10 години кај ќе се собреме ние не може а и кој не е тука црната земја коските им ги јаде кој....
Еј Д. го видов некни само здраво здраво да не треба да се избациме у пичку мајчину, еј мило ми е што те видов да не те видев подобро ќе беше, после десет метра разминување истовремно се свртивме да се видиме уште еднаш мило ми е што те видов брате и мене како си заебано исто и јас....

Ја затвориле вратата заборавив денеска Сабота не работи државна институција, на Ж. му викам што сте ја затвориле вратата да не можи човек дз се измоча :pos::pos::pos::pos::pos:, па ми вика овај другиот главен е тука :pos::pos::pos::pos::pos:, одма се изваде :icon_lol:...

Славете годишнина од матура куров ме заболе, и за тебе да ти ебам тоа филмот на повисока вредност куров ми разбираш на мал прст те носам не знаеш со кого си имаш работа, само за настанот и за братучед ми ми е и затоа си ја чував устата затворена да помине се без проблеми. И ти мори не ме познаваш а ме знаеш и без облека а сега не ме познаваш здраво едно не мора... Ајде помина се без проблеми :icon_lol:....

 
Многу е лошо кога после 6 прекрасни денови треба да се вратиш во реалноста. 6 дена кои никогаш нема да ги заборавам, со луѓе кои цел живот ќе ги паметам. Плачев во автобусот од мака, се убив од плачење... Каков живот...
Немам зборови да опишам како се осеќав овие 6 дена. Ова е точно тоа што ми требаше....
 
Леле драга каква ноќ.
Бев на матурска кај една другарка ама многу ми беше досадно и си седев цела вечер, си пиев бело вино. И таман да станам од столот - не бива. Хах, среќа што надвор врнеше. Колку добро ми дојде одењето пешки до дома по дождот. Абе како нова.
Штета што до сега читав за ЕУ и ООН, ама кога се мора, се мора.
Не ми се спие, ама морам да си легнам.
Лека ноќ, еве ти една приспивна
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom