Драга,
Обично не сум голем љубител на делење васпитни, ама кога некој цел ден ќе ми се жали дека му било многу тешко пошто имал температура 37.2 едноставно не можам да одолеам, ме чешка, ме скокотка рачето за bitch slap. Се подзабораваат луѓево и почнуваат да изводат бесни глисти. Особено оние распрдените.
Утре ќе бидам рок ѕвезда. Најзабавен дел од вторниците ми е една сестра што е убедена дека знам германски, секој вторник ми става канила и додека ја става си прави монолог и ме гледа радосно, на што јас и одговарам со "ја, ја" и дебилен осмех (што воедно не може да го види пошто е под Darth Vader маска). 100% си мисли дека сум или тежок мрчатор или со некој поремечај

Иначе, на сите им реков дека ќе спијам, but I liiiieeeed!

Сакав да си поседам малце на раат во тишина, ама татко ми реши да биде дружељубив и дојде да ми прави муабет за неонката во кујна и осигурачот на пластиката на лустерот. Од тоа, додуша, стварно ми се приспа. А, и секако одев накај метаморфоза во параноичниот папагал, така да подобро што ми се приспа. Ќе го оставам смислувањето на тестаментот за друга вечер.

Одам сега стварно да спијам. Стварно, тебе не те лажам, жими Елвис!
Ти сакам,
Н.
Едит (скоро пола саат покасно): отиде Елвис
