Кеј,
Ебате резолуција. Имаше ликови овде индиректно навредени од тоа дека на некој се му одело добро? Ќе си кажам отворено, I suck at love. Ама баш сум ужасен во љубовта. Не ми оди на ова поле. И ништо не научив. Ебате резолуции. 1000 пати ебате резолуции. Исто - ебате љубовта. Скоро 30ет години, ќе ми текни ли дека ако досега не ми одело на ова поле, тогаш можеби не сум роден за љубов?
Пред две години, за Божик бев канет кај мојата омилена германка. Регина. Не Реџина Џорџ од Лоши Девојки 2005та. Туку една вистинска прусијка. На оваа жена и беше јасно дека Светот ја мрази Германија како ниедна друга. Растена беше со тој страотен геноциден грев на своите плеќи и идејата дека само белиот човек е злобен и крив. Затоа нејзината живтона цел беше да покажи дека не сите Германци се такви. Не беше сигурна дали ќе останам или ќе се вратам Македонија. Но во случај да се вратам, сакаше по убаво да ги спомнувам. Ме викна во својот дом, свесна дека јас немам со кого да чекам Божик повеќе. За мене чудно, единствениот Ауслендер на маса со ултра Германска Фамилија. Секогаш ќе ме прашаше, што прави љубовта, така убаво момче а сам. Јас не ни одговарав.
Имала 28 години кога решила дека љубовта не е за неа. Сама на 28ум години, во тоа време, доцни 80ти. Цел живот учела и се фокусирала на кариера, претходно имала само едно момче. Нејзината реализација на 28ум била дека повеќе нема да бара, нема да се измачува со оваа тема. Љубовта не е за неа, дека е премногу стара за тоа. Помирена. Заминала да волонтира во дом за бездомници. Таму на 28, го запознала комесарот, кој исто волонтирал. Денес е веќе 30ет години во брак со него. Сакаше да ме утеши валјда. Игнорирав, не сакав да и верувам. Кого лажиме, ебано сакав да и верувам. Но, јас ќе ја расцепам 30етката и уште сум сам. И љубовта не е за мене. Морам да го прифатам ова.
Не сум ни пијан ебате. Не сум ни пијан. Си ветив дека никогаш повеќе нема да се вљубувам.
Очигледно е зар не? Крајот е на my new love interest, вечерва. Погазив и гордост. Пишав. Врати секој пат, во рок од минута. Фејк надеж за мене. Неделава имало работа во биро, а потоа секоја вечер средба со пријателки, пријатели, колеги. Ова е одговорот кој го добив на - кога ќе се видиме неделава. Одговорот требаше да ми кажи дека бирото и пријателите се побитни, убаво директно спакувано. На што прашав дали е тоа се? Не сум од шеќер, подобро кажи, не си мој тип и бришка. Сум преживеал и полошо.
Сега трезен слушам Лана од црика 2009та. Ебате лигушот. Никогаш нема да научам. НЕ. Требаше да игнорирам. Да враќам еднаш во 4 дена. Тогаш е забавно. ТОГАШ Е ЗАБАВНО. Љубовта е за свињи. И за разлика од Регина, јас ќе научам да живеам со ова. Си ветувам. Си ветувам 1000 пати.
За многу луѓе иди спонтано и ја имаат цел живот. Некои дури и неколку пати. Кај други е сложено. Не секој мора да го има тој сегмен во животот, љубовта. Барем јас не.
А имам едно Македонско Вино во шанкот од посленото патување дома. Чувано за добра прилика. Има ли подобра од оваа?! I love you just a little too much. Just a little too much.
А би порадо себе. Јас би порадо да се сакам себе.